Monday, December 30, 2019

Термини за полагање испити втор циклус на студии - јануарска сесија 2020

Почитувани постдипломци,
Во прилог се термините за полагање испити по моите предмети од втор циклус на студии за есенската сесија:

Прва декада
22.01.2020 - Аутизам - 09:00 часот
22.01.2020 -  Медицинска рехабилитација на моторни нартушувања - 12:00 часот

Втора декада
04.02.2020 -  Аутизам   09:00 часот
04.02.2020 -  Медицинска рехабилитација на моторни нартушувања - 12:00 часот

Го задржувам правото за промена на термините заради дејство на виша сила, а вие сте должни да го следите овој блог. Среќно подготвување на испитите!

Предметен наставник

Thursday, December 26, 2019

Предавање: Физиологија на учење и меморија

Почитувани студенти од ИСЕР,
Како што ви ветив, ви го проследувам предавањето: Физиологија на учење и меморија на мојот Slideshare.net профил. Ви посакувам успешно учење на материјалот.
Предметен наставник

Последни термини 15 ЕКТС поени - декември 2019

Почитувани студенти,
Ве поканувам сите студенти што имате обврски и задачи за 15 ЕКТС поени утре и во понеделник. Иако ветив само уште еден термин, ви давам можност уште два пати за да може да полагате во јануарската сесија. Напоменувам дека во јануари нема да има вакви термини. Трудовите и интернет ресурсите треба да се прочитаат и одбранат.

  • 27.12.2019 од 11:30 до 12:30
  • 30.12.2019 од 10:30 до 11:30
Предметен наставник

Потписи преслушувачи - зимски семстар 2019

Почитувани студенти,
Ве поканувам сите студенти што ги преслушувате моите предмети од двата института во следните термини во библиотеката на ИСЕР.

  • 27.12.2019 од 11:00 до 11:30
  • 30.12.2019 од 10:00 до 10:30
Пожелно е секој студент да дојде самостојно со индексот, освен ако не сум одобрил нешто друго.

Предметен наставник

Sunday, December 22, 2019

Семинар за аутизам и АДХД во Велес - 24.12.2019

Почитувани колешки и колеги,
Задутре во вторник на 24.12.2019 година во хотелот Интернационал во Велес ќе се одржи семинарот под наслов: „АДХД и АСН - мит или реалност во нашето општество“ во организација на СТАРС центарот од Велес. Кога сопственичката на центарот, инаку моја поранешна студентка Александра Јорданов ме покани да бидам предавач без двоумење прифатив, иако е крај на годината и обично на една седмица пред НГ не одам по семинари и конференции. Со тоа на фантастичен начин ќе ја заокружам оваа година која изобилува со семинари, конгреси, состаноци, работилници и конференции кои започнаа од почетокот на февруари во Левен, па потоа во Естонија, Брисел, па Холандија, Санкт Петербург, Американско катче, МАНУ и Јавна соба во Скопје, Охрид, Будва и конечно Велес. Да биде уште поинтензивна работата во Велес ќе имам не една, туку две презентации и тоа:
  • „Сензорна претчувствителност и стратегии за решавање на проблемите кај АСН“;
  • „Методи и интервенции базирани на докази во специјалната едукацијана АСН“.
Пријавени се преку 80 учесници што за Велес и за центарот СТАРС како за прв пат организатор и повеќе од задоволителна бројка. Не сум сигурен дали има уште слободни места, но за тоа ќе мора да се обратите кај организаторката. Во прилог е целата агенда на семинарот.


