Showing posts with label декади. Show all posts
Showing posts with label декади. Show all posts

Tuesday, January 19, 2021

Полагање Медицински основи на инвалидноста - јануари 2021

Почитувани студенти од ИСЕР,

Сите вие кои планирате да го полагате предметот Медицински основи на инвалидноста во престојната јануарска сесија потребно е веднаш да се пријавите на Мајкрософт Тимс на следниот ЛИНК, за да можам да ве прифатам и да ви давам инструкции на денот на полагањето. Потребно е да бидете присутни на платформата 10-15 минути пред закажаниот термин. За да имам увид во која декада ќе полагате ве молам да гласате на следната АНКЕТА.

Предметен наставник

Sunday, January 17, 2021

Анкета за полагање ХГФ - јануарска сесија 2021

Почитувани студенти од ИП,

Ве молам задолжително да ја пополните анкетата за полагање на испитот Хумана генетика и физиологија во престојната сесија. Многу ми е битно да знам колку студенти ќе го полагаат испитот во првата, во втората декада или воопшто нема да го полагаат испитот. Анкетата се однесува на сите генерации запишани и презапишани студенти од Институтот за психологија.

Предметен наставник

Sunday, August 16, 2020

Не се можни рокади на декади!

Почитувани студенти,

Во последните денови дури шест студенти ми се обратија за рокади на декадите за полагање на испитите. Јас навистина не знам зошто правите така кога имавте цел месец за размислување и премислување и тоа траеше се` до 10 август. Што ви се случило во последните 6 дена, за да менувате одлуки јас навистина не знам? Ниту јас ве терав да ги изберете тие декади, ниту бевте принудени од некој друг. Сами си избравте и сега за 6 дена менувате одлуки. Сакам да ве известам повеќе да НЕ ми пишувате е-пошти, заради тоа што просториите се одредени, тестовите се направени и не можам повеќе да ви дозволам вакви екскурзии. Во услови на пандемија со Ковид-19 кога треба строго да се придржуваме до протоколи „да си играте вакви играчки“ е крајно некоректно кон мене.

Ви благодарам на разбирањето,

Предметен наставник