Wednesday, December 30, 2015

Список со ЕКТС поени по предметите Генетика и Физиологија - 2015/2016

Почитувани студенти од Институтот за психологија,
Во прилог се списоците со ЕКТС поени по предметите Генетика и Физиологија. Студентите што се означени во црвено и зелено немаат право да ги полагаат испитите во престојната јануарска сесија поради незавршени обврски.
Предеметен наставник

Tuesday, December 29, 2015

Список на ЕКТС поени по предметот ФФА - 2015/2016

Почитувани студенти од прва година,
Во прилог ви го праќам списокот со ЕКТС поени по предметот Физиологија со функционална анатомија. Студентите што се во црвено и зелено и немаат освоено 15 ЕКТС поени и немаат право на потпис или немаат право да го полагаат испитот. Вонредните студенти се исто така должни да освојат 15 ЕКТС поени за да можат да го полагаат испитот. Една студентка има веќе оценка осум, две  студентки имаат седумка и една студентка има шест. Честито за нив нека е, а за другите многу учење во престојните празнични денови.
Предметен наставник

Monday, December 28, 2015

Резултати од вториот колоквиум по ФФА - 28.12.2015

Почитувани студенти,
Ви ги праќам резултатите од вториот колоквиум по Физиологија со функционална анатомија. За жал три студентки не ја искористија шансата да се осолободат од целосен испит преку полагање на колоквиуми.

Реден број
Број на индекс
ЕКТС
поени
1.       
9089/15
27
2.       
23749/15
23
3.       
23744/15
19
4.       
23769/15
19
5.       
8560/14
19
6.       
8940/15
17
7.       
22798/12
13
8.       
23790/15
12

Забелешка: Студенката од Институтот за психологија со број на индекс 23738/15 го положи колоквиумот Физиологија и освои 22.5 поени. Студентите што имаат под 18 поени не го положија колоквиумот.

Предметен наставник

Одржано годишното собрание на МНЗА - 25.12.2015

Драги колешки и колеги,
Сакам да ве известам дека во петокот на 25.12. 2015 година во „Порта Македонија" во прекрасна и релаксирана атмосфера се одржа годишното собрание на Македонското научно здружение за аутизам. Тоа започна во 13:00 часот и траеше два часа. Според годишниот извештај може да се заклучи дека зад нас е исклучително плодна година. Ова беше јубилејна година кога прославивме 15 години од нашето постоење. Ова беше година на проекти, награди и импакт фактор трудови. Јубилејот заради немилите настани од 9 мај 2015 година, извршниот одбор одлучи 15 годишнината да биде прославена со кампања која е медиумски насочена и со промоција на МНЗА преку социјалните мрежи. Друг проект кој треба да се потенцира е проектот на Еразмус плус програмата „Еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство", кој е интернационален проект и со учеството на членови на МНЗА. За успешноста во работата на МНЗА зборуваат и наградите кои ги доби во текот на 2015 година. Една од овие награди ја доби на интернационалниот натпревар за лого на ЕУ проектот помеѓу Хрватска, Кипар и Македонија каде победи цртежот "Autumn tree" изработен од страна на ученичката Елена Делова од VIII4 одделение од ПОУ "Д-р Златан Сремец" со дефектологот Билјана К. Настевска, член на МНЗА. Исто така МНЗА е добитник на парична награда во висина од 15.000 денари за најдобра научно истражувачка работа во 2015 година од страна на фондацијата „проф. д-р Љупчо Ајдински". Повеќе за годишниот извештај ќе можете да видите на следниот линк.


На годишно собрание како петта точка беше избор на нов претседател и извршен одбор. Тој е составен од 9 членови и тоа:

1. Проф. д-р Владимир Трајковски - претседател
2. М-р Јасмина Трошанска - потпретседател
3. Доц. д-р Оливера Рашиќ Цаневска - благајник
4. Доц. д-р Владимир Илиевски - проектен менаџер
5. Филип Јуртоски - секретар
6. Доц. д-р Дејан Трајков - член
7. Доц. д-р Наташа Станојковска Трајковска - член
8. Д-р Весна Костиќ Ивановиќ - член
9. Анита Стојчевска - член.



