Monday, June 5, 2023

3. работилница за млади истражувачи за научна и публицистичка етика

Почитувани колешки и колеги,

Следејќи го досегашното искуство за успешно организирање на две научни работилници, со задоволство ја најавуваме третата заедничка MAAA-MЗMУ Работилница за млади научници за научна и публицистичка етика и пишување научни трудови. Работилницата ќе се одржи на 15.06.2023 г. (четврток) со почеток-пријавување од 8,30 ч. на Филозофскиот факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј-Скопје во Сала за седници на првиот спрат.

Многу е важно секој научник да развие вештини за научно пишување и објавување со цел да ги промовира неговите/нејзините истражувачки наоди и професионални активности. На многу млади научници им недостигаат информации за принципите на научната комуникација и публицистичката етика и им треба охрабрување за научно пишување поради недоволното знаење и вештини за да подготват солиден ракопис за да ги задоволат барањата на рецензентите и уредниците и да бидат прифатени за објавување во списанија со отворен пристап, особено во списанија на повисоко ниво и со фактор на влијание (IF).

Работилницата е наменета за млади научници кои го подготвуваат својот прв ракопис или би сакале да ги подобрат своите вештини за пишување и објавување во научни списанија. Членовите на МААА и членовите на МЗМУ, како и персоналот на Амбасадата на САД и персоналот на Американското катче, ќе имаат приоритет за регистрација врз основа на „Прв дојден-прв услужен“, но веројатно дека ќе остане и некое место и за другата научна јавност во Македонија.

Целта на работилницата е да се зголеми свеста кај младите научници за меѓународните критериуми и стандарди во научното пишување и публикување и да се спречат недолично однесување и измами, плагијат и патологија на авторството во научното издаваштво, како и избегнување на грабливи издавачи и списанија. Дополнително, да се обезбеди практична обука за младите научници со цел да им се овозможи правилна и научно издржана комуникација на нивните резултати од истражувањето и презентација на податоците во ракопис структуриран во „Вовед, методи, резултати и дискусија“ до делот „Заклучок“, како и да развива вештини за критичко читање на објавената литература.

Во прилог е Формуларот за регистрација што треба да се пополни што е можно поскоро.

Програмата за настанот можете да ја симнете ОВДЕ.

Прифаќањето и потврдувањето на учесниците ќе биде по принципот „прв дојден – прв услужен“. Бројот на учесници е ограничен на 25. Ве очекуваме да се пријавите.

Генерален секретар на МЗМУ

Wednesday, May 31, 2023

Анкета за полагање испити во летната сесија - 2023

Почитувани студенти,

Би сакал да ја споделам со вас анкетата за полагање испити во летната сесија. Потребно е да ви бидат пријавении електронски испитите, а пријавите ќе ги носите со себе на денот на испитот. За да имам увид во полагањето, ве молам да ги пополните анкетите за следните испити:

Следете го блогот во јуни заради евентуални промени во начинот на полагање и датумите. Ви благодарам на разбирањето.

Предметен наставник

Термини за полагање испити од втор циклус на студии - јуни 2023

Почитувани постдипломци,

Во прилог се термините за полагање испити по моите предмети од втор циклус на студии за летната сесија:

Прва декада
16.06.2023 - АСН - 09:00 часот
16.06.2023 - Медицинска рехабилитација на моторни нарушувања  - 11:00 часот
16.06.2023 - Генетски аспекти на лицата со инвалидност - 12:00 часот

Втора декада
23.06.2023 - АСН 09:00 часот
23.06.2023 - Медицинска рехабилитација на моторни нарушувања - 12:00 часот
23.06.2023 -  Генетски аспекти на лицата со инвалидност - 13:00 часот

Испитите ќе се полагаат усно во мојот кабинет. Го задржувам правото за промена на термините и начинот на полагање заради непредвидливи околности или дејство на виша сила, а вие сте должни да го следите овој блог. Ве молам на е-пошта да ми јавите во која декада ќе полагате за да си го организирам времето. Среќно подготвување на испитите!

