Showing posts with label полагање. Show all posts
Showing posts with label полагање. Show all posts

Tuesday, August 18, 2026

Анкета за полагање испити во есенската сесија - 2026

Почитувани студенти,

Би сакал да ја споделам со вас анкетата за полагање испити во есенската сесија која треба да ја пополните ВЕДНАШ сите што планирате да полагате, или најдоцна до 25 август. Се надевам дека ви беше доволно време за размислување и дека нема да правите рокади во декадите. Потребно е да ви бидат пријавени електронски испитите, а пријавите ќе ги носите со себе на денот на испитот. За да имам увид во полагањето, ве молам да ги пополните анкетите за следните испити (зависно од тоа кој/а што полага):

Следете го блогот до крајот на август, заради евентуални непосакувани промени во начинот на полагање и датумите. Ви благодарам на разбирањето. 

Предметен наставник 

Tuesday, August 20, 2024

Термини за полагање испити од втор циклус на студии - август/септември 2024

Почитувани постдипломци,

Во прилог се термините за полагање испити по моите предмети од втор циклус на студии за есенската сесија 2024 година:

Прва декада
30.08.2024 - АСН - 09:00 часот
30.08.2024 - Медицинска рехабилитација на моторни нарушувања  - 11:00 часот
30.08.2024- Генетски аспекти на лицата со инвалидност - 12:00 часот

Втора декада
11.09.2024 - АСН 09:00 часот
11.09.2024 - Медицинска рехабилитација на моторни нарушувања - 12:00 часот
11.09.2024 -  Генетски аспекти на лицата со инвалидност - 13:00 часот

Испитите ќе се полагаат усно во мојот кабинет. Го задржувам правото за промена на термините и начинот на полагање заради непредвидливи околности или дејство на виша сила, а вие сте должни да го следите овој блог. Ве молам на е-пошта да ми јавите во која декада ќе полагате за да си го организирам времето. Среќно подготвување на испитите!

Предметен наставник

Monday, September 4, 2023

Напомени за полагање на испитите од втора декада - септември 2023

Почитувани студенти,

Поради постојани грешки на одредени студенти должен сум да дадам повторно одредени напомени за полагање на испитите:

  • За да се излезе на испит мора да имате освоено 15 ЕКТС поени и да имате електронски пријавен испит.
  • Пријавите се купуваат неколку дена пред испитот и се пополнуваат со читливи букви.
  • Во тестовите се пишува читливо и не се пишува во правоаголникот за оценување.
  • Треба да носите најмалку 2 сини пенкала кои пишуваат.
  • Задолжително треба да имате пополнето анкета во Гугл формулар во која декада ќе полагате. На пријавата треба да ја назначите декадата во која ќе полагате.
  • На испит се доаѓа најмалку 15 минути пред закажаниот термин.
  • Испитите се полагаат БЕЗ УРГЕНЦИИ!!!
  • Го задржувам правото на промена на термините заради виша сила.
  • Потсетник за термините:
Втора декада
11.09.2023 ХГФ во Голем амфитеатар во 08:00 часот
11.09.2023 ХГ во Голем амфитеатар во 09:00 часот
12.09.2023 ФФА во Голем амфитеатар во 08:00 часот
12.09.2023 МОИ во Голем амфитеатар во 08:00 часот

Предметен наставник

Saturday, February 4, 2023

Напомена за полагање испити во февруарска сесија 2023

Почитувани студенти,

Задутре 06.02.2023 година започнува втората декада, па поради постојани грешки на одредени студенти должен сум да дадам повторно одредени напомени за полагање на испитите:


