Tuesday, April 29, 2014

Термини за полагање испити - постдипломци - јуни 2014

Почитувани постдипломци,
Ви ги проследувам термините за полагање на испитите во јунската испитна сесија.
Прва декада
09.06.2014
Аутизам во 09:00 часот
Медицинска рехабилитација на моторни нарушувања во 12:00 часот.

Втора декада
23.06.2014
Аутизам во 09:00 часот
Медицинска рехабилитација на моторни нарушувања во 12:00 часот.
Ве молам во почетокот на јуни да ми пратите електронска пошта во која декада ќе ги полагате испитите.
Предметен наставник

JSER уште два пати цитиран во странски списанија

Почитувани читатели,
Нашето списание уште два пати е цитирано во странски списанија.
Авторите: M Gebhardt, F Zehner, MGP Hessels - Frontline Learning Research, 2014 во трудот Basic Arithmetical Skills of Students with Learning Disabilities in the Secondary Special Schools: An Exploratory Study covering Fifth to Ninth Grade го автоцитираат трудот: Gebhardt, M., Schwab, S., Krammer, M., & Gasteiger-Klicpera, B. (2012). Achievement and integration of students with special needs (SEN) in the fifth grade. Journal of Special Education and Rehabilitation, 13, 7–19.
Авторот Lakhan R. се автоцитира во трудот: Knowledge, Attitude and Practice Survey Tool for Intellectual Disability (KAP-ID) Nepal Journal of Medical Sciences 2014;3(1):22-25. од Lakhan R. Inclusion of Children with Intellectual and Multiple Disabilities: A Community-Based Rehabilitation Approach, India. Journal of Special Education and Rehabilitation 2013: 14: 79-97.

Главен и одговoрен уредник на ДТП/JSER


Sunday, April 27, 2014

Дванаесетто предавање МОИ - 29.04.2014

Почитувани студенти,
Во вторник на 29 април ќе се одржи претпоследното предавање по Медицински основи на инвалидноста каде ќе стане збор за страбизам и катаракта. Затоа, ви советувам да ги погледнете следните видео клипови.
Предметен наставник











Saturday, April 26, 2014

Мементо пост: Како да напишете добар апстракт

Почитувани колешки и колеги,
Остануваат уште 4 дена онлајн живот на стариот блог, но затоа го архивирав него со помош на студентот Филип Јуртоски кој успеа да најде програм за зачувување на такви содржини. На него јавно му благодарам за потрошеното време и ангажманот. Сега ве навраќам во 2010 година кога објавив како да се напише добар апстракт-вечно актуелна тема.

Posted јануари 14, 2010
Драги колешки и колеги,
Често пати се наоѓате во дилема како да напишете добар апстракт кој ќе биде прифатен на конференција или конгрес и треба да биде објавен во списание или зборник на трудови, или пак зборник на апстракти. Во прилогот ќе можете да најдете решение за таквата состојба.
Главен и одговорен уредник на ДТП/JSER
http://vladotra.blog.mk/files/2010/01/How-to-write-good-abstract-to-be-accepted.pdf
http://vladotra.blog.mk/files/2010/01/How-to-write-good-abstract.pdf