Предметен наставник

Tuesday, May 30, 2023

Список на освоени ЕКТС поени по предметот ХГ - 2023

Почитувани студенти,

Повелете список на освоени поени по предметот Хумана генетика. Кој нема потпис и кој нема 15 ЕКТС поени не може да полага во престојната сесија.

Предметен наставник


Saturday, May 27, 2023

15 ЕКТС поени - 29.05.2023

Почитувани студенти,
Ве поканувам сите кои треба да одговарате за поени, тоа да го сторите во понеделник 29 мај од 12:00 до 13:30. Ова е четврт и последен рок пред јунската сесија. Ако не го искористите слободно дојдете во августовската сесија.
Предметен наставник 

Wednesday, May 24, 2023

Потписи ХГ и втор колоквиум ХГ - 30.05.2023

Почитувани студенти,

Најпрвин нека ни е честит патронатот на УКИМ 24 мај!

Потписи по предметот Хумана генетика за актуелната прва година на ИСЕР ќе давам на 30 мај во слушална 11 на ФЗФ и тоа по следниот распоред:

Прва група од 10:00 до 10:45

Втора група од 10:45 до 11:30

Уште еднаш по не знам кој пат напоменувам дека потписи ќе добијат само тие студенти што биле редовни на предавања и вежби и што не направиле повеќе од 2 минуси за предавања, 2 за вежби и 2 за неактивност. Не ме интересираат никакви „тешки“ болести со лажни лекарски уверенија и разни други изговори. Не прифаќам никакви плачки и урегнеции. Бидете достоинствени! Правилата на игра ги знаевте уште на почетокот на академската година и повторно на почетокот на вториот семестар. Тие што нема да добијат потпис имаат право повторно да го презапишат предметот и да доаѓаат редовно со следната генерација. Нема да бидете ни први, ни последни што го презапишале предметот. Впрочем тоа го видовте од неколкуте студенти што повторно доаѓаа на предавања и вежби по ХГ.

Покрај горенаведените напомени треба да носите со себе и индекс и Практикум ХГ со сите потписи во него.

Студентите од другите генерации имаат обврска да го остават индексот во библиотеката во посебна кутија истиот ден најдоцна до 11:30. Поради моја презафатеност тој ден (колоквиум, избор на ректор на УКИМ и други активности) не ветувам брзина во враќањето на индексите. Тоа што можам да го изјавам сега е дека најверојатно ќе ви бидат готови до 15:30 часот истиот тој ден.

Сите оние студенти кои нема да го испочитуваат овој термин, нека не ми праќаат е-пошта да ме прашуваат кога, како?, туку едноставно нека го остават индексот во библиотеката на ИСЕР и нека чекаат да им го потпишам во некој од наредните денови.

Бидејќи од денес до наредниот вторник има уште 6 денови и се случуваат разни непредвидливи работи, за секој случај во вторник наутро кога ќе станете, проверете го мојот блог, случајно да не има некои измени.

Ви благодарам на разбирањето!

Предметен наставник

Saturday, May 20, 2023

Триенаесетто предавање ХГ - видеа

Почитувани студенти,

Во вторник ќе се одржи тринаесеттото предавање по Хумана генетика и воедно последно за овој семестар и оваа академска година. Ќе предавам за генеска терапија. Веднаш по предавањата, следува студентскиот семинар по ХГ, на кој се пријавени девет студенти. Двете активности се бодуваат со поени и затоа е потребно задолжително присуство на сите студенти. Истите треба да ги прикачат своите презентации на платформата Мајкрософт Тимс најдоцна до недела 21.05.2023 во 20:00 часот. За секој случај задолжително да ги носат и на УСБ на самиот ден. Никакви испади веќе нема да бидат толерирани.








Предметен наставник

Wednesday, May 17, 2023

Студентски семинар по ХГ - 23.05.2023

Почитувани студенти,

Веднаш по предавањето во вторник 23.05.2023 година кое ќе започне во стандарден термин, ќе се реализира семинарот по Хумана генетика. Семинарот е задолжителен за сите студенти кои го слушаат предметот во овој семестар. За таа цел ве молам вашите презентации во PowerPoint да ги прикачите во фолдерот на Мајкрософт Тимс наречен: Презентации семинарски ХГ - 2023 најдоцна до недела 21.05.2023 во 20:00 часот. Вашето присуство ќе се нотира и на 23 и на 30 мај.

