Saturday, January 5, 2019

Втор колоквиум ФФА - 10.01.2019

Почитувани студенти од Институтот за дефектологија,
Вториот колоквиум по Физиологија со функционална анатомија за тие што го положија првиот ќе се полага на 10.01.2019 година во Лабораторија на ПФ со почеток во 08:00 часот. Ми јавија дека парното греење е поправено. Останува да се надеваме дека нема да има повторно дефект. Веднаш потоа започнува семинарот по ФФА во 09:00 часот на кој треба да бидат сите студенти присутни. За жал има само пет студенти пријавени и тоа го одразува вашиот интерес за студирање. Во третиот дел од денот ќе се даваат потписи за тие што заслужиле. Во четвртиот дел од денот ќе има одговарање за поени на тие што им недостасуваат по 1-2 поени од активности. Ова воедно ќе биде и последната шанса за да надополните до 15 ЕКТС поени за да полагате во јануарската сесија. Студентите се должни да бидат најмалку 10 минути пред почетокот на активностите присутни и исто така се должни да го следат овој блог заради евентуални несакани одложувања.
Среќни Божиќни празници!
Предметен наставник

No comments:

Post a Comment