Thursday, July 21, 2022

Анкета за полагање испити во есенската сесија - 2022

Почитувани студенти,

Би сакал да ја споделам анкетата за полагање испити во есенската сесија. Потребно е да ви бидат пријавении електронски испитите, а пријавите ќе ги носите со себе на денот на испитот доколку се полага со физичко присуство. За да имам увид во полагањето, ве молам да ги пополните анкетите за следните испити:

Следете го блогот во август заради евентуални промени во начинот на полагање и датумите. Ви благодарам на соработката.
Предметен наставник

Wednesday, July 20, 2022

Објавени резимеа на конференции, конгреси, семинари и симпозиуми

Почитувани посетители,

Ја продолжувам практиката на јавно и транспарентно прикажување на мојата работа. Во овој пост ги споделувам сите објавени резимеа од мои учества на конгреси, конференции, симпозиуми и семинари од 2001 година до денес. Се разбира дека овде можете да видите и со кого сум соработувал. Засега на број се 66 резимеа објавени во зборници, со тенденција да растат во блиска и подалечна иднина.

1. Трајковски В, Спироски М. Имунодефициентност и супресија имунолошког система код деце са аутизмом. Зборник резимеа радова-Дани дефектолога Југославије „2001“. Аранѓеловац, Јануари, 2001; 45.
2. Трајковски В, Павлова-Јурхар М, Ајдински Љ, Спироски М. Плазма концентрација имуноглобулинских класа и субкласа код деце са аутизмом у Републици Македонији. Зборник резимеа радова-Дани дефектолога Југославије 2002. Херцег Нови, Јануари, 2002; 70-71.

3. Трајковски В, Павлова-Јурхар М, Ајдински Љ, Спироски М. Плазма концентрација имуноглобулинских класа и субкласа код деце са аутизмом у Републици Македонији. Меѓународни семинар “Савремене тенденције у третману особа са аутизмом”, Нови Сад, 28-30 Јуни, 2002; 39-40.

4. Трајковски В, Арсов Т, Стрезова А, Петличковски А, Трајков Д, Павлова-Јурхар М, Јанкова Р, Копачев Д, Спироски М. ХЛА-ДНК типизација код особа са аутизмом у Републици Македонији. Зборник резимеа- Меѓународни научни скуп “Дани завода”. Белград, 24-26 Ноември, 2002; 100-101.

5. Trajkovski V, Ajdinski Lj, Spiroski M. Plasma concentration of immunoglobulin classes and subclasses in children with autism in the Republic of Macedonia. Congress Abstracts from 12th World Congress IASSID, June 14-19, 2004, Montpellier, France. Journal of Intellectual Disability Research vol. 48, p.288.

6. Трајковски В, Петличковски А, Ефинска-Младеновска О, Ајдински Љ, Спироски М. Алергије на храну код аутистичних особа у Републици Македонији. Зборник резимеа радова-Дани дефектолога Србије и Црне Горе 2005. Херцег Нови, Фебруари, 2005; 70-71.

7. Трајковски В. Биомедицинска дијагностика аутизма. Зборник резимеа радова-Меѓународни научни скуп: “Специјална едукација и рехабилитација-кораци и искораци. Београд, Сава центар, 14-15 Новембар, 2005; 44-45.

8. Трајковски В, Василевска К, Ајдински Љ, Спироски М. Епидемиолошке карактеристике аутизма у Републици Македонији. Зборник резимеа радова-Дани дефектолога Србије и Црне Горе. Врњачка Бања, 15-19 Јануар, 2006; 117-118.

9. Trajkovski V. Ageing and its relationships to the cause of a person's with autism spectrum disorders. Book of Abstracts from Ageing and Disability Conference, June 8-9, 2006, Graz, Austria.

10. Трајковски В. Специфични проблеми и права одраслих особа са аутизмом. Зборник радова и сажетака- Меѓународна конференција: “Мултидисциплинарни приступи у специјалној едукацији и рехабилитацији. Београд, 15-16 Септембар, 2006; 88-95.