Претседател на МНЗА

15 ЕКТС поени - 23.12.2019

Почитувани студенти,
Утре во редовниот термин за консултации од 10:00 до 11:30 часот ќе се одвиваат и активностите за собирање на 15 ЕКТС поени. Ова најверојатно е претпоследниот термин во оваа 2019 година за таа намена. Искористете го паметно.
Предметен наставник

Tuesday, December 17, 2019

15 ЕКТС поени - 18.12.2019

Почитувани студенти,
Утре, среда (18.12.2019) од 09:30 до 10:30 часот е термин за собирање 15 ЕКТС поени. За потписи, преслушувачите ќе си чекаат да објавам пост. Семестарот трае до 10.01.2020 година и никому нема да дадам толку рано потпис.
Предметен наставник

Monday, December 16, 2019

Завршување на задачите - 27.12.2019

Почитувани студенти,
Сите вие кои земавте дополнителни задачи за остварување на цензусот од 15 ЕКТС поени, доколку сакате да полагате во јануарската сесија, ќе мора истите да ги завршите до 27.12.2019 година. Ви благодарам на разбирањето.
Предметен наставник

Sunday, December 15, 2019

Неколку напомени и аргументи за втората #ReAttach конференција

Почитувани колешки и колеги, драги студенти и ценети родители,

Би сакал да ви дадам неколку напомени во врска со втората #ReAttach конференција што ќе се одржи во хотел Арка, Скопје, Македонија за помалку од 5,5 месеци. Организатори на конференцијата се Stichting ReAttach Therapy International и Македонско научно здружение за аутизам. Раната регистрација и крајниот рок за пријавување на апстракти завршува на 31.12.2019 година. По тој датум ќе може да се регистрирате само како пасивен учесник и за поголема котизација. Би сакал да истакнам дека ниту еден учесник нема да може да присуствува гратис, како што тоа било можеби порано случај на некои други конференции. Најниската котизација (без 2 ручека и свечена вечера) до 31.12.2019 година изнесува 20 евра, а доколку сакате да ги имате двата ручека во хотел Арка ќе треба да доплатите уште 18 евра. Доколку сакате да бидете учесник и на свечената вечера (ресторанот дополнително ќе се одреди) ќе треба да доплатите уште 25 евра, или вкупната котизација за членови на МНЗА, студенти, магистранти, докторанди и родители изнесува 63 евра. Предност на оваа конференција е што вие сами си ги бирате приоритетите. Има дури регистрација само за еден ден, доколку не можете да присуствувате на двата дена. Би сакал да напоменам дека ниту еден учесник нема да може да руча или вечера доколку ја нема платено котизацијата. За сите учесници од Македонија лично обезбедив попуст и ќе треба да се обратат на следната е-пошта за да бараат код за попуст при регистраицијата на веб страницата. Кога ќе се обратите на таа е-пошта задолжително да ја објасните вашата конекција со МНЗА.
На конференцијата доаѓаат најмалку десетина врвни имиња од областа на риатач третманот, аутистичниот спектар на нарушувања, невроразвојните нарушувања од САД, Холандија, Ирска, Италија, Израел, Индија и други држави. Сите тие доаѓаат без материјална надомест од љубов кон науката, желбата да го пренесат своето знаење на стручњаците и родителите во Македонија и од почит кон МНЗА. Затоа и се воведени овие котизации за да можат да се покријат трошоците за пат и престој во хотелот со 5 ѕвезди. Сите што добро ме познаваат знаат дека досега се` што сум организирал од семинари, конгреси, конференции било гратис, но овој пат ќе мора да платат минимална котизација ако сакаат да слушаат нешто што досега не слушнале од оваа област. Сите учесници активни и пасивни ќе добијат сертификат за учество.
Во хотел Арка има на располагање 41 соба од кои во моментот се веќе резервирани и платени 35 соби. Сите учесници од Македонија и регијата кои нема да можат да најдат соба во хотелот ги упатуваме на околните хотели или нека се обратат до организаторот.
За родителите на деца со АСН има уште една ексклузивна можност а тоа е да можат да се консултираат со врвните експерти кои ќе нудат бесплатни консултативни услуги во Гаспар центарот во Козле на 31 мај 2020 година (недела). Бројот на прегледи е ограничен на 20-25, затоа родителите што ќе се регистрираат на конференцијата ќе имаат предност за обезбедување на термин. Пријавувањето за прегледи се врши на оваа е-пошта.
Бројот на посетители во големата сала на хотел Арка е ограничен на 150. Досега веќе има регистрирано 80-тина гости. Затоа, побрзајте со пријавувањето. По исполнувањето на 150 учесници, нема да биде примен ниту еден посетител. Сите дополнителни прашања кои ги имате може да ги поставите на горенаведените е-пошти.

