Ве покануваме на седмата обука за родители во рамките на #ESIPP проектот. Обуката ќе се одржи во периодот од 17 до 18 февруари 2018 воООУ „Саит Најдени” во општина Дебар.
Ве молиме да го потврдите вашето присуство кај господинот Беким Аме или на e-mail qendraepersonavemeaftesitekufizuar_poraka@hotmail.com или president@mssa.org.mk најдоцна до 14.02.2018 година.
Обуките се бесплатни и се наменети за исклучително само за родители (или членови на семејствата) на деца, адолесценти и возрасни лица со аутизам. За жал, обуките не се наменети за стручни лица и професионалци. Бројот на родители е ограничен на 20.
АГЕНДА
Сабота (17.02.2018)
Место: ООУ „Саит Најдени”
11:00- 12:30 Проф. д-р Владимир Трајковски (МНЗА) Вовед во аутистичниот спектар на нарушување
12:30-12:45 Пауза за кафе
12:45-14:15 Ана Шикалеска (МНЗА) Значењето на визуелната структура и нејзина имплементација
14:15-14:30 Пауза за кафе
14:30-16:00 Д-р Јасмина Трошанска (МНЗА) Справување со сензорната чувствителност
16:00-16:30 Дискусија
Недела (18.02.2018)
Место: ООУ „Саит Најдени”
09:00- 10:30 Д-р Јасмина Трошанска (МНЗА) Комуникацијата и нејзиното влијание врз однесувањето
10:30-10:45 Пауза за кафе
10:45-12:15 Ана Шикалеска (МНЗА) Позитивни пристапи кон социјалниот развој и интеракција
12:15-12:30 Пауза за кафе
12:30-14:00 Д-р Јасмина Трошанска (МНЗА) Разбирање и справување со предизвикувачкото однесување
14:00-14:30 Дискусија
Тренери:
Проф. д-р Владимир Трајковски
Д-р Јасмина Трошанска
Ана Шикалеска
Обуките се бесплатни и се организираат во рамките на проектот „Еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство (Equity and Social Inclusion trough Positive Parenting – ESIPP) Проектот е со број: 2015-1-UK01-KA204-013397 и е дел од Еразмус + програмата на Националната агенција за европски образовни програми на Англија, Клучна акција: Соработка заради иновации и размена на добра пракса и Тип на акција: Стратешко партнерство за едукација на возрасни. Координатор на проектот е Универзитетот Нортхемптон, а додека пак партнерски организации се: Едукациско-рехабилитацискиот факултет од Загреб, Центар за аутизам од Загреб, Аутизам Европа со седиште во Белгија, Центар за развој и поддршка на деца и адолесценти со аутистичен спектар на нарушувања од Кипар, Европски универзитет од Кипар, Македонско научно здружение за аутизам од Македонија, Таргет аутизам и Аутизам Консерн од Англија.
Целите на проектот се:
- Создавање на модел заснован на научни докази за едукација на родители на деца со аутизам кој ќе може да се користи во Европа.
- Создавање на програма и еколошки материјали за обука на родители.
- Употреба на материјалите во едукација на семејства на деца со аутизам во региони каде што претходно не биле спроведувани едукации.
- Оценка на употребата на материјалите и влијанието на обуката преку квалитативни и квантитативни анализи на податоци.
- Споделување на моделот на програма за едукација на родители, алатките и материјалите со засегнатите страни и давање на препораки на креаторите на политики и оние кои донесуваат одлуки.
Претседател на МНЗА
No comments:
Post a Comment