Програмата за 2016 година можете да ја симнете овде. Не велиме дека е идеална, но може да биде спроводлива.
Во стручниот дел презентации имаа м-р Мери Нолчева и м-р Розалија Бошковска кои ги претставија своите магистерски тези пред членството на МНЗА. М-р Розалија Давковска заборуваше за: Семејното функционирање и однесување на родителите на деца со аутизам, а м-р Мери Нолчева говореше за: Стрес, начини на справување и поддршка на родители на деца со аутистичен спектар на нарушување.
На крајот за присутните членови беше направено мало изненадување во програмата. Имено новоформираната група Вајт имаше свој настап со три нумери. Вредно е да се напомене дека нашиот член Стојан Андонов е еден од иницијаторите за формирање на оваа група.




Sunday, December 27, 2015

Семинар за студенти од Психологија - 30.12.2015

Почитувани студенти од Институтот за писхологија,
Иако рокот за испраќање на семинарски презентации ви истекува сакам да ве предупредам дека нема да можете да ги полагате испитите без да освоите 15 ЕКТС поени. Само шест студенти ми испратија презентации, а вие сте нешто повеќе. Кога планирате да ги доставите презентациите?
Презентациите треба да бидат сработени во програмот Power Point по можност верзија 2003. Времето за презентациите е ограничено на 10 минути. Овде можете да видите како да направите добра презентација. Ако сакате да дознаете како НЕ треба да ви изгледа презентацијата кликнете овде.
Вашиот семинар, одбрана на интернет ресурси и обработка на труд ќе се случуваат во среда 30.12.2015 година во 08:15 часот во лабораторијата на Педагошкиот факултет. Времето на завршување не е познато и ќе зависи од вашето знаење и умеење за презентирање. Бидејќи не слушавте предавања ќе мора да ги освоите потребните 15 ЕКТС поени од овие три задачи. За семинарската задолжително да направат Power Point по напатствијата што ги напоменав погоре. Презентациите треба да ми бидат доставени на мојата службена електронска пошта во програмот Power Point по можност верзија 2003 најдоцна до денес 27.12.2015 во 20:00 часот. Другите две задачи треба да ги научите и да ги одговарате устно. Лабораторијата се наоѓа на Педагошкиот факултет во Скопје, лево од главниот влез на вториот спрат, поточно на Институтот за безбедност одбрана и мир. Кога ќе влезете во институтот првата врата десно е местото каде ќе се презентира.
Предметен наставник

15 ЕКТС поени - 29.12.2015

Почитувани студенти,
Во вторник на 29.12.2015 година од 08:30 до 12:30 кај мене во кабинет ќе можете да се стекнете со 15 ЕКТС поени по претходно дадената задача. Ве молам за придржување на времето и за неодложување на обврската во 2016 година.
Предметен наставник

Friday, December 25, 2015

Потписи преслушувачи втора година - 26.12.2015

Почитувани студенти,
Поради теренската настава во Битола бев принуден од некои ваши колешки мојата последна вежба и потписи да ги одложам за утре (сабота) 26.12.2015 година. Вежбите по ФФА ќе се одржат од 10:00 до 11:00, а вежбите ХГ од 11:00 до 12:00. Сите студенти што имаат најмногу 2 минуси ќе добијат потпис утре, другите студенти со повеќе минуси ќе треба да одработат задача.
Предметен наставник

Thursday, December 24, 2015

Термини за испити втор циклус на студии - февруарска сесија 2016

Почитувани постдипломци,
Ви ги давам на увид термините за полагање на моите испити од втор циклус студии за февруарската сесија. Тоа се следните датуми:

11.02.2016
Аутизам во 09:00 часот
Медицинска рехабилитација на лица со моторни нарушувања во 12:00 часот

26.02.2016
Аутизам во 09:00 часот
Медицинска рехабилитација на лица со моторни нарушувања во 12:00 часот

