Почитувани колешки и колеги,
Имам особена чест и задоволство да ве поканам на втората годишна конференција од CUPID проектот. Имено се ближи крајот на втората година од проектот и редно е да дадеме јавен отчет за нашата работа. Веб конференцијата ќе се одржи на ЗУМ платформата во вторник на 29 октомври со почеток во 13:00 часот по македонско време. Регистрацијата и учеството е бесплатно на следниот ЛИНК. Гугл формуларот ќе биде отворен до 28 октомври во 10:00 часот. Ве молам запишете ги точно вашите е-пошти за да ви биде испратен линк за учество. За сите оние кои ќе бидат присутни од првата до последната минута на веб конференцијата ќе биде обезбеден електронски сертификат. Поканети се сите оние кои ги интересира превенцијата на карцином кај лицата со интелектуална попреченост.
Во прилог е програмата за конференцијата која е поддржана од COST програмата на ЕУ. Нека е честит Денот на македонската револуционерна борба! Вечна Македонија!
Заменик раководител на CUPID проектот
Раководител на WG4 групата и модератор на конференцијата
No comments:
Post a Comment