Почитувани студенти од ИСЕР,
Ве молам задолжително да ја пополните анкетата кога ќе го полагате испитот по Хумана генетика. Тоа ќе ми го олесни планирањето на испитот.
Предметен наставник
Професорски блог на Владимир Трајковски. Малку едукација, малку наука, малку медицина, малку дефектологија и на крајот малку музика
Почитувани студенти од ИСЕР,
Ве молам задолжително да ја пополните анкетата кога ќе го полагате испитот по Хумана генетика. Тоа ќе ми го олесни планирањето на испитот.
Предметен наставник
Почитувани студенти од ИСЕР,
Сите вие кои планирате да го полагате предметот Медицински основи на инвалидноста во престојната јануарска сесија потребно е веднаш да се пријавите на Мајкрософт Тимс на следниот ЛИНК, за да можам да ве прифатам и да ви давам инструкции на денот на полагањето. Потребно е да бидете присутни на платформата 10-15 минути пред закажаниот термин. За да имам увид во која декада ќе полагате ве молам да гласате на следната АНКЕТА.
Предметен наставник
Почитувани студенти,
Сите кои сакате да полагате испити по моите предмети задолжително треба да доставите пријава во библиотеката на ИСЕР во кутија на која е напишано моето име. Имајќи предвид дека првата декада започнува во петок на 22.01.2021, вие морате таа обврска да ја завршите најдоцна до четврток. Тие што полагаат во втората декада треба да достават пријава најдоцна до 28.01.2021 година. На пријавите од задната страна задолжително пишете во која декада го полагате испитот. Исто така испитот задолжително треба да се пријави електронски во IKnow системот на УКИМ. Тие што ќе ги положат испитите ќе треба да достават индекси во специјално одредени денови и термини за таа намена, за што ќе бидете навремено известени на овој блог. Испитот НЕ можат да го полагаат тие студенти што не освоиле 15 ЕКТС поени.
Предметен наставник
Почитувани студенти,
Сите вие кои ги положивте првите колоквиуми по ХГФ и ФФА, ве известувам дека вторите колоквиуми ќе се одржат во периодот од 8 до 15 јануари 2021 година. За точниот датум ќе бидете навремено информирани по Нова година. Поради малиот број на положени студенти, вториот колоквиум ќе се одвива устно на платформата Мајкрософт Тимс. Тоа значи дека ќе добиете повеќе прашања од целиот материјал од вториот дел кој започнав да го предавам минатава седмица.
Ви благодарам на разбирањето!
Предметен наставник