Предметен наставник

Список на ЕКТС поени по предметот ХГ - 2015/2016

Почитувани студенти од прва година,
Во прилог ви го праќам списокот со ЕКТС поени. Студентите што се во црвено и зелено и немаат освоено 15 ЕКТС поени и немаат право на потпис или немаат право да го полагаат испитот. Вонредните студенти се исто така должни да освојат 15 ЕКТС поени за да можат да го полагаат испитот. Една студентка има веќе оценка осум, четири студентки имаат седумка и две студенти ќе дополагаат устен испит во понеделник. Честито за нив нека е, а за другите многу учење во престојните празнични денови.
Предметен наставник

Резултати од вториот колоквиум по Хумана генетика - 24.12.2015

Почитувани студенти,
Во прилог резултатите од утринскиот втор колоквиум по Хумана генетика. Честитки за положените. Студентите што се пуштени условно ќе треба да дојдат на устен испит во понеделник 28.12.2015 во 12:00 часот. Студентката што има под 16.5 поени не го положила колоквиумот и треба да се јави директно на испит.
Предметен наставник



Реден број
Број на индекс
Бодови
1.       
8506/13
27
2.       
23790/15
25.5
3.       
23749/15
24
4.       
23744/15
24
5.       
8390/13
21.5
6.       
23737/15
21.5
7.       
23769/15
19.5
8.       
23764/15
19 условно
9.       
23145/13
18.5
10.   
23088/13
18
11.   
23761/15
17 условно
12.   
8554/14
16.5 условно
13.   
23257/14
11.5

Monday, December 21, 2015

Втори колоквиуми

Почитувани студенти од двата института,
Вториот колоквиум по Хумана генетика ќе се полага во четврток на 24.12.2015 година со почеток во 08:15 часот во лабораторија на Педагошкиот факултет.
Вториот колоквиум по ФФА и Физиологија ќе се полага во понеделник на 28.12.2015 година со почеток во 08:15 часот на Филозофскиот факултет. Зборно место 10-15 минути пред библиотеката на Институтот за дефектологија.
Предметен наставник

Потписи за студенти преслушувачи

Почитувани студенти што преслушувате предмети,
Во среда 23.12.2015 година во лабораторијата со почеток во 08:15 часот ќе се одржи последното предавање и вежби за студентите од четврта година овој семестар, а потоа ќе ви бидат дадени потписи. Вежби ФФА ќе почнат во 12:30 часот, а вежбите ХГ во 13:30 часот. Потписи ќе добијат само оние студенти кои имаат направено максимум два минуси. Останатите студенти со повеќе минуси ќе треба да направат обработка на труд за да можат да го заслужат потписот.
Предметен наставник