Со почит,
Претседател на МНЗА


Saturday, December 14, 2019

15 ЕКТС поени - 16.12.2019

Почитувани студенти,
На 16.12.2019 (понеделник) во редовниот термин за консултации ќе се одржи и терминот за земање или одговарање на задача за 15 ЕКТС поени. Сакам да укажам да побрзате со остварување на овие задачи, бидејќи нема да има уште многу вакви термини до крајот на семестарот. Поточно да кажам, ќе има само уште 2-3 термини. Доколку не ги искористите, нема да имате право да полагате во јануарска испитна сесија.
Предметен наставник

Thursday, December 12, 2019

Неколку напомени за 15 ЕКТС поени

Драги студенти,
По моите предмети освојувањето на 15 ЕКТС поени е condicio sine qua non. Без тоа не можете да излезете на испит. Како можете најлесно да ги освоите тие фамозни 15 поени? Многу едноставно. Само да доаѓате редовно на сите предавања и вежби. Да претпоставиме дека некој некогаш ќе се разболе, ќе задоцни или ќе тактизира со правење по 2 минуса на предавања и 2 на вежби (повеќе не е дозволено бидејќи не давам потпис). Тоа би значело дека на крај од семестарот би имал максимално 11 поени од присуство. Ако не положил прв колоквиум или ако нема плусови од активност (секој плус носи по 1 поен), или ако не земал претходно семинарска, или ако освоил помалку од 4 поени на семинарската, тоа би значело дека мора да одработи една од следните задачи:
  1. Семинарски труд до 10 страници (постои водич на овој блог како се прави семинарски труд). Максимален број на поени се 10.
  2. Обработка на странски стручен или научен труд кој е на анаглиски јазик и кој јас го давам како линк. Трудот треба да има максимално 3 страници и со свои зборови треба да се извлечат клучните поенти од трудот. На крајот се наведуваат автори, наслов на трудот, списание, волумен, број на списание, број на страници од која до која е трудот. Максимален број на поени се 5.
  3. Интернет ресурси на дадена тема од мене, се пребарува на интернет и се зема материјал од најмалку 3 интернет ресурси. На крајот се наведуваат интернет ресурсите како литература. Бројот на страници е до 5. Максимален број на поени се 5.
  4. Симнување на 60 видео клипови на дадени теми од Јутјуб или друг ресурс за видеа и режење на ЦД и доставување на истото до мене лично. Секој фајл треба да го носи името во оригинал на видеото. ЦД-то мора да содржи список на исчикани видео клипови, име и презиме на студентот и предметот по кој се прави. Максимален број на поени се 3.
Кај студентите од Институтот за психологија бидејќи немаат вежби речиси е задолжително кај повеќето студенти покрај семинарската работа да одработат и уште една задача. Ова не важи за тие студенти што биле на сите предавања, што имаат положено прв колоквиум, или што освоиле најмалку 5 поени на семинарската работа.
За сите овие задачи морам да бидам лично консултиран и јас да ви ги доделам. Не е дозовлено лично одбирање на теми и ресурси.
Колегијален поздрав,
Предметен наставник

11-то предавање ФФА - 13.12.2019 на ФЗФ

Почитувани студенти,
Утре е петок 13-ти. Но, тоа не е причина да не го одржиме 11-тото предавање по ред каде ќе ви зборувам за Ендокрин систем. Денес бев приморан порано да ве пуштам заради немањето парно греење на Педагошки, но затоа утре ќе надополниме. Часовите ќе се реализираат во слушална 11 на ФЗФ со почеток од 7:45 часот. Ве очекувам сите!
Предметен наставник

