Wednesday, April 9, 2014

Некои напомени за семинарските трудови

Почитувани студенти од прва година,
Сакам да споделам некои напомени во врска со предавањето на семинарски трудови. Ве потсетувам дека семинарските трудови ќе се примаат во печатена верзија најдоцна до 15.04.2014 година во 14:00 часот, а електронската верзија најдоцна до 23:59 истиот датум. За да не ми праќате сите електронска пошта отворив корисничка сметка на www.gmail.com
корисничко име: defektologijaseminarski
лозинка: defekt2013
Кога ќе влезете во корисничката сметка треба да одите во делот Drive, поранешен Google Docs и да го качите (upload-ирате) вашиот Word документ, т.е. вашиот семинарски труд. Именување на фајлот треба да биде вашето име и презиме-наслов на семинарската-МОИ. Трудовите треба да ги закачите во делот: МОИ-април-2014. Сите трудови што ќе стигнат по 15.14.2014 нема да бидат земени предвид за оценување.
Предметен наставник

No comments:

Post a Comment