Предметен наставник

15 ЕКТС поени - 19.05.2023

Почитувани студенти,

Ги поканувам сите вонредни студенти, сите оние кои имаат заостанато обврски од изминатите семестри да дојдат во петок на 19.05.2023 од 11:00 до 12:30 часот во мојот кабинет. За секој случај утрото во петок проверете го овој пост да не има случајно некакви поместувања. Ви укажувам дека во текот на месец мај ќе има уште најмногу еден ваков термин, затоа дојдете си поскоро и завршете си ги обврските. Во јуни почнува сесијата и имам други проектни обврски, испити, активности во МНЗА и нема да се занимавам со вакви активности.

Предметен наставник

Sunday, May 14, 2023

Преглед на освоени поени по ХГ - 14.05.2023

Почитувани студенти,

По прегледаните семинарски работи и некои други активности ова е моментата состојба на поени на 14.05.2023 година. Списокот на освоени поени може да го симнете ОВДЕ. Сами си знаете колку сте биле отсутни на предавања и вежби и сами знаете да собирате до 15 ЕКТС поени. Ако според вашата математика во следните 3 седмици нема да дојдете до 15 ЕКТС поени, потребно е веднаш во вторник да побарате дополнителна задача. Напоменувам дека во овој привремен список не се ставени поените од присуство на предавања, вежби, активност, бидејќи ќе се видиме уште три пати на кои вие ќе освојувате поени за присуство. Исто така повторувам дека секој оној студент/ка што има повеќе од 2 минуса на предавања и 2 на вежби нема да добие потпис и нема да може да го полага испитот, туку ќе го преслушува во следната академска година и сега нема обврска да собира 15 ЕКТС поени.

Со почит,

Предметен наставник

Saturday, May 13, 2023

Дванаесетто предавање ХГ - видеа

Почитувани студенти,

Во вторник ќе се реализира 12. предавање по Хумана генетика каде што ќе предавам за генетика на аутизмот и генетско советување. Во прилог неколку видеа за илустрација.







Предметен наставник












Monday, May 8, 2023

15 ЕКТС поени - 12.05.2023

Почитувани студенти,

Минатиот петок дојде само една студентка и таа не одговараше. Можам да речам нека ви служи на чест. Вие мора во месец мај да си ги завршите своите обврски за 15 ЕКТС поени. Ги повикувам сите вонредни студенти, сите оние кои имаат заостанато обврски од изминатите семестри да дојдат во петок на 12.05.2023 од 10:00 до 11:30 часот во мојот кабинет. За секој случај утрото во петок проверете го овој пост да не има случајно некакви поместувања. Ви укажувам дека во текот на месец мај ќе има уште најмногу 2 вакви термини, затоа дојдете си поскоро и завршете си ги обврските. Во јуни почнува сесијата и имам други проектни обврски, испити, активности во МНЗА и нема да се занимавам со вакви активности.

Предметен наставник

Tuesday, May 2, 2023

15 ЕКТС поени - 05.05.2023

Почитувани студенти,

Се ближи јунската сесија и вие мора во месец мај да си ги завршите своите обврски за 15 ЕКТС поени. Ги повикувам сите вонредни студенти, сите оние кои имаат заостанато обврски од изминатите семестри да дојдат во петок на 05.05.2023 од 10:30 до 12:30 часот во мојот кабинет. За секој случај утрото во петок проверете го овој пост да не има случајно некакви поместувања. Ви укажувам дека во текот на месец мај ќе има уште најмногу 3 вакви термини, затоа дојдете си поскоро и завршете си ги обврските. Во јуни почнува сесијата и имам други проектни обврски и нема да се занимавам со вакви активности.

Предметен наставник

Monday, May 1, 2023

Единаесетто предавање ХГ - видеа

Почитувани студенти,

На ваше барање овој пат ќе држиме настава во среда на 3 мај со почеток во 7:45 часот. Во прилог видеа за Генетски аспекти на интелектуална попреченост и миопатии.



