Friday, April 25, 2014

Формирано Македонско здружение за медицински уредници

Почитувани колешки и колеги,
Денес во МАНУ од 10:00 до 18:30 се одржа работилница на тема: „Издавачки интегритет и добри практики во уредувањето“ на која присутвуваа околу 70-тина гости. Главни предавачи беа проф. д-р Елизабет Вагер од Англија и проф. д-р Ана Марушиќ од Хрватска кои говореа за уредување во дигиталното време, уредувачки политика за списанија од научната периферија, како да се поправи рецензирањето, етички прашања во академското публицирање. Домаќин на настанот беше биомедицинското одделение на МАНУ претставени преку акад. Поленаковиќ и акад. Поп Јорданова. Многу ми е драго што една поодамнешна идеја на проф. д-р Дончо Донев и моја денес се реализираше во целост. Од нашите предавачи учество земаа: проф. д-р Дончо Донев, проф. д-р Мирко Спироски, проф. д-р Зоран Здравковски, проф. д-р Дијана Плашевска, проф. д-р Зоран Гучев, проф. д-р Гоце Спасовски, проф. д-р Азис Положани и м-р Ленче Даневска кои главно ги преставија своите списанија или говореа за сциентометријата и авторството и биомедицинските списанија од Македонија, каде што беше споменато за дострелите и успесите на ДТП.
На крајот од работилниците се формираше Македонското здружение за медицински уредници што беше главната придобивка на настанот. Пишувачот на овие редови е еден од членовите и ќе земе учество во комисијата за информации.

Во Извршниот одбор на МЗМУ беа дадени следниве предлози:
Претседател: Акад. Момир Поленаковиќ
Избран иден претседател: Акад. Нада Поп-Јорданова
Заменик претседатели (вкупно тројца, кои ке бидат координатори на трите комисии):
Проф. Азиз Положани, Проф. Мирко Спироски и Проф. Гоце Спасовски
Организациски/ генерален секретар: Проф. Дончо Донев
Благајник: Г-ѓа Силвана Марковска
Архивар/административен секретар: г-ѓа Благица Тренчевска 
За членови на Надзорен одбор беа предложени: Акад. Живко Попов, Проф. Никола Јанкуловски и Г-ѓа Елизабета Колчаковска.
 Во продолжение неколку слики од настанот.
Главен и одговорен уредник на ДТП/JSER



 

Резултати од испитите одржани на 25.04.2014

Почитувани студентки,
Како што ви најавив денес имав обврски во МАНУ и дури пред малку се вратив дома и ви ги проследувам резултатите од испитите одржани утринава. За жал не поминаа трите студентки.
Физиологија со функционална анатомија   индекс 7022/10   21.5 поени   оцена 5
Хумана генетика 2   индекс 21104/08   45.5 поени   оцена 5
Медицински основи на инвалидноста 2   индекс 5264/07   21.5 поени   оцена 5
Повеќе учење следната мајска сесија.
Предметен наставник

Tuesday, April 22, 2014

JSER доби Scientific Journal Impact Factor

Почитувани читатели,
Сакам да ве известам дека списанието Дефектолошка теорија и практика доби Scientific Journal Impact Factor со вредност SJIF 2012 = 3.445. Тоа е уште еден успех за нашите напори вложени во последните пет и половина години. Да нема недоразбирање не е тоа познатиот импакт фактор на Томсон Ројтерс, но и овој си има свое значење во светската периодика.
Главен и одговорен уредник

Sunday, April 20, 2014

Единаесетто предавање МОИ - 22.04.2014

Почитувани студенти,
Во вторник во стандардно време ќе се реализира единаесеттото предавање по предметот Медицински основи на инвалидноста. Ќе ви предавам за пфталмолошки тестови, миопија и хиперметропија. По тој повод ви подготвив неколку видео клипови, кои ако ги погледнете би било убаво.
Среќни Велигденски празници

















