Showing posts with label втора. Show all posts
Showing posts with label втора. Show all posts

Wednesday, October 23, 2024

Покана за втората годишна конференција од CUPID проектот

Почитувани колешки и колеги,

Имам особена чест и задоволство да ве поканам на втората годишна конференција од CUPID проектот. Имено се ближи крајот на втората година од проектот и редно е да дадеме јавен отчет за нашата работа. Веб конференцијата ќе се одржи на ЗУМ платформата во вторник на 29 октомври со почеток во 13:00 часот по македонско време. Регистрацијата и учеството е бесплатно на следниот ЛИНК. Гугл формуларот ќе биде отворен до 28 октомври во 10:00 часот. Ве молам запишете ги точно вашите е-пошти за да ви биде испратен линк за учество. За сите оние кои ќе бидат присутни од првата до последната минута на веб конференцијата ќе биде обезбеден електронски сертификат. Поканети се сите оние кои ги интересира превенцијата на карцином кај лицата со интелектуална попреченост.

Во прилог е програмата за конференцијата која е поддржана од COST програмата на ЕУ. Нека е честит Денот на македонската револуционерна борба! Вечна Македонија!

Заменик раководител на CUPID проектот

Раководител на WG4 групата и модератор на конференцијата









Saturday, June 20, 2020

Учесник на втората Риатач онлине конференција

Почитувани читатели,
Со особено задоволство ве информирам дека во петок на 26 јуни во 16:00 часот на платформата Зум ќе одржам предавање во рамките на втората Риатач онлине конференција. Инаку ова предавање требаше да го одржам на Риатач конференцијата што требапе да се одржи во Скопје на 30 мај, но заради проклетиот Ковид-19 се одложи.
Колегите организатори од Риатач Фондацијата во Холандија решија да се плаќа учеството по цена од 95 евра за сите три денови на конференцијата која ќе трае во периодот од 24 до 26 јуни. Доколку сака некој да се регистрира и да ја види програмата нека кликне на следниов ЛИНК. Конференцијата ќе биде исклучително на англиски јазик.
Во продолжение насловот и терминот за мојата презентација.

16.00 Prof. Dr. Vladimir Trajkovski: Role of the Microbiota-Gut-Brain-Axis in Autism Spectrum Disorder
Professor in ASD, Human Genetics, Physiology, and Functional Anatomy at St. Cyrilus and Methodius University in Skopje. President of the Macedonian Scientific Society for Autism. Editor in Chief of Journal for ReAttach Therapy and Developmental Diversities (JRTDD).

ЈРТДД главен и одговорен уредник

Friday, March 13, 2020

Откажана втората Риатач конференција во Скопје

Почитувани колешки и колеги,
Со голема разочараност морам да ви соопштам дека денес петок 13 март донесовме одлука да се откаже втората Риатач конференција што требаше да се одржи во Скопје од 29-30 мај 2020 година. За жал Корона вирусот Covid-19 овој пат е големиот фактор со кој не смееме да се опуштиме и да си играме. Ние како одговорни професионалци мораме да ги почитуваме препораките на СЗО и МЗ и заради тоа немавме друг избор.
Сите вие кои имавте уплатено котизација парите ќе ви бидат рефундирани назад во следните неколку седмици.
Искрено се надевам на разбирање од ваша страна.
Претседател на МНЗА