Wednesday, December 11, 2019

Список на освоени поени за семинарските трудови - ФФА 2019

Почитувани студенти,
Во прилог се освоените поени по предметот Физиологија со функционална анатомија. Беа предадени само 16 семинарски трудови и истите оценете во рекордно време. Вие добро си знаете колку минуси имате по предавања и вежби и така може навремено да си побарате обработка на труд или друга задача и да надополните до 15 ЕКТС поени. Семестарот се ближи кон својот крај и мора да се размислува и на испитната сесија. Празните полиња означуваат дека тие студенти не предале семинарски труд.
Предметен наставник


Број на индекс Семинар
10501/19 5
10473/19  
10464/19 4
10491/19 6
10477/19  
24966/19 7
10483/19  
24970/19  
10484/19  
10492/19  
24992/19  
24963/19 5
24988/19  
10474/19  
25007/19  
24980/19 2
10470/19  
24991/19  
10462/19  
24969/19  
24973/19  
10472/19  
24971/19  
10504/19 5
10481/19  
10466/19  
10489/19  
24981/19  
24974/19 8
25000/19  
10476/19  
24978/19  
10471/19 7
10461/19  
10463/19 5
24967/19 8
10467/19 4
10482/19 5
10503/19  
24994/19  
24998/19 4
24995/19  
10490/19  
10409/18  
10509/19  
10486/19 4
10468/19  
10514/19  
10498/19  
10479/19  
10510/19  
10515/19 1

Список на освоени поени за семинарските трудови - ХГФ 2019

Почитувани студенти,
Во прилог се освоените поени по вашите семинарски трудови по предметот Хумана генетика и физиологија. Кому збирот на освоени поени по редовност на предавања и по семинарска не му стигнува до 15 ЕКТС поени, тој/таа треба веднаш да ми пише е-пошта и да побара труд за обработка. Празните полиња означуваат дејка студентите не предале семинарски труд. Ви благодарам на разбирањето.
Предметен наставник

Број на индекс Семинарска
10531/19
10540/19 4
10242/19
25061/19
10537/19
10263/19
10244/19 6
10258/19 1
10247/19 10
10526/19 6
10231/19
10239/19 10
10522/19 3
10233/19 5
10534/19
25027/19 5
25038/19 10
10253/19 4
25047/19
25049/19 7
10264/19 4
25032/19 4
10243/19 4
10227/19 1
10541/19 3
10269/19 10
10530/19 3
10226/19 7
25041/19 1
10234/19 7
10254/19
10270/19
10533/19
10532/19 7
25057/19
10262/19 8
25020/19 8
10527/19 5
10240/19 1
10524/19 3
10225/19
25040/19 2
25054/19 8
10256/19 7
10236/19
10237/19 5
10230/19 7
10249/19 5
25039/19 6
10268/19 5
25035/19 1
25031/19 4
25033/19 2
25028/19 4
25046/19 8
25044/19 1
25051/19 4
25030/19 6
25045/19 7
10250/19 6
10257/19 7
10241/19 4
10229/19 4
10529/19 6
10267/19 7
10246/19 8
10266/19 6
10248/19 6
25043/19 8
25019/19 2
25024/19 8
25025/19 5
10528/19 4
10245/19 6
25050/19 4
25036/19 5
10521/19 5
25026/19 8
10228/19 9
10538/19 4
25023/19 10
10535/19 2
10252/19 4
10539/19 3
10265/19
10523/19 6
10251/19
10260/19 4
10261/19 9
10232/19 5
10525/19 5
10238/19 1
10536/19 5
10235/19
10255/19 6
25034/19 4
10259/19 8
10197/18
10575/19 6
24562/17 4
24655/18 2
10164/18 1
10560/19 5
10131/18 4
10408/18 5
10192/18 9
10148/18 6
24637/18 8