Friday, April 18, 2014

Збор-два за трибината во Штип

Почитувани колеги и колешки,
Некако чувствувам потреба да искажам збор-два за завчера одржаната трибина за аутизам во Штип. Пред извесно време ми се јави пријателот Горан Радојев-претседател на Националната асоцијација за аутизам и ме покани да гостувам на трибината посветен на аутизмот, како пред 3 години во мај. И покрај тоа што имам непријатно искуство со администрацијата на УГД која ми остана должна на хонорар од 25.000 денари за одржани предавања и испити по Физиологија на ВЗШ во Штип во 2008 година, без размислување прифатив. Има уште убави луѓе во Штип. Не погрешив, салата во општина Штип беше преполна, нешто над 100 луѓе присутни и желни да чујат нешто ново за аутизмот, родители да најдат надеж за своите деца, колеги доктори и дефектолози желни за научно усовршување. Трибината доцнеше половина час заради доцнењето на Градоначалникот, несвојствено за него, но тој сосема културно се извини. Импонираше неговата желба да помоне на оваа ранлива категорија граѓани, го најави новиот дневен центар во Штип во наредниот период и замислете остана за време на целата моја презентација која траеше 65 минути. Досега моето искуство кажува дека политичарите доаѓаат, поздравуваат, седат 15-20 минути и си одат. Но, господинот Илчо Захариев покажа нов момент дека можело да се биде трпелив и посветен на една ранлива популација. Блазе си му на градот со таков градоначалник. Манифестацијата беше поддржана од локалниот Лајонс клуб „Изгрев„ чиј претседател е токму организаторот и претседател на НАА, кој како татко на дете со аутизам ги поздрави присутните со мошне стручен говор. Покрај него, како гувернер на Лајонс клубот Македонија говореше господинот Небојша Давидовски кој укажа дека тие се секогаш подготвени да помогнат со конретни материјално финансиски средства. Конечно, дојде и мојот ред и зборував на тема: „Аутизмот во Македонија од маргините до центарот на вниманието„. Ако аутизмот во Македонија во 90-тите навистина беше на маргините на општеството заради тоа што имало: l објавено само 2 стручни труда,l бил одржан еден симпозиум во Струга, l постоело едно родителско-професионално здружение за аутизам и ималоl ретки појавувања на стручњаците на ТВ и во печатени медиуми, денес ситуацијата е сосема поинаква. Имено, во последните пет години аутизмот полека но сигурно го зазема централно место кај оние што треба да се грижат повеќе. Денесl постојат 4 здруженија за аутизам;l објавени се 5 стручно-научни трудови за аутизмот,l објавен е еден учебник за аутизам.l МНЗА организатор на три семинари и конференции.l Има учество на членови на МНЗА на конференции во Македонија, Србија, Хрватска.l МНЗА 4 пати го одбележува 2 април меѓународниот ден на аутизмот.l Во 2013 МНЗА со децата со аутизам и нивните родители беа на прием кај Претседателот на РМ.  По повод 2 април веста е пренесена во преку 40 портали. Беше обезбедено присуство на Министерот за труд и социјалн политика на настанот организиран од МНЗА.lОтворен е првиот дневен центар за деца со аутизам.
На крајот следуваше богата 45 минутна дискусија и трибината беше затворена во 22:00 часот.
Во прилог неколку слики од настанот. Повеќе слики овде.
Претседател на МНЗА














Мементо пост: Во Шкрипец – Време е за нас

Драги приајтелки и пријатели,
Малку Мементо музика од 80-тите. Најдобро време за групата „Во Шкрипец„. Го репостирам постот од јануари 2009 (пет години назад).

јануари 2, 2009

Драги мои,
Групата „У Шкрипцу„ навистина беше фантастична на времето. Сега ви го проследувам нивното ремек дело кое не е познато многу на пошироката јавност. Кому му се допаѓа нека праќа ПП. Песната се вика „Време е за нас„. Навистина времето е за нас и „Време е за ново време, Биди слободна, биди дел од мене„.
DJ Vac 


Thursday, April 17, 2014

Мементо пост: Прослава

 Драги пријателки и пријатели,
Се навраќам на прослвата на мојот 39-ти роденден кога студентите ме изненадија пријатно.

ноември 13, 2007
Драги блогери,
Денес бев мошне пријатно изненаден кога на почетокот на часовите од студентите добив торта по повод мојот роденден кој се совпаѓа и со прославата по повод ослободувањето на градот кој најмногу го сакам. Морам да признаам дека до крајот на денот часовите течеа во пријатна и релаксирачка атмосфера во која и јас ги почестив моите студенти.
Овој потег на актуелната втора година од нашиот институт ќе остане долго во моето сеќавање, бидејќи доаѓа во период што е особено тежок за мене. Утре следуваат и фотографии од паузите меѓу часовите.
Драги студенти Ви благодарам за искреното изненадување и за убавите мигови.

