Monday, November 2, 2026

Анкета за полагање на првиот колоквиум ФФА - ноември 2026

Почитувани студенти од ИСЕР,

Ве потсетувам дека првиот колоквиум по предметот Физиологија со функционална анатомија (ФФА) ќе се одржи на 12 ноември 2026 година.
Со цел навремено да се организира полагањето и да се утврди бројот на студентите кои планираат да пристапат кон колоквиумот, ве замолувам задолжително да ја пополните анкетата доколку имате намера да полагате.
Крајниот рок за пополнување на анкетата е 8 ноември 2026 година.


Ви благодарам за соработката и за навременото исполнување на оваа обврска.
Со почит,
Предметен наставник

Sunday, November 1, 2026

ЦЕНАТА НА ЗНАЕЊЕТО: Кој има пристап до науката, а кој останува зад затворени врати?

Работилница по повод Меѓународната недела на отворен пристап
Знаењето е двигател на напредокот, темел на научниот развој и предуслов за подобро општество. Но, колку навистина чини пристапот до него? Дали научните сознанија треба да бидат привилегија на оние што можат да платат или достапно јавно добро за сите?
По повод Меѓународната недела на отворен пристап, ве покануваме на работилницата „Цената на знаењето“ — простор за критичка дискусија за економските, етичките и општествените димензии на научното публикување и отворениот пристап.
Ќе разговараме за предизвиците на научното издаваштво, значењето на слободната достапност на научните резултати и потребата од одржливи, транспарентни и правични модели на ширење на знаењето.

Датум: 2 ноември 2026 година
Време: 12:00 часот
Место: Голема сала, Деканат на Медицинскиот факултет – Скопје

Знаењето ја менува науката. Отвореното знаење го менува општеството.
Ве очекуваме!

Генерален секретар на МЗМУ