Monday, December 9, 2019

15 ЕКТС поени - 10.12.2019

Почитувани студенти,
Наместо денешниот празничен термин, ви нудам термин за 15 ЕКТС поени и друг вид на консултации, утре во вторник од 08:30 до 10:00 часот.
Предметен наставник

Saturday, December 7, 2019

Последен повик за апстракти за ReAttach конференцијата во Скопје

Почитувани колешки и колеги, драги студенти и драги родители,

Ја користам оваа прилика да го упатам последниот повик за поднесување на апстркати за ReAttach конференцијата што ќе се одржи во Скопје на 29 и 30 мај 2020 година. Крајниот рок за поднесување на апстракти е 31.12.2019 година. Организатори на конференцијата се ReAttach Foundation од Холандија и Македонско научно здружение за аутизам од Македонија. Секако дека е можно и пасивно учество без труд, а ова особено се однесува на родителите на децата со аутизам и други невроразвојни нарушувања, како и на студентите од ИСЕР и Институтот за психологија. За членовите на МНЗА, родителите, студентите е обезбеден попуст на котизацијата и треба само да испратат барање за добивање на код за попуст на следната е-пошта reattachfoundation@gmail.com. На конференцијата ќе присуствуваат врвни имиња од областа од калибарот на проф. д-р Мануел Казанова и проф. д-р Мохамед Газиудин од САД, проф. д-р Мајкл Фицџералд од Ирска, проф. д-р Донатела Марацити и д-р Кармело Рици од Италија, проф. д-р Александар Полетаев и проф. д-р Дмитри Бутко од Русија, д-р Хана Алоним од Израел и многу други гости од Холандија, Германија, Индија, Индонезија, итн. Прелиминарната програма која секако ќе претрпи уште ажурирања ќе можете да ја видите овде.
Тоа што би сакал посебно да го истакнам е дека на 31 мај 2020 година еминентните гости од странство ќе прават бесплатни прегледи и ќе даваат совети во ГАСПАР центарот во Козле. Предност во правењето на листата на родители ќе имаат оние кои ќе земат учество на конференцијата. Ги замолувам сите заитнересирани родители да го пријават своето учество на следната пошта president@mssa.org.mk. Би сакал да напоменам дека бројот на учесници на конференција, како и бројот на прегледи е строго ограничен и затоа пријавувајте се на време за да не ја пропуштите оваа прилика. Повеќе од 22 години сум во областа на специјалната едукација и рехабилитација и не се сеќавам дека имало повисоки и позначајни гости од оваа област во Македонија.

Претседател на МНЗА



Визитинг професор на Универзитетот Alma Mater Europаea во Марибор

Почитувани колешки и колеги,
Со особено задоволство сакам да ја соопштам веста дека неодмана потпишав договор за да бидам визитинг професор на Универзитетот Alma Mater Europaea во Марибор на нивно барање. Некаде во март годинава ме контактираше претседателот на универзитетот проф. д-р Лудвиг Топлак со желба за соработка и понуда да предавам 2 предмети на постдипломските студии на насоката Аутизам. Подоцна ме контактираше одговорниот за студиите вонр. проф. д-р Себастијан Криштовиќ, со кого ги договоривме детелите за соработката. Имено, во март месец 2020 треба да ги одржам предавањата и вежбите по двата предметас на кои ќе бидам ангажиран. Во оваа пригода им благодарам на понудата на двајцата еминентни словенечки професори и се надевам на успешна и плодна соработка. Напорната работа, љубовта и самопрегорот кон работата ги ценат надвор од Македонија. Не за џабе велат: „Трудот го создал човекот", или „Џабе работи, џабе не седи", итн. Само уште за некои локални шерифи, љубоморни колеги и колешки не се видливи плодовите од мојата работа. Но, затоа има и светски луѓе кои знаат да го ценат и вреднуваат напорниот труд. Quo vadis homo Macedonicus?
Визитинг професорот :)