Wednesday, April 16, 2014

Аутизмот во Македонија: од маргините до центарот на вниманието

Почитувани колешки и колеги,
„Аутизмот во Македонија: од маргините до центарот на вниманието„ е насловот на моето денешно предавање што ќе го одржам на трибината во Штиш денес со почеток во 19:00 часот. Имено, на покана на Националната Аутизам Асоцијација и нејзиниот претседател господинот Горан Радојев денес во вечерните часови ќе одржам предавање на таа тема. Му благодарам нему за поканата и ги повикувам сите колешки и колеги, родители на деца со аутизам и останати помагатели на лицата со аутистичен спектар на нарушувања да ни се придружат во салата за седници во општина Штип.
Претседател на МНЗА



Tuesday, April 15, 2014

Наш труд цитиран во Journal of Autism and Developmental Disorders

Почитувани колешки и колеги,
Сакам да ве информирам дека нашиот труд: Stankova T, Trajkovski V. Attitudes and opinions of employers, employees and parents about the employment of people with autism in the Republic of Macedonia. Journal of Special Education and Rehabilitation, 11(3–4), 16–29 е цитиран во најдоброто списание кое објавува трудови за аутизам Journal of Autism and Developmental Disorders од авторите S. Baldwin, D. Costley, A. Warren. Employment Activities and Experiences of Adults with High-Functioning Autism and Asperger's Disorder. Ние сме цитирани како референца 27. Импакт факторот за 2012 му е 3.723 што претставува највисок во оваа област. Во продолжение е апстрактот од трудот.
Коавторот

Abstract

There is limited large-scale empirical research into the working lives of adults who have an autism spectrum disorder with no co-occurring intellectual disability. Drawing on data from a national survey, this report describes the employment activities and experiences of 130 adults with Asperger’s Disorder (AD) and high functioning autism (HFA) in Australia. Outcome measures include current occupation; occupational skill level and alignment with educational attainment; type of job contract; hours of work; support received to find work; support received in the workplace; and positive and negative experiences of employment. The findings confirm and expand upon existing evidence that adults with AD and HFA, despite their capacity and willingness to work, face significant disadvantages in the labour market and a lack of understanding and support in employment settings.

Monday, April 14, 2014

Прифатен труд за печатење во Bratislava Medical Journal

Почитувани колешки и колеги,
Сакам да споделам со вас една убава вест за прифатен труд во списанието со фактор на влијание наречено Bratislava Medical Journal. Имено, списанието има фактор на влијание 0.345 за 2012 година. Трудот е прифатен во септември 2013 година, а сега е одредено дека ќе излезе во бројот 1 за 2015 година. Така е во големите списанија има долга листа на чекање.
Се работи за следниот труд:
No. 356/2013
V. Trajkovski, M. Spiroski. DNA typing of HLA-A, -C, -B, and -DRB1 in the children with autism in the Republic of Macedonia.
Во овој труд реплицираме некои наоди за поврзаноста на имуногенетиката со аутизмот со тие на тимот на Waren Reed и соработниците од 90-тите години на минатиот век. Кога ќе излезе од печат ќе биде споделен со пошироката стручна јавност.
Авторот

Мементо пост: Дражен Петровиќ финале Југославија-Грција на Евробаскет, Загреб 1989