  • На испит со физичко присуство се доаѓа најмалку 15 минути пред закажаниот термин и се чека пред амфитеатарот. Кој доцни НЕМА да го полага испитот. Може да се подготвува слободно за следната сесија.
  • Во оваа сесија нема да има електронско полагање за испитите и вие што сте во странство не ми пишувајте пораки залудно. Доколку од Деканатот не овозможат таков начин на двојно полагање и не го платат екстра на професорите тој начини, нема да има два вида на полагање во иста сесија.
  • Испитите од втора декада ќе се полагаат во амфитеатар 4.
  • За да се излезе на испит мора да имате освоено 15 ЕКТС поени, да имате електронски пријавен испит, да носите печатена пријава со себе (која е читливо пополнета).
  • Пријава се купува многу денови пред испитот, а не во 12:05, бидејќи „Студентскиот сервис“ отвора во 8:00 часот.
  • Треба да имате пополнето анкета во Гугл формулар во која декада ќе полагате. На пријавата треба да ја назначите декадата во која ќе полагате.
  • На испит се носи индекс или студентска легитимација заради идентификација.
  • Морате да имате најмалку 2 пенкала со себе со сина боја. Според Марфи, едното пенкало секогаш престанува да пишува.
  • На испитот не се препишува, договара со колега/колешка, не се користи блутут „бубачка во уво“, или било кој друг недозволен начин на полагање.
  • Тестовите се пополнуваат читливо и јасно и не се пишува во квадтатите што се наменети за оценување.
  • Испитот се полага БЕЗ УРГЕНЦИИ!!!
  • Неподготвен не се доаѓа на испит. Нема да делам златници...
  • Го задржувам правото на промена на термините заради виша сила.
Предметен наставник

Tuesday, December 13, 2022

Термини за полагање испити од прв циклус на студии - јануари/февруари 2023

Почитувани студенти, 

Во прилог ви ги праќам термините за полагање на моите испити во јануарско-февруарската сесија 2023 година за студентите од прв циклус. Вие сте ДОЛЖНИ да запишете од задната страна на пријавата во која декада ќе полагате (прва или втора). Ќе има и анкета и ќе треба да ја пополните истата. Јас како предметен наставник го задржувам правото да го променам начинот и терминот заради присуство на виша сила или други фактори или повторно пламнување на пандемијата. Вие сте должни да го следите овој блог заради евентуални промени. Потребно е да се биде најмалку 15-тина минути пред терминот заради навремено сместување на студентите. Препишувањето и други форми на неакадемско однесување строго ќе бидат санкционирани. Пријавите и испитите пишувајте ги со читлив и разбирлив јазик.

Прва декада
23.01.2023  ХГФ и ФФА во Голем амфитеатар 08:00 часот

24.01.2023  ХГ и МОИ во Голем амфитеатар во 08:00 часот

Втора декада
06.02.2023 ХГФ во Голем амфитеатар во 08:00 часот

06.02.2023 ФФА во Голем амфитеатар во 08:00 часот

07.02.2023 ХГ во Голем амфитеатар во 08:00 часот

07.02.2023 МОИ во Голем амфитеатар во 08:00 часот


Предметен наставник

Monday, June 20, 2022

На испит...

Почитувани студенти,

Уште еднаш сакам да потенцирам како се доаѓа на испит. Не е на одмет да ви ги повторам овие 10 златни правила.

  1. Со потополно научен материјал. Најмалку три пати да се научи целиот материјал.
  2. Без доцнење, 15-тина минути пред закажаниот термин.
  3. Со уредно и читливо потполнета пријава.
  4. Со претходно пријаевн електронски испит.
  5. Со пополнета анкета за предметот кој го полагате.
  6. Со претходно освоени 15 ЕКТС поени по сите активности.
  7. Со најмалку две пенкала кои пишуваат.
  8. Со индекс, студентска легитимација или друг документ за идентификација.
  9. Без знаци за било каква инфекција, акутна кашлица, температура, кивање, назален секрет. Ако имате сезонска алергија треба да го докажете тоа со лекарско уверение.
  10. Без ургенции, без мито и корупција.
Ви благодарам ако ги почитувате овие правила.

Предметен наставник

Wednesday, June 1, 2022

Оваа сесија нема онлајн полагање

Почитувани студенти,

Во неколку наврати студенти кои се надвор од Македонија ми пишуваат барања за полагање онлајн. Во еден претходен пост ви кажав дека оваа сесија испитите се полагаат само со физичко присуство. Од повеќе причини не можам да ви одобрам онлајн полагање. Ова ќе остане така и за втората декада доколку бројот на инфицирани со корона вирус остане на вака ниско ниво како што е сега. Во следните денови нема да одговарам на вакви пораки поради презафатеност и затоа ви го пишувам овој пост.

