Monday, December 28, 2015

Одржано годишното собрание на МНЗА - 25.12.2015

Драги колешки и колеги,
Сакам да ве известам дека во петокот на 25.12. 2015 година во „Порта Македонија" во прекрасна и релаксирана атмосфера се одржа годишното собрание на Македонското научно здружение за аутизам. Тоа започна во 13:00 часот и траеше два часа. Според годишниот извештај може да се заклучи дека зад нас е исклучително плодна година. Ова беше јубилејна година кога прославивме 15 години од нашето постоење. Ова беше година на проекти, награди и импакт фактор трудови. Јубилејот заради немилите настани од 9 мај 2015 година, извршниот одбор одлучи 15 годишнината да биде прославена со кампања која е медиумски насочена и со промоција на МНЗА преку социјалните мрежи. Друг проект кој треба да се потенцира е проектот на Еразмус плус програмата „Еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство", кој е интернационален проект и со учеството на членови на МНЗА. За успешноста во работата на МНЗА зборуваат и наградите кои ги доби во текот на 2015 година. Една од овие награди ја доби на интернационалниот натпревар за лого на ЕУ проектот помеѓу Хрватска, Кипар и Македонија каде победи цртежот "Autumn tree" изработен од страна на ученичката Елена Делова од VIII4 одделение од ПОУ "Д-р Златан Сремец" со дефектологот Билјана К. Настевска, член на МНЗА. Исто така МНЗА е добитник на парична награда во висина од 15.000 денари за најдобра научно истражувачка работа во 2015 година од страна на фондацијата „проф. д-р Љупчо Ајдински". Повеќе за годишниот извештај ќе можете да видите на следниот линк.


На годишно собрание како петта точка беше избор на нов претседател и извршен одбор. Тој е составен од 9 членови и тоа:

1. Проф. д-р Владимир Трајковски - претседател
2. М-р Јасмина Трошанска - потпретседател
3. Доц. д-р Оливера Рашиќ Цаневска - благајник
4. Доц. д-р Владимир Илиевски - проектен менаџер
5. Филип Јуртоски - секретар
6. Доц. д-р Дејан Трајков - член
7. Доц. д-р Наташа Станојковска Трајковска - член
8. Д-р Весна Костиќ Ивановиќ - член
9. Анита Стојчевска - член.



Програмата за 2016 година можете да ја симнете овде. Не велиме дека е идеална, но може да биде спроводлива.
Во стручниот дел презентации имаа м-р Мери Нолчева и м-р Розалија Бошковска кои ги претставија своите магистерски тези пред членството на МНЗА. М-р Розалија Давковска заборуваше за: Семејното функционирање и однесување на родителите на деца со аутизам, а м-р Мери Нолчева говореше за: Стрес, начини на справување и поддршка на родители на деца со аутистичен спектар на нарушување.
На крајот за присутните членови беше направено мало изненадување во програмата. Имено новоформираната група Вајт имаше свој настап со три нумери. Вредно е да се напомене дека нашиот член Стојан Андонов е еден од иницијаторите за формирање на оваа група.




No comments:

Post a Comment