Драги мои,
Повторно едно ретро 20 години назад во времето (овој пат во спортот) и потсетување на великанот на европската и светската кошарка. Тоа е Дражен Петровиќ кој заедно со целата таа убиствена генерација на Владе Дивац, Жарко Паспаљ, Стојко Вранковиќ, Тони Кукоч, Дино Раѓа, Данко Цвјетичанин, Зоран Чутура, Јуре Здовц, Предраг Даниловиќ, Зоран Радовиќ  и др. жареа и палеа на шампионатите. На спотот ќе видите како ги газиме Грците со триесетина кошеви разлика. Дечките играа бравурозно и тоа е она време во кое најмногу се палевме на кошарката. Две години подоцна со распадот на СФРЈ згасна и најдобрата генерација во кошарка на сите времиња на овие простори. Дражен кариерата ја продолжува во New Jersey Nets и за жал предвреме ја завршува на 29 годишна возраст заради сообраќајната незгода во Германија каде што трагично го завршува својот живот. Беше тоа бравурозен играч, европскиот Мајкл Џордан, по мене најдобриот кошаркар на бивша Југа на сите времиња. Иако бев „партизановец„ и ги обожував партизановите играчи во тоа време сепак на маестрото мора да му се признае. Изминуват 16 години од неговата трагична смрт. Нека му е вечна слава.
Се сеќавате ли на незаборавното Хеја, хеја Цибоси? 





Мементо пост: 10 причини зошто да студирате дефектологија

Драги мои се навраќаме пет и пол години наназад да видиме зашто младите ученици треба да се запишат на Институт за дефектологија.

август 20, 2008
Овој пост го репостирам, инаку оригинално одеше на 25.07.2008 година, но заради актуелноста со приемите на факултетите уште еднаш сакам да ги потсетам идните бруцоши на важноста на настанот.
 
Драги средношколци, идни бруцоши,
Ви се обраќам вам на пет дена пред уписите во високо образовните институции. Доколку се уште не сте се определиле каде ќе го продолжите вашето школување би сакал да ви предложам 10 причини зошто да го одберете Институтот за дефектологија и професијата дефектолог.
1. Ќе имате една од најхуманите професии.
2. Едни од најефтините студии на сите високообразовни институции и тоа ќе платите 200 евра за државна квота, 500 евра со партиципација (за разлика од приватните универзитети каде треба да платите 2000 евра).
3. Студиите не се многу тешки и траат 4 години.
4. Ќе ви предаваат квалитетни и солидни професори и асистенти.
5. Предавањата и вежбите се современо организирани.
6. Нашите студии ги нема на ниту еден друг факултет во Македонија.
7. Имаме 4 годишно искуство по новиот ЕКТС.
8. Нашиот курикулум е високо оценет од страна на Директоратот за образование при Европската Комисија од Брисел.
9. Имаме одлично информатички опремена библиотека.
10. Се наоѓаме во најстарата високо образовна институција во државата  на Филозофски факултет од Скопје кој има традиција од 88 години.
Драги мои не правете грешки во изборот, одберете го вистинскиот квалитет  и нема да се каете.
Еден од професорите. 

15 ЕКТС поени - април 2014

Почитувани студенти,
Вие кои имате заостанати обврски со освојување 15 поени ве поканувам во среда 16.04.2014 од 10:00 до 12:00 часот да си ја завршите таа обврска.
Предметен наставник

Sunday, April 13, 2014

Мементо пост: Понуда на теми за магистерски и докторски трудови

Почитувани колешки и колеги,
Се враќам две и пол години назад кога понудив теми од кои некои и ден-денес се` уште се актуелни.

Posted октомври 10, 2011
Почитувани магистранти и идни докторанти,
Како и порано, повторно решив да ви споделам наслови на теми за изработка на вашиот магистерски или докторски труд. Тоа би биле следните:
  1. Вербална способност и социјален стрес кај деца со аутизам и типичен развој.
  2. Ефектите на PECS врз однесувањето на мали деца со аутизам и тешки говорни нарушувања.
  3. Квалитетот на внесената храна кај деца со аутизам: проспективна студија.
  4. Аутизам во инклузивна училница: импликации за практиката во јавните училишта.
  5. Поврзаност помеѓу срединската жива, специјалната едукација и аутизмот во Македонија.
  6. Психолошка благосостојба на родителите на децата со аутизам и Даунов синдром.
  7. Психопатологија во лице со и без коморбиден аутизам.
  8. Половите разлики кај деца со аутистичен спектар на нарушувања и коморбидна психопатологија.
  9. Психопатологија кај младите лица со аутистичен спектар на нарушувања.
  10. Глутен-казеин слободна диета како форма на алтернативен третман за аутистичен спектар на нарушувања.
Аирлија работа.
Ментор

