Почитувани студенти,
Ви се обраќам Вам кои ги преслушувате моите предмети за да ви укажам кога ќе давам потписи. Сите индекси што беа оставени денес до 12:30 часот се веднап потпишани. Утре за време на испитот сите што ќе полагаат ФФА, доколку немаат потпис, должни се да ги остават индексите на катедрата и на крајот од испитот да си ги земат. Истите принципи важат и за тие студенти што ќе полагаат на 15 и 16 јуни. Ве молам доколку не полагате испит, да НЕ ми влегувате за време на испит и да барате потпис. Доколку не полагате, го оставате индексот во мојот фах во библиотеката на ИСЕР. Други можности за земање потпис се во деновите кога ќе пишувам оцени и тоа е се` за јуни месец. Доколку не можете да се вклопите во овие термини едноставно оставете го индексот во библиотеката и чекајте да ви го потпишам...
Ви благодарам за разбирањето,
Предметен наставник