Thursday, December 5, 2019

Термини за испити прв циклус на студии - зимска испитна сесија 2020

Почитувани студенти,
Знам дека ве интересираат термините за зимската испитна јануарска сесија 2020 година. Ако досега не сте почнале да учите, сигурно дека е крајно време да го сторите тоа. Тоа се следните рокови:

Прва декада:
14.01.2020 ХГ и МОИ во 08:00 часот
20.01.2020 ФФА и ХГФ во 08:00 часот

Втора декада
23.01.2020 ХГ и МОИ во 08:00 часот
31.01.2020 ФФА и ХГФ во 08:00 часот

Испитите ќе се полагаат на ФЗФ во некоја слободна просторија како што се: електронска, амфитеатар 2, слушална 11, сала за седници, голем амфитеатар, зависно која просторија ќе биде слободна. Вие треба да сте дојдени 15 минути пред испитот пред библиотеката на ИСЕР. Го задржувам правото на промена на термините заради непредвидена виша сила, а вие сте должни редовно да го следите овој блог.
Нека е со среќа учењето!
Предметен наставник

Втори колоквиуми по ФФА и ХГФ

Почитувани студенти од двата института,
Редно време е да ве известам за вторите колоквиуми по предметите ФФА и ХГФ. Истите ќе се полагаат во јануари 2020 година и право имаат да ги полагаат само студентите кои го положија првиот колоквиум.

  1. Физиологија со функционална анатомија ќе се полага на 09.01.2020 година во лабораторијата на Педагошкиот факултет во 08:00 часот.
  2. Хумана генетика и физиологија ќе се полага на 13.01.2020 година во електронската училница на Филозофскиот факултет во 08:00 часот.
По колоквиумите следуваат семинарите и давањето на потписите по одредените предмети. За ова ќе добиете дополнителни информации во јануари по празниците. Го задржувам правото на промена на термините заради учество на виша сила која не може да се предвиди, а вие сте должни редовно да го следите овој блог ако не сакате да бидете инсуфициентни во навремени информации. Ви посакувам интензивно учење и голем успех.
Предметен наставник

Wednesday, November 27, 2019

Литература за предметот Аутистичен спектар на нарушувања

Ја споделувам литературата за да го подготвите предметот за полагање на испитот. Се разбира дека може да учите и од друга литертура, но треба да се концентрирате на програмските содржини кои ви се дадени преку испитните прашања.
  1. Трајковски В. Аутизам и первазивни развојни нарушувања. Филозофски факултет, Институт за дефектологија, 2011. 
  2. Трајковски В. Аутизам. Филозофски факултет, Институт за дефектологија, 2004. 
  3. Volkmar F. Handbook of Autism and Pervasive Developmental Disorders, Vol 1: Diagnosis, Development, Neurobiologyand Behavior (3rd Edition). John Wiley and SonsIncorporated, 2005.
  4. Whitman TL. The development of autism a self regulatory perspective. Jesica Kingsley Publishers. London and New York, 2004. 
  5. Shaw W. Biological Treatments for Autism and PDD. The Great Plains Laboratory, Inc; 2000. 
  6. Pangborn JB and Baker SM. Biomedical Assessment Options for Children with Autism and Related Problems. A Consensus Report of the Defeat Autism Now, October, 2002. 
  7. Glumbiћ N. Odrasle osobe sa autizmom. Grad, Kragujevac, 2006.
  8. Hall L.J. Autism Spectrum Disorders: From Theory to Practice. Prentice Hall, 2008.



