Десетто предавање МОИ - 15.04.2014

Почитувани студенти,
Во вторник на 15 април ќе се реализира десетто предавање по ред по предметот Медицински основи на инвалидност и ќе се стане збор за: Нарушувања на говорот. Во продолжение неколку потребни видеа за подобро совладување на материјалот.
Предметен наставник






















Мементо пост: КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНКА НА ДОКТОРСКА ТЕЗА

Драги пријателки и пријатели,
Денес во Мементо пост збор-два за критериуми за оценка на докторска теза.

Posted јануари 7, 2013
Почитувани колешки и колеги,
Сакам да дадам скромен придонес кон критериумите за оценка на докторска теза. Чинам дека во нашата наука недостасува критичкото читање на трудовите и превладува „политика на незамерување со кандидатот„. Поминува речиси се` и сешто.
Иако различни рецензенти имаат различни методи на оценување на тезата и за спроведување на усно испитување, постојат некои општи критериуми за оценување на докторски тези кои можат да бидат корисни за докторандите. Постојат девет главни карактеристики, а тоа се:
  1. ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАСНОСТ
  2. ИНТЕГРАЦИЈА И КОХЕРЕНТНОСТ
  3. ПРИДОНЕС КОН ЗНАЕЊЕТО
  4. ОРИГИНАЛНОСТ И КРЕАТИВНОСТ
  5. ПРЕГЛЕД НА РЕЛЕВАНТНА ЛИТЕРАТУРА
  6. ИЗЈАВА НА ПРОБЛЕМОТ НА ИСТРАЖУВАЊЕ
  7. МЕТОДИ НА ПРЕБАРУВАЊЕ
  8. АНАЛИЗА НА ПОДАТОЦИ
  9. ДИСКУСИЈА НА РЕЗУЛТАТИТЕ
Доколку сакате детално да ги погледнете карактеристики ќе треба да го отворите документот.
За многу години денешниот празник!
Рецензент

Saturday, April 12, 2014

Аутизам – испитни прашања

Почитувани постдипломци,
Поминавме 3 часа настава од предметот Аутизам и затоа овде ви ги постирам испитните прашања. Нека е со лесно подготвувањето на испитот.
Предметен наставник

Friday, April 11, 2014

Мементо пост: Критериуми за рецензирање докторски дисертации

Драги пријателки и пријатели,
Се навраќам на едне мој омилен пост од крајот на 2012 година, а се однесува на критериуми за рецензирање на докторатите.

Posted декември 23, 2012
Почитувани колешки и колеги,
Факт е дека на нашите универзитети не постојат критериуми за рецензирање докторски дисертации и магистерски тези. Би сакал да дадам еден скромен придоенс во таа насока со неколку препораки.
1. Најпрвин треба да се види дали тезата на истражување генерира значителни нови знаења во научната
област.
2. Дали методологијата има научен призвук и е опишана на начин што овозможува репродукција на експериментите? Дали се почитуваат релевантните меѓународните етички стандарди и правилата на добрата научна практика?
3. Дали тезата покажува солидно разбирање на состојбата во науката во областа на истражувањето и знаење стекнато од најзначајната и тековна литература?
4. Дали резултатите се прикажани јасно, со соодветни контролни случаи и дали статистичката анализа е коректно изведена?
5. Дали резултатите се дискутираат во однос на истражувањата на другите автори и дали тезата покажува добро разбирање на импликациите на работа во поширокиот научен контекст. Бидејќи современите истражувања обично се спроведуваат во тимови, задолжително е кандидатот јасно да го нагласи нејзиниот / неговиот сопствен придонес во секој аспект на тезата (концепт на идеи, експерименти) и дека таа / тој го признава соодветно секој придонес од страна на другите членови во тимот.
6. Дали придонесот на кандидатот во истражувањето и објавувањето е јасно наведено и доволно големо за да се додели на неа / нему основно авторство?