Sunday, December 20, 2015

Семинари зимски семестар 2015

Почитувани студенти,
Како што веќе знаете семинарите по моите предмети ќе се одржат во четврток 24.12.2015 по предметот Хумана генетика и петок 25.12.2015 по предметот Физиологија со функционална анатомија за студенти од Институт за дефектологија и во среда на 30.12.2015 за студенти од Институт за психологија.
На 24.12.2015 во 10:00 часот ќе започне семинарот по Хумана генетика за прва група студенти. По завршување на семинарот следуваат потписи.
Во 12:00 часот треба да дојдат студентите од втора група за да се реализира семинарот по Хумана генетика. По завршување на семинарот следуваат потписи. Во 14:00 часот втора група вежби ФФА.
Во петок на 25.12.2015 година во 08:00 часот  ќе започне семинарот по Физиологија со функционална анатомија за прва група студенти. По завршување на семинарот следуваат потписи.
Во 09:30 часот треба да дојдат студентите од втора група за да се реализира семинарот по Физиологија со функционална анатомија. По завршување на семинарот следуваат потписи. Овие термини може да бидат малку пролонгирани ако се случи непредвидено оддолжување на нештата, но во секој случај во петок ќе треба да ги завршиме сите задолженија.
Задолжително е да се има потпис на сите вежби во практикумот и по двата предмета. Студентите што ќе презентираат треба да ми ги достават на мојата службена електронска пошта презентациите во програмот Power Point по можност верзија 2003 и тоа најдоцна до 21.12.2015 во 23:00 часот. Времето за презентациите е ограничено на 10 минути. Овде можете да видите како да направите добра презентација. Ако сакате да дознаете како НЕ треба да ви изгледа презентацијата кликнете овде.
Овие два линка важат и за студентите од Институтот за психологија кои ги слушаат предметите Генетика и Физиологија. Нивните семинари, одбрана на интернет ресурси и обработка на труд ќе се случуваат во среда 30.12.2015 година во 08:15 часот. Времето на завршување не е познато и ќе зависи од вашето знаење и умеење за презентирање. Студентите бидејќи не слушаа предавања ќе мора да ги освојат потребните 15 ЕКТС поени од овие три задачи. За семинарската задолжително да направат Power Point по напатствијата што ги напоменав погоре. Презентациите треба да ми бидат доставени на мојата службена електронска пошта во програмот Power Point по можност верзија 2003 најдоцна до недела 27.12.2015 во 14:00 часот. Другите две задачи треба да ги научат и ќе ги одговараат устно. Лабораторијата се наоѓа на Педагошкиот факултет во Скопје, лево од главниот влез на вториот спрат, поточно на Институтот за безбедност одбрана и мир. Кога ќе влезете во институтот првата врата десно е местото каде ќе се презентира.
Мислам дека ви објаснив се` што е неопходно и затоа ве молам да не ми праќате непотребни електорнски пораки на кои нема да можам да одоговорам бидејќи сум презафатен.
Предметен наставник

Friday, December 18, 2015

15 ЕКТС поени - 21.12.2015

Почитувани студенти,
Ги поканувам сите вонредни студенти од прва година и сите останати студенти кои ја немаат завршено обврската 15 ЕКТС поени да дојдат во понеделник на 21.12.2015 година кај мене во кабинет во периодот од 10:00 до 13:00 часот и да ги предадат и одговараат задачите кои им беа дадени во изминатиот период. Напоменувам дека без овие 15 ЕКТС поени, тие нема да можат да полагаат испити кај мене во престојната јануарска сесија и во сите наредни сесии.
Предметен наставник

Како да направите добра power point презентација

Драги мои студенти, почитувани колешки и колеги
Во пресрет на семинарите идната седмица сакам да ви дадам некои напатствија како да направите добра  power point  презентација. Искрено се надевам дека нешто од ова ќе го примените во вашите презентации. 