Ви благодарам за разбирањето.

Предметен наставник

Thursday, January 20, 2022

Напомени за полагање на испитите во зимската сесија 2022

Почитувани студенти,

Поради постојани грешки на одредени студенти должен сум да дадам повторно одредени напомени за полагање на испитите:


  • На МТ платформата за предметот кој го полагате се вклучувате најмалку 10-15 минути порано. Кој доцни НЕМА да биде вклучен во платформата и НЕМА да го полага испитот.
  • Ниту еден студент не смее сам да креира Meeting. За испитот има само еден Meeting што го креирам јас. Не прифаќам оправдувања дека сте биле на некој си друг Meeting и затоа сте доцнеле на испитот.
  • Испитот се полага со задолжително вклучена камера и исклучен микрофон. Имам право да го дисквалификувам секој студент кој нема да вклучи камера или ќе се обиде да препишува и да користи други помошни методи.
  • За да се излезе на испит мора да имате освоено 15 ЕКТС поени, да имате електронски пријавен испит и да имате оставено печатена пријава кај координаторката на ЕКТС при ИСЕР.
  • Треба да имате пополнето анкета во Гугл формулар во која декада ќе полагате. На пријавата треба да ја назначите декадата во која ќе полагате.
  • Доколку полагате во првата декада најдоцна до утре 21.01.2022 година треба да доставите печатена верзија кај координаторката на ЕКТС на ИСЕР до 14:00 часот. Доколку полагате во втората декада, најдоцна до петок 28.01.2022 година до 14:00 часот.
  • Задолжително да се пријавите на Мудл платформата на ФЗФ по предметите кои ги полагате, бидејќи таму ќе бидат поставени испитите.
  • На крај кога ќе го завршите испитот треба да притиснете на копчето ЗАВРШИ И ПОДНЕСИ ГО ТЕСТОТ. Ако тоа го стиснете, потоа, нема враќање на тестот назад. Запомнете: и да не го стиснете тоа копче, програмот го повлекува автоматски вашиот тест по истекот на зададеното време.
  • Не се пријавувајте по 2 пати на испитот. Може да бидете дисквалификувани заради поднесени 2 теста. Тоа НЕ е регуларно.
  • Доколку има мал број на пријавени студенти по даден испит, имам право да го изведам испитот по устен пат на платформата МТ.
  • Го задржувам правото на промена на термините заради виша сила.
Предметен наставник

Friday, November 12, 2021

Анкета за полагање на првите колоквиуми

Почитувани студенти, 
Како што веќе знаете наредната седмица ќе се полагаат првитењ колоквиуми по ХГФ и ФФА. Бидејќи сакам да знам колку студенти ќе полагаат најучтиво ве замолувам да ја пополните анкетата.

Предметен наставник

Monday, September 13, 2021

Усно полагање испити - 14.09.2021

Почитувани студенти,

Сите вие кои сте вратени за усно полагање на испити, ве поканувам утре на 14.09.2021 година во 09:00 часот да бидете пред мојот кабинет.

Предметен наставник

Tuesday, August 17, 2021

Промени на начинот на полагање на испитите во август-септември 2021

Почитувани студенти,

Поради енормниот пораст на луѓе инфицирани со делта сојот на корона вирусот и под претпоставка дека многумина од вас не се вакцинирани, а во затворени простории не смее да бидат повеќе од 30 луѓе според препораките од Комисијата за заразни болести и одлуката на Владата, принуден сум да го сменам начинот на полагање на испитите во августовско-септемвриската сесија. За првата декада термините остануваат исти, а полагањето ќе биде преку платформата Мајкрософт Тимс на кој ќе добиете соодветен линк до тестот. Затоа е неопходно да бидете десетина минути порано присутни на платформата на предметот кој што го полагате.

