Monday, November 4, 2024

Најчести грешки на колоквиумите

Почитувани студенти,

Сакам да ви укажам на најчестите грешки кои се прават, со цел да не се повторуваат во иднина.

  • Се појавувате на колоквиум недоволно подготвени, само за да го видите тестот, нешто што е неприфатливо. Сум ви рекол дека во секое време можам да ви го покажам тестот.
  • Честопати на тестот не го пишувате бројот на индексот 10681/24, а поретко ниту име и презиме. Задолжително се пишуваат и двете;
  • Не заокружувате доволно јасно, се чини како да штедите пенкало;
  • Се пишува исклучиво само со сино пенкало;
  • Не пишувате со читливи, разбирливи и јасни букви;
  • Не носите индекс или студентска легитимација за идентификација;
  • Заборавате да го исклучите звукот на мобилните или алармите, а такви уреди не се дозволени додека трае полагањето;
  • Носите само едно пенкало, кое понекогаш престанува да пишува;
  • Не го почитувате правилото да дојдете 15 минути пред закажаниот термин за испит (едно од најважните правила;
  • Не одговарате целосно на дефинициите, туку само кратко и затоа освојувате само делумен број на поени, или воопшто не освојувате поени;
  • На ги учите есејските прашања по предметот МОИ, ги оставате празни, а тие носат по околу 8 поени;
  • Кај кариограм и родословно стебло по предметите ХГ и ХГФ, пишувате дека се работи за кариограм, кариотип или родословно стебло, наместо да ги опишете за кој кариограм се работи, кој синдром ако е синдром и која е формулата, или типот на наследување кај родословното стебло;
  • Не се пријавувате на анкетите за полагање на колоквиум.
Предметен наставник

No comments:

Post a Comment