Showing posts with label хотел Арка. Show all posts
Showing posts with label хотел Арка. Show all posts

Saturday, February 29, 2020

Уште три месеци до втората Риатач конференција во Скопје

Драги колешки и колеги,
Како што веќе знаете остануваат уште три месеци до одржување на втората Риатач конференција која ќе се одржи на 29 и 30 мај во Скопје и ние во МНЗА како соорганизатори со нетрпение ја очекуваме истата. Би сакал да ве информирам дека остануваат уште помалку од 30-тина места бидејќи речиси секојдневно има по некој заинтересиран.
Во програмата на конференцијата ќе имате прилика да чуете врвни предавачи од целиот свет како што се: Drs. Paula Weerkamp-Bartholomeus од Холандија, Prof. Dr. Mohamad Ghaziuddin од САД, Dr. Ron Willems лице со Аспергер синдром од Холандија, Prof. Felice Corona и Dr. Tonia de Giuseppe од Италија, Prof. Parasuram Ramamoorthi од Индија, Prof. Dr. Carmello Rizzo од Италија, Prof. Dr. Alexander Poletaev од Русија, Dr. Eric Sulkers од Холандија, Dr. Hanna Alonim од Израел, Prof. Dr. Donatella Marazziti од Италија, Dr. Maja Roje Novak од Хрватска, Prof. Michael Fitzgerald од Ирска, Dr. Veselin Medenica од Србија, Prof. Dmitry Butko од Русија, Dr. Ashutosh Srivastava и Dr. Ritu Chauhan од Индија и многу други врвни професионалци во својата област.
Најмалата и задолжителна котизација што мора да се плати е 25 евра и тоа подразбира само присуство на сесиите и на самата конференција. Доколку сакате и да ручате заедно со учесниците во хотел Арка тогаш ќе треба да доплатите уште 18 евра за двата ручека и уште 25 евра за свечената вечера која ќе биде во некој од скопските реномирани ресторани. Тоа би значело дека ако сакате да присуствувате на сите активности максималната котизација за членови од МНЗА, колешки и колеги од МКД, студенти и родители изнесува 68 евра. Но, за да добиете попуст мора да добиете код за попуст и за тоа ќе мора да се обратите на следната е-пошта: president@mssa.org.mk. Котизацијата се уплаќа со банкарски трансфер или кредитна картичка на сметката на Риатач фондацијата од Холандија.
За родителите од Македонија кои ќе се пријават и уплатат котизација има обезбедебно бесплатни прегледи од некои од горенаведените експерти во Гаспар Центарот во Козле на 31 мај.
Во очекување на вашите регистрации примете срдечни колегијални поздрави,

Претседател на МНЗА





Sunday, December 15, 2019

Неколку напомени и аргументи за втората #ReAttach конференција

Почитувани колешки и колеги, драги студенти и ценети родители,

Би сакал да ви дадам неколку напомени во врска со втората #ReAttach конференција што ќе се одржи во хотел Арка, Скопје, Македонија за помалку од 5,5 месеци. Организатори на конференцијата се Stichting ReAttach Therapy International и Македонско научно здружение за аутизам. Раната регистрација и крајниот рок за пријавување на апстракти завршува на 31.12.2019 година. По тој датум ќе може да се регистрирате само како пасивен учесник и за поголема котизација. Би сакал да истакнам дека ниту еден учесник нема да може да присуствува гратис, како што тоа било можеби порано случај на некои други конференции. Најниската котизација (без 2 ручека и свечена вечера) до 31.12.2019 година изнесува 20 евра, а доколку сакате да ги имате двата ручека во хотел Арка ќе треба да доплатите уште 18 евра. Доколку сакате да бидете учесник и на свечената вечера (ресторанот дополнително ќе се одреди) ќе треба да доплатите уште 25 евра, или вкупната котизација за членови на МНЗА, студенти, магистранти, докторанди и родители изнесува 63 евра. Предност на оваа конференција е што вие сами си ги бирате приоритетите. Има дури регистрација само за еден ден, доколку не можете да присуствувате на двата дена. Би сакал да напоменам дека ниту еден учесник нема да може да руча или вечера доколку ја нема платено котизацијата. За сите учесници од Македонија лично обезбедив попуст и ќе треба да се обратат на следната е-пошта за да бараат код за попуст при регистраицијата на веб страницата. Кога ќе се обратите на таа е-пошта задолжително да ја објасните вашата конекција со МНЗА.
На конференцијата доаѓаат најмалку десетина врвни имиња од областа на риатач третманот, аутистичниот спектар на нарушувања, невроразвојните нарушувања од САД, Холандија, Ирска, Италија, Израел, Индија и други држави. Сите тие доаѓаат без материјална надомест од љубов кон науката, желбата да го пренесат своето знаење на стручњаците и родителите во Македонија и од почит кон МНЗА. Затоа и се воведени овие котизации за да можат да се покријат трошоците за пат и престој во хотелот со 5 ѕвезди. Сите што добро ме познаваат знаат дека досега се` што сум организирал од семинари, конгреси, конференции било гратис, но овој пат ќе мора да платат минимална котизација ако сакаат да слушаат нешто што досега не слушнале од оваа област. Сите учесници активни и пасивни ќе добијат сертификат за учество.
Во хотел Арка има на располагање 41 соба од кои во моментот се веќе резервирани и платени 35 соби. Сите учесници од Македонија и регијата кои нема да можат да најдат соба во хотелот ги упатуваме на околните хотели или нека се обратат до организаторот.
За родителите на деца со АСН има уште една ексклузивна можност а тоа е да можат да се консултираат со врвните експерти кои ќе нудат бесплатни консултативни услуги во Гаспар центарот во Козле на 31 мај 2020 година (недела). Бројот на прегледи е ограничен на 20-25, затоа родителите што ќе се регистрираат на конференцијата ќе имаат предност за обезбедување на термин. Пријавувањето за прегледи се врши на оваа е-пошта.
Бројот на посетители во големата сала на хотел Арка е ограничен на 150. Досега веќе има регистрирано 80-тина гости. Затоа, побрзајте со пријавувањето. По исполнувањето на 150 учесници, нема да биде примен ниту еден посетител. Сите дополнителни прашања кои ги имате може да ги поставите на горенаведените е-пошти.

Со почит,
Претседател на МНЗА