Предметен наставник

Пуштена во употреба веб страницата на CUPID проектот

Почитувани колешки и колеги,

Ми причинува задоволство да ја споделам со вас најновата веб страницата на CUPID проектот во мое уредништво, која изминатиов период ја работевме со колегата Христијан Ламбевски. Му благодарам нему и на сите кои придонесоа за таа да изгледа мошне солидно. Сите најнови информации во врска со проектот ќе може да ги проследите на горниот линк. Ете симболично на Меѓународниот ден на трудот уште едно мало дело за науката, но големо за мене.

Честит и вековит 1 Мај!



Wednesday, April 26, 2023

Термини за полагање испити од прв циклус на студии - јуни 2023

Почитувани студенти, 

Во прилог ви ги праќам термините за полагање на моите испити во јунската сесија 2023 година за студентите од прв циклус. Вие сте ДОЛЖНИ на испитот да носите пријава која е претходно набавена. Ќе има и анкета која задолжително ќе треба да ја пополните истата. Јас како предметен наставник го задржувам правото да го променам начинот и терминот заради присуство на виша сила или други фактори или повторно пламнување на пандемијата. Вие сте должни да го следите овој блог заради евентуални промени. Потребно е да се биде најмалку 15-тина минути пред терминот заради навремено сместување на студентите. Препишувањето и други форми на неакадемско однесување строго ќе бидат санкционирани. Пријавите и испитите пишувајте ги со читлив и разбирлив јазик.

Прва декада
12.06.2023  ХГФ и ХГ во Голем амфитеатар 08:00 часот

13.06.2023  ФФА и МОИ во Голем амфитеатар во 08:00 часот

Втора декада
19.06.2023 ХГФ во Голем амфитеатар во 08:00 часот

20.06.2023 ФФА во Голем амфитеатар во 08:00 часот

21.06.2023 ХГ во амфитеатар 4 во 08:00 часот

21.06.2023 МОИ во амфитеатар 4 во 08:00 часот


Предметен наставник

Sunday, April 23, 2023

Десетто предавање ХГ - видеа

Почитувани студенти,

Во прилог се повеќе видеоклипови кои се однесуваат на генетските аспекти на глувоста и слепилото.
























Предметен наставник















 
































Saturday, April 15, 2023

Деветто предавање ХГ - видеа

Почитувани студенти,

Во прилог се видеата од деветтото предавање по предметот Хумана генетика што ќе се одржи во вторник во стандардниот термин.
















Предметен наставник 











 



 
















Monday, April 10, 2023

Осмо предавање ХГ - видеа

 Почитувани студенти,

Во прилог се видеоклипови од осмото предавање по Хумана генетика.



















Предметен наставник




































Wednesday, April 5, 2023

Резултати од првиот колоквиум ХГ - 05.04.2023

Почитувани студенти,

Во прилог се резултатите од утринскиот прв колоквиум по Хумана генетика.

Реден број

Број на индекс

Бодови

1.       

11100/22

18

2.       

25816/22

16 усл.

3.       

11109/22

14

4.       

25831/22

14

5.       

11131/22

13

6.       

25802/22

13

7.       

24538/17

13

8.       

24980/19

13

9.       

11098/22

11.5

10.   

10514/19

11

11.   

11096/22

10.5

12.   

25819/22

10.5

13.   

11145/22

10.5

14.   

11144/22

10.5

15.   

11092/22

9.5

16.   

25820/22

9

17.   

25806/22

9

18.   

11091/22

8.5

19.   

24657/18

8.5

20.   

10196/18

8

21.   

25803/22

7.5

22.   

10028/17

7.5

23.   

25808/22

6

24.   

11113/22

5.5

25.   

25800/22

5

26.   

11154/22

5

27.   

25834/22

3.5

28.   

11122/22

3

29.   

11129/22

2.5

30.   

11107/22

2

31.   

11125/22

1


Забелешка: колоквиумот се смета за положен со освоени најмалку 18 поени. Студентката што е пуштена условно да пише е-пошта да добие дополнителна задача. Вториот колоквиум ќе се полага устно.

Предметен наставник