Презентирањето е процес на пренос на информации и притоа треба да внимавате на сите детали и да имате добар контакт со публиката. При презентирањето треба да знаете на која целна публика и се обраќате (во училиште, на клиника, на институт, презентирање на семинарски труд, научен труд, приказ на проект, итн.). Презентацијата е помош за предавачот, а не негова замена. Слајдот треба да ги нагласи битните елементи од предавањето и да укаже на тоа што предавачот го зборува. Слајдот треба да е кус, директен и да вклучува само клучни зборови. За да може вашата презентација да биде прикажана на екран или ѕид, текстовите и сликите треба да бидат во рамка од 95% од слајдот.
Структурата на презентација треба да изгледа вака:
Прв слајд: од кој универзитет, факултет, институт доаѓате, наслов на темата, датум и каков тип на случување е тоа, кој е предавачот.
Втор слајд: основна порака за да привлечете што поголемо внимание.
Трет слајд: преглед на презентацијата (содржина на пример).
Останати слајдови: на врвот наслов на секој слајд и важни елементи кои треба да се потсетник за предавачот. Сите слајдови треба да се нумерирани.
Последен слајд: контакт информации (телефон, електронска пошта, веб страница, Фејсбук адреса, блог, Твитер и сл.).
Треба да се придржувате до формата на слајдовите. Наслови, поднаслови и логоа треба да се појавуваат на исто место на сите слајдови. Маргините, фонтовите и боите треба да се во склад со графиконите кои секогаш треба да се наоѓаат на исто место во секој слајд.
Конкретно времетраењето за презентација на семинарските трудови ќе изнесува 10 минути што значи дека треба да имате помеѓу 10 и 15 слајдови.
Не смее да има пренатрпаност на слајдовите со многу текст. Не треба да има вишок на информации. Понекогаш графиконите и сликите можат да се префрлат на други слајдови.
Фонтовите треба да бидат читливи и доволно големи. За основен текст големина најмалку 24, за поднаслови 32, а за наслови 36, 40, или поголеми. Препорачани фонтови се: Times New Roman, Arial, Tahoma, Verdana во МК поддршка за кирилица. Фонтот треба да биде стандардизиран низ целата презентација. Италик не користете бидејќи е тешко за читање. Потцртување се прави само за хиперлинкови. Користете друга боја или болдирање ако сакате нешто да потенцирате. Курзив се користи за цитати, да нагласи одредено мислење или идеи, за наслови на книги, или на списанија. Треба да изберете прикладни, контрастни бои кои треба да се складни со позадината и да не биде прешарено. Користете иста позадина за секој слајд, не експериментирајте премногу. Менувањето на стилот на позадината го одвлекува вниманието. Не користете позадини во кои текстот ќе биде слабо читлив. Секогаш треба да се води сметка за контрастот на боите. При избор на боја водете сметка за просторијата и светлината во неа. Ако просторијата е темна, позадината може да биде темна со светли букви (прим. сино и жолто). Ако просторијата е светла, подобро да се користи светла позадина со темни букви.  За графиконите, сликите и шемите бидете сигурни дека публиката може да ги прочита. Графиконот е визулено поприфатлив начин за претставување на броеви, отколку табела. Илустрациите користете ги кога ќе ви затребаат. Треба да се однесуваат на главната порака, на поентата на предавањето. Едноставните дијаграми се одлични за комуникација со публиката. Графиконите, сликите и анимациите придонесуваат за разбивање на монотонијата во предавањето. При изборот на анимација бидете внимателни да не се одвлече вниманието на слушателите од главната приказна на предавачот. Користете набројување со бројки кога има логични сукцесивни чекори.
Не ги користете медиумите да се сокриете позади компјутерот или проекторот. Медиумите треба да ја подобрат презентацијата, а не да бидат презентација сами по себе. Треба да направите проверка на расположливото време, да се проба предавањето во домашни услови. Предолгите презентации одтануваат недоискажани, а пак прекусите презентации оставаат повеќе време за прашања. Испратете ја презентацијата за проверка дали е се во ред со фонтовите, со кодеците, со други додатоци. Имајте секогаш резервен план, на пример ако користите интернет и тој не функционира. Воопшто не треба да сте нервозни и да имате трема. Понекогаш може да се уфрли досетка, тоа го привлекува вниманието и ја разбива монотонијата, но не смее да се претера. Првиот впечаток е најбитен, не се извинувајте однапред, почекајте да се стиша публиката и почнете со голема сигурност во себе. Изразувајте се разбирливо, бидете доволно гласни, движете се ако можете. Мора да дадете енергичност во предавањето, зашто ако ви е досадно вам, тогаш секако и на публиката ќе и биде досадно. Менувајте го тоналитетот, нагласувајте, а ако треба малку и бидете драматични. Имајте контакт со очи со целата публика, а не гледајте само во една точка. Комуцирајте и со публиката и со комисијата ако се работи за одбрана на дипломски, магистерски или докторски труд.

Во однос на семинарите идната седмица сакам да укажам на сите пријавени презентери дека вашите презентации треба да ми ги пратите најдоцна до понеделник 21.12.2015 година до 23 часот на мојата електронска пошта. Фајлот треба да биде именуван на следниот начин: име и презиме на презентерот-цртичка-наслов на семинарската-цртичка-кус наслов по кој предмет е семинарската работа.
Пример: Симона Трендафилова-Генетско советување-ХГ. Во продолжение уште напомени за добра презентација.

Во надеж дека малку ви помогнав во вашите презентации, срдечно ве поздравувам.
Предметен наставник