23.08.2021

Хумана генетика во 08:00 часот

Медицински основи на инвалидноста во 09:00 часот

24.08.2021

Хумана генетика и физиологија во 08:00 часот

Физиологија со функционална анатомија во 09:00 часот

Во втората декада ќе има и промена на термините за полагање, а полагањето ќе биде секако електронско. Затоа следете го овој блог за да го дознаете денот и терминот за полагање.

Со почит,

Предметен наставник

Wednesday, January 27, 2021

Елекронско полагање на испитите за постдипломците

Почитувани постдипломци,

Сакам да ве известам дека испитите од втор циклус ќе се полагаат во договорениот термин на 3 февруари 2021 година. Сите три испити ќе се полагаат на платформата Мајкрософт Тимс во тимот за предметот Аутистичен спектар на нарушувања. Ве молам тие што не сте членови на овој тим да побарате пристап поскоро, за да ви го одобрам. Го задржувам правото за промена на термините заради виша сила.

Предметен наставник

Saturday, January 23, 2021

Напомени за полагање на електронските испити

Почитувани студенти,

Поради постојани киксови на одредени студенти должен сум да дадам повторно одредени напомени за полагање на испитите:

  • На платформата за дотичниот предмет се вклучувате најмалку 10-15 минути порано. Кој доцни нема да биде вклучен во платформата и нема да го полага испитот.
  • Испитот се полага со задолжително вклучена камера и исклучен микрофон. Имам право да го дисквалификувам секој студент кој нема да вклучи камера или ќе се обиде да препишува и да користи други помошни методи.
  • За да се излезе на испит мора да имате освоено 15 ЕКТС поени, да имате електронски пријавен испит и да имате оставено печатена пријава кај координаторката на ЕКТС при ИСЕР.
  • Треба да имате пополнето анкета во која декада ќе полагате, претходно објавена на овој блог. На пријавата треба да ја назначите декадата во која ќе полагате.
  • Задолжително да напишете име, презиме и број на индекс вклучително со годината на упис. На пример 10681/20, а не само бројот на индекс. Покрај моите укажувања на вчерашните испити имаше студенти кои го пишуваат само бројот на индексот.
  • На крај кога ќе го завршите испитот задолжително треба да притиснете на копчето ЗАВРШИ И ПОДНЕСИ ГО ТЕСТОТ. Ако тоа го стиснете, потоа, нема враќање на тестот назад. Запомнете: програмот не го повлекува автоматски вашиот тест по истекот на зададеното време.
  • Не се пријавувајте по 2 пати на испитот. Вчера една студентка беше дисквалификувана заради поднесени 2 теста. Тоа не е регуларно.
  • Не треба да сте регистрирани на платформата Квалтрикс за да го полагате испитот. Неколку минути пред почетокот на испитот ќе добиете линк во четот на МТ, кој станува активен точно во закажаното време за испитот.
  • Доколку има мал број на пријавени студенти по даден испит, имам право да го изведам испитот по устен пат на платформата МТ.
  • Го задржувам правото на промена на термините заради виша сила.
Предметен наставник

Friday, January 22, 2021

Анкета за полагање на испитот ХГ - јануари 2021

Почитувани студенти од ИСЕР,

Ве молам задолжително да ја пополните анкетата кога ќе го полагате испитот по Хумана генетика. Тоа ќе ми го олесни планирањето на испитот.

Предметен наставник

Thursday, January 21, 2021

Линкови за предмети на Мајкрософт Тимс

 Почитувани студенти,

Би сакал да ги споделам линковите за преслушување и за полагање на предметите на платформата Мајкрософт Тимс. Сите вие кои ќе полагате во престојната сесија ќе треба да побарате приклучување во дадениот предмет. Ова го говорам за повозрасните генерации кои досега од било кои причини не слушале предавања и вежби.