Sunday, December 15, 2019

Неколку напомени и аргументи за втората #ReAttach конференција

Почитувани колешки и колеги, драги студенти и ценети родители,

Би сакал да ви дадам неколку напомени во врска со втората #ReAttach конференција што ќе се одржи во хотел Арка, Скопје, Македонија за помалку од 5,5 месеци. Организатори на конференцијата се Stichting ReAttach Therapy International и Македонско научно здружение за аутизам. Раната регистрација и крајниот рок за пријавување на апстракти завршува на 31.12.2019 година. По тој датум ќе може да се регистрирате само како пасивен учесник и за поголема котизација. Би сакал да истакнам дека ниту еден учесник нема да може да присуствува гратис, како што тоа било можеби порано случај на некои други конференции. Најниската котизација (без 2 ручека и свечена вечера) до 31.12.2019 година изнесува 20 евра, а доколку сакате да ги имате двата ручека во хотел Арка ќе треба да доплатите уште 18 евра. Доколку сакате да бидете учесник и на свечената вечера (ресторанот дополнително ќе се одреди) ќе треба да доплатите уште 25 евра, или вкупната котизација за членови на МНЗА, студенти, магистранти, докторанди и родители изнесува 63 евра. Предност на оваа конференција е што вие сами си ги бирате приоритетите. Има дури регистрација само за еден ден, доколку не можете да присуствувате на двата дена. Би сакал да напоменам дека ниту еден учесник нема да може да руча или вечера доколку ја нема платено котизацијата. За сите учесници од Македонија лично обезбедив попуст и ќе треба да се обратат на следната е-пошта за да бараат код за попуст при регистраицијата на веб страницата. Кога ќе се обратите на таа е-пошта задолжително да ја објасните вашата конекција со МНЗА.
На конференцијата доаѓаат најмалку десетина врвни имиња од областа на риатач третманот, аутистичниот спектар на нарушувања, невроразвојните нарушувања од САД, Холандија, Ирска, Италија, Израел, Индија и други држави. Сите тие доаѓаат без материјална надомест од љубов кон науката, желбата да го пренесат своето знаење на стручњаците и родителите во Македонија и од почит кон МНЗА. Затоа и се воведени овие котизации за да можат да се покријат трошоците за пат и престој во хотелот со 5 ѕвезди. Сите што добро ме познаваат знаат дека досега се` што сум организирал од семинари, конгреси, конференции било гратис, но овој пат ќе мора да платат минимална котизација ако сакаат да слушаат нешто што досега не слушнале од оваа област. Сите учесници активни и пасивни ќе добијат сертификат за учество.
Во хотел Арка има на располагање 41 соба од кои во моментот се веќе резервирани и платени 35 соби. Сите учесници од Македонија и регијата кои нема да можат да најдат соба во хотелот ги упатуваме на околните хотели или нека се обратат до организаторот.
За родителите на деца со АСН има уште една ексклузивна можност а тоа е да можат да се консултираат со врвните експерти кои ќе нудат бесплатни консултативни услуги во Гаспар центарот во Козле на 31 мај 2020 година (недела). Бројот на прегледи е ограничен на 20-25, затоа родителите што ќе се регистрираат на конференцијата ќе имаат предност за обезбедување на термин. Пријавувањето за прегледи се врши на оваа е-пошта.
Бројот на посетители во големата сала на хотел Арка е ограничен на 150. Досега веќе има регистрирано 80-тина гости. Затоа, побрзајте со пријавувањето. По исполнувањето на 150 учесници, нема да биде примен ниту еден посетител. Сите дополнителни прашања кои ги имате може да ги поставите на горенаведените е-пошти.

Со почит,
Претседател на МНЗА


Friday, January 25, 2019

Втора декада јануарска сесија - 2019

Почитувани студенти,
Би сакал да ви дадам некои напомени особено што ќе има измена во полагањето на испитот ФФА. Поради големиот број на пријавени студенти по ХГФ - 90 и ФФА - 55, и поради тоа што на ФЗФ нема слободна толку голема просторија што би примила околу 145 студенти, принуден сум да направам мали измени во првично предложените термини.
Испитот ХГФ ќе се полага на 29.01.2019 година во Електронска лабораторија со почеток во 08:00 часот. Потребно е студентите да бидат 15 минути порано пред лабораторијата.
Испитот ФФА ќе се полага нешто по 08:45 часот во амфитеатар 2 на ФЗФ, што значи дека студентите не мора да бидат порано таму, бидејќи претходно ќе имам обврски со студентите од Институтот за психологија.
Испитите ХГ и МОИ ќе се полагаат на 30.01.2019 година со почеток во 08:00 часот во Електронска лабораторија. Потребно е студентите да бидат таму 15 минути пред почетокот на испитот.
Со себе треба да носите индекс, уплатена пријава за испит и сино хемиско пенкало. Никакви други помошни уреди не ви се потребни. Испитите се полагаат со претходно добиен потпис и освоени 15 ЕКТС поени од активности. Ви посакувам успех кој би се должел на вашето знаење, а не на среќа. Ниту еден студент нема да биде примен на испит ако доцни или ако нема пријава со доказ за уплата. Купете си на време пријави бидејќи Студентскиот сервис отвора во 08:00 часот и никому нема да биде дозволено тогаш да купува и да го нарушува редот во предавалната. Сите студенти што нема да имаат пријава ќе бидат вратени да полагаат во јунската сесија. Ургенциите се СТРОГО ЗАБРАНЕТИ!
Предметен наставник