Предметен наставник

Monday, November 25, 2019

Консултации по предметот Аутистичен спектар на нарушувања - 27.11.2019

Почитувани постдипломци,
Како што ве информира нашата координаторка по ЕКТС, првите консултации по предметот Аутистичен спектар на нарушувања ќе ги одржам во среда на 27.11.2019 година во 14:30 часот. Бидејќи сте само три кандидати ве замолувам сите да дојдете во мојот кабинет на ФЗФ кој се наоѓа пред главниот влез на факултетот од десна страна.
Предметен наставник

Sunday, November 24, 2019

Предавање на семинарски трудови - ноември 2019

Почитувани студенти од двата института,
Ви ги приложувам термините за предавање на семинарските трудови. Истите треба да се предадат во хартиена верзија (лично) и електронски преку назначениот претставник на генерацијата најдоцна до петок 29.11.2019 година.
  • Понеделник од 10:00 до 11:30 часот
  • Среда од 9:15 до 10:45 часот
  • Петок од 10:30 до 12:00 часот
Предметен наставник

Thursday, November 21, 2019

Осмо предавање ФФА - 22.11.2019

Почитувани студенти,
Ве известувам дека утре (петок) ќе се одржи осмото предавање по предметот Физиологија со функционална анатомија со почеток во 08:00 часот. Предавањето е замена за предавањето што требаше да се одржи на 05.12.2019 година, но поради вашата теренска настава надвор од Скопје нема да може да се одржи.












Предметен наставник

Wednesday, November 20, 2019

Седмо предавање ФФА - 21.11.2019

Почитувани студенти,
Утре ќе се одржи седмото предавање во редовниот термин, а веднаш потоа и вежбите. Ќе ви предавам за сензорен и моторен систем. Предлагам да ги погледнете следните видеоклипови кои најдобро го илустрираат предавањето.






















Предметен наставник

Sunday, November 17, 2019

Резултати од првиот колоквиум ФФА - 17.11.2019

Почитувани студенти,
Еве по 10,5 часовна напорна работа успеав да ги прегледам и тестовите по предметот Физиологија со функционална анатомија. Вкупно прегледани 135 тестови што е мој личен рекорд. Еден студент немаше ставено број на индекс и неговиот тест не му беше прегледан. Честитки до положените кои веќе од утре треба да почнат да го подготвуваат вториот колоквиум. Сега мирно можам да одам на концертот на Бјело Дугме. :)

Реден број
Број на индекс
ЕКТС
поени
1.       
25000/19
29
2.       
24974/19
29
3.       
10206/18
28
4.       
10463/19
26
5.       
10202/18
26
6.       
10501/19
23
7.       
10486/19
22.5
8.       
24624/18
21.5
9.       
10467/19
21
10.   
8521/14
20
11.   
10482/19
19.5
12.   
10207/18
19.5
13.   
24978/19
19
14.   
24971/19
19
15.   
24930/18
18.5
16.   
24981/19
18
17.   
24988/19
17.5 условно
18.   
24966/19
17 условно
19.   
10483/19
16
20.   
24998/19
16
21.   
23764/15
16
22.   
24991/19
15
23.   
24969/19
15
24.   
24051/16
14.5
25.   
24995/19
13.5
26.   
23781/15
13
27.   
10477/19
13
28.   
10509/19
12.5
29.   
10479/19
11
30.   
10468/19
11
31.   
10196/18
10.5
32.   
10481/19
10
33.   
10473/19
10
34.   
9519/16
9.5
35.   
24967/19
9
36.   
24631/18
9
37.   
24059/16
9
38.   
10510/19
9
39.   
24625/18
8
40.   
10464/19
8
41.   
25007/19
8
42.   
24963/19
8
43.   
24970/19
7
44.   
10490/19
7
45.   
10514/19
7
46.   
10471/19
7
47.   
24665/18
6
48.   
10515/19
6
49.   
10470/19
6
50.   
10466/19
5
51.   
24973/19
5
52.   
10491/19
5
53.   
8206/12
5
54.   
24980/19
4
55.   
24994/19
4
56.   
24992/19
4
57.   
10484/19
4
58.   
10462/19
3.5
59.   
9500/16
3
60.   
10489/19
3
61.   
10498/19
3
62.   
10474/19
0

Предметен наставник