Предметен наставник

Wednesday, January 20, 2021

Електронско полагање на испити - јануарска сесија 2021

Почитувани студенти,

Во јануарската сесија сите мои испити во двете декади ќе се полагаат електронски на платформата Qualtrics. Вие сте должни 10-15 минути пред закажаните термини да бидете онлајн на дотичниот предмет вклучени во Мајкрософт тимс, каде што ќе добиете линк од мене и други упатства. Инаку на самиот почеток на испитот задолжително мора да впишете име, презиме и број на индекс за да може да го решавате тестот. Ќе имате по 30 прашања кои треба да ги решите за 25 минути и задолжително да го поднесете тестот. Засега термините остануваат исти, освен во случај на виша сила за што би биле дополнително информирани. Не е потребно вие да се регистрирате на платформата Квалтрикс.

Предметен наставник

Tuesday, January 19, 2021

Полагање Медицински основи на инвалидноста - јануари 2021

Почитувани студенти од ИСЕР,

Сите вие кои планирате да го полагате предметот Медицински основи на инвалидноста во престојната јануарска сесија потребно е веднаш да се пријавите на Мајкрософт Тимс на следниот ЛИНК, за да можам да ве прифатам и да ви давам инструкции на денот на полагањето. Потребно е да бидете присутни на платформата 10-15 минути пред закажаниот термин. За да имам увид во која декада ќе полагате ве молам да гласате на следната АНКЕТА.

Предметен наставник

Sunday, January 17, 2021

Анкета за полагање ХГФ - јануарска сесија 2021

Почитувани студенти од ИП,

Ве молам задолжително да ја пополните анкетата за полагање на испитот Хумана генетика и физиологија во престојната сесија. Многу ми е битно да знам колку студенти ќе го полагаат испитот во првата, во втората декада или воопшто нема да го полагаат испитот. Анкетата се однесува на сите генерации запишани и презапишани студенти од Институтот за психологија.

Предметен наставник

Friday, July 24, 2020

Задолжителни списоци на студенти за есенска сесија - 2020

Почитувани студенти,
Се ближи августовско-септемвриската сесија и потребно е да се направи распоред на простории во кои за 5-6 пати ќе биде редуциран бројот на студенти што може да полагаат. Сесијата по моите испити ќе започне на 25 август. За да се направи добар распоред во групи потребно е многу скоро да се организираме и да ми дадете точни списоци кој студент во која декада ќе полага и кој предмет ќе го полага. За таа цел ги задолжувам следните студенти да си ги консултираат своите колеги и колешки и најдоцна до понеделник 10 август да ми достават список во Ворд фајл, во посебни табели секој предмет и посебно по декади. Во списокот задолжително да има име и презиме и број на индекс во посебни колони. За некои генерации веќе одредив, но не ги запомнив и ако е објавен повторно друг студент, нека се искоординираат кој од нив ќе ми прати.

За актуелната прва година на ИСЕР се задолжува студентката 10501/19
За втора година на ИСЕР се задолжува студентката 24930/18
За трета година на ИСЕР се задолжува студентката 24560/17
За четврта година на ИСЕР се задолжува студентката 9495/16
За генерација запишани 2014 година се задолжува студентката 23273/14
За генерација запишани 2013 година се задолжува студентката 23137/13
За повозрасни генерации на ИСЕР се задолжува студентката 22811/12

За студентите од Институтот за психологија по предметот ХГФ
  • За актуелната прва година се задолжува студентката 25046/19
  • За актуелната втора година се задолжува студентката 24615/18
Студентите кои нема да бидат навремено пријавени, нема да може да им се обезбеди простор во редовната сесија и ризикуваат да не можат да полагаат. Исто така сите кои нема да достават задачи за 15 ЕКТС поени до 31 јули нема да можат да полагаат во престојната сесија.
Во очекување на вашите списоци, примете колегијални поздрави.
Предметен наставник

Wednesday, June 24, 2020

Испити 30.06.2020

Почитувани студенти,
На 30 јуни ќе се полагаат сите испити од втората декада во различни термини од 08:00, 10:00, 12:00 и 14:00 во големиот амфитеатар на ФЗФ според однапред одреден протокол.