Рецензент

Thursday, April 10, 2014

Странична лента на стариот блог

Мементо пост: Убавата 2009-та

Драги пријателки и пријатели,
Се навраќам на 2009 година една од најубавите мои години во последните 10-15 години. Постот е пишуван на првиот ден од новата 2010 година.

Драги мои,
На преминот од една во друга година секогаш се прави рекапитулација на нештата од изминатата година. По неколку тешки години дојде и оваа 2009 година која ми донесе многу радости како приватни, така и службени. Оваа година пред се ќе ја запаметам по раѓањето на мојата втора прекрасна ќерка Донатела на 22.09.  Почетокот на истата не ветуваше ништо посебно. Но, се редеа професионални успеси, успешно презентирање на конференција во Белград. Мојот драг другар и колега стана декан. Потоа се објави JSER online, па излезе од печат учебникот Физиологија со функционална анатомија, ме назначија за раководител на наставно научниот колегиум на последипломски студии, станав Еразмус координатор на ФЗФ, излезе коавторски труд во престижната Acta Ophtalmologica Scandinavica со импакт фактор, беше организирана трибина „Мојот живот со Down синдром„, беше успешно реализирана годишната конференција на МНЗА. Лошите работи како рецесијата, смртта на Мајкл Џексон, свиснкиот грип, болеста која ме  нападна последните денови ќе ги оставиме назад во времето и одиме напред. Ако оваа 2010-та биде барем половина од минатата ќе бидам пресреќен.


Ваш Владотра

Wednesday, April 9, 2014

Мементо пост: Самоевалуација по предметот Хумана генетика 1 и 2

Драги пријателки и пријатели,
Многу часови, денови вложени на блогерај, многу љубов и самопрегор. Се навраќам на првиот мој пост на блог.мк објавен пред повеќе од седум години. Тој се однесува на самоевалуацијата што ја направив со студентите по предметите Хумана генетика 1 и 2. Интересна анализа, па повелете погледнете ја.
Почитувани колеги,
Како предавач кој сака доследно да ги следи европските текови долгои време спроведувам анонимна анкета за студентите во врска со предметот Хумана генетика. Досега не сум имал прилика да ги пласирам јавно реузлтатите од истата. Со воведување на блогерајов, јас ги давам на увид на пошироката јавност. Мислам дека ние што предаваме на Универзитетот треба да бидеме максимално транспарентни и да ги даваме резултатите од мислењето на студентите за нашата работа. Некогаш можеби нема да ни се допаднат резултатите, но тоа не смее да биде пречка за да тие бидат објавени. Сметам дека ќе повлечам и други колеги вака транспарентно да ги објавуваат резултатите од својата работа.
Еве како одеа резултатите од анкетата.
1.Дали треба да се изучува во програмата по дефектологија предметот хумана генетика?
а) да 100%        б) 0%
2. Предавањата по хумана генетика беа
а) полезни 44%   б) интересни 18%   в) одлични 3%   г) не ми беа од корист 6%   д) слабо спроведени 29%
3. Вежбите по хумана генетика беа
а) никакви 0%   б) ужасни 3%   в) лесни 33.3%   г) одлични 15.1%  д) ми беше задсоволство да присуствувам на нив 48.6
4. Во предметот по хумана генетика во иднина
а) треба да се менуваат многу работи 9%   б) треба да има мали измени 75.7   в) не треба да се менува ништо 15.3%