Еве 10 напомени за вас:
✅      Набавете си на време пријави за испит!
✅Дојдете 30-тина минути пред закажаниот термин за испит!
✅Сите што ќе доцнат нема да бидат примени на испит. Вие сте должни да тргнете порано од вашите домови!
✅Доколку имате температура, кашлање, кивање, воопшто не доаѓајте да заразувате други. Ќе закажеме устно полагање за заболените. Имам право да ги отстранам од испитот сите што ќе кашлаат и киваат, а притоа не докажат дека имаат сезонска алергија. Болест се докажува со медицинска потврда!
✅Задолжително носете маска и ракавици и почитувајте го протоколот за полагање испити на УКИМ и ФЗФ!
✅Следете го редовно блогот за евентуални измени на датуми, простории, време, начин на полагање!
✅Не барајте ургенции!
✅Не се дозволени промени на термини заради неоправдани причини!
✅Никакви комуникации меѓу вас, ниту со мене не се дозволени за да не се шири евентуално вирусот ако некој е носител!
✅Не ме прашувајте кога резултатите. Имајќи ја предвид новонастанатата ситуација и бројните испити во тек на еден ден, нема да бидам во можност во вторник да ви ги дадам сите резултати. Бидете уверени дека нема да се доцни многу!


Хумана генетика и физиологија
Амфитеатар 3   08:00


25033/19
10227/19
10264/19
10530/19
10267/19
10575/19
10226/19
25019/19
10233/19
10260/19
25041/19
10241/19
25025/19
10257/19
10529/19
10259/19
10521/19
10240/19
24676/18
24926/18
24667/18
24615/18
10123/18
24613/18
10172/18
10192/18
24640/18
10176/18
24673/18
24654/18
24605/18
10131/18
10180/18
10130/18
10140/18
10125/18
24652/18
10122/18
24658/18
10224/18
10201/18
24599/18
10165/18
10166/18
10133/18
24621/18
10128/18
24630/18
24609/18
10149/18
24606/18
24679/18
24614/18
24637/18
24595/18
10122/18
10532/19


Хумана генетика
Амфитеатар 3   10:00
   
10514/19
10509/19
10466/19
10470/19
24963/19
10486/19
10463/19
24974/19
10468/19
24966/19
24988/19
10492/19
24969/19
24971/19
10483/19
10503/19
10504/19
10467/19
10481/19
10464/19
10477/19
24973/19
24980/19
24992/19
10484/19
25055/19
24994/19
25048/19
10490/19
24995/19
10482/19
10472/19
10473/19
10474/19
10498/19
25007/19
10471/19
10515/19
24967/19
24978/19
24998/19
10491/19
24970/19
10489/19
10510/19
24657/18
10121/18
24665/18
10158/18
10202/18
10207/18
24680/18
24510/17
24508/17


Хумана генетика
Амфитеатар 3   12:00


24057/16
9477/16
24093/16
9481/16
9092/15
9088/15
9122/15
23731/15
23763/15
8945/15
8590/14
8575/14
8583/14
8605/14
8526/14
23144/13
7896/12
8206/12
8193/12
22811/12
24619/18
24651/18
10156/18

Медицински основи на инвалидноста
Амфитеатар 3   12:00


10514/19
24527/17
9507/16
9489/16
9501/16
24081/16
9493/16
9519/16
24072/16
9463/16
9492/16
9505/16
9142/15
9143/15
9132/15
9113/15
23740/15
9124/15
9114/15
8992/15
9121/15
23767/15
23315/14
8580/14
8512/14
23564/14
8524/14
23145/13
23137/13
23100/13
7013/10


Физиологија со функционална анатомија
Амфитеатар 3   14:00

10514/19
10509/19
10466/19
10470/19
24963/19
10145/18
24650/18
24607/18
24632/18
10189/18
24649/18
10173/18
24677/18
24645/18
10137/18
9577/16
24208/17
9481/16
9577/16
9491/16
9622/16
9155/15
9557/16
9492/16
9446/16
9478/16
9474/16
9470/16
9447/16
9444/16
9516/16
9455/16
9555/16
23784/15
23781/15
8992/15
23731/15
9088/15
23315/14
8582/14

Предметен наставник