11. Trajkovski V. Biomedical teatments of autism. Knjiga sažetaka - Međunarodni znanstveni i stručni skup: "Rehabilitacija - stanje i perspektive djece s teškoćama u razvoju i osoba s invaliditetom. Rijeka, 12-13 listopada, 2006; 13.

12. Trajkovski V. Genetska osnova višestruke ometenosti. Zbornik sažetaka - "Norme i standardi u radu sa višestruko ometenim osobama", Pokrajinski zavod za socijalnu zaštitu, Veternik, 20 Oktobar, 2006; 1-4.

13. Трајковски В. Токсичност, оксидативни стрес и неуронални инсулт код аутизма. Зборник резимеа радова-Дани дефектолога Србије. Врњачка Бања, 15-18 Јануар, 2007; 125-126.

14. Trajkovski V. Prenatalna dijagnoza. Zbornik sažetaka - "Višestruka ometenost", Veternik, 18 Maj, 2007; 8-11.

15. Trajkovski V. Novosti u genetici mentalne retardacije. Zbornik sažetaka - "Različiti po sposobnostima, jednaki u pravima", Zagreb, 22-23 studeni, 2007; 61.

16. Spiroski M, Trajkovski V, Trajkov D, Petlichkovski A, Strezova A, Efinska-Mladenovska O, Srbinovska O, Hristomanova S, Djuleic E, Petrov J. Concomitant autoimmunity, allergy and immune tolerance are possible immunological disorder in autism. 5th Balkan Congress of Immunology, June 01-03, 2008, Ohrid. Maced J Med Sci; 1 (Suppl. 1): S21-S22.

17. Trajkovski V. Fiziološke abnormalnosti kod autizma. Zbornik sažetaka - "Višestruka ometenost – udružena stanja", Veternik, 06 Jun, 2008; 53-58.

18. Трајковски В. Значењето на генетската евалуација во дијагностиката на аутизмот. Зборник на резимеа – Меѓународна конференција: „Улогата на дефектологот во институционалниот и вонинституционалниот третман на децата со посебни потреби“. Скопје 2-3 октомври, 2008; 138-139.

19. Ивановска Ј, Трајковски В. Улогата на сликите во работата со дете со аутизам. Зборник на резимеа – Меѓународна конференција: „Улогата на дефектологот во институционалниот и вонинституционалниот третман на децата со посебни потреби“. Скопје 2-3 октомври, 2008; 140-141.

20. Trajkovski V. Genetic evaluation and Genetic counseling of Autism Spectrum Disorders. Book of abstracts – International conference: “Rain Man is among us. Contemporary forms of Support for Autistic Persons. A systems Approach. Krakow, November 27-29, 2008; 158-159.

21. Trajkovski V. Macedonian Scientific Society for Autism – Portrait. Book of abstracts – International conference: “Rain Man is among us. Contemporary forms of Support for Autistic Persons. A systems Approach. Krakow, November 27-29, 2008; 159-161.

22. Trajkovski V, Ljubić A. Refractive errors in children and young adults with Down syndrome. Book of abstracts – I European Congress on Down syndrome in Bosnia and Herzegovina, April 02-05, 2009; 28.

23. Trajkovski V. Health care system for people with intellectual disabilities in Macedonia. Book of abstracts – International Congress of Best Practice in Intellectual Disability Medicine. Bristol, UK, 13-14 May, 2010; 14.

24. Рашиќ О, Трајковски В. Полов развој, абнормално полово однесување и сексуално воспитание кај лицата со инвалидност. Зборник на резимеа – Меѓународна конференција: „60 години воспитание, образование, рехабилитација и вработување на лицата со инвалидност во Република Македонија“. Битола 27-29 мај, 2010; 66-67.

25. Станкова Т, Трајковски В. Ставови и размислувања на работодавачите, вработените лица и родителите за можностите за вработување на лица со аутизам. Зборник на резимеа – Меѓународна конференција: „60 години воспитание, образование, рехабилитација и вработување на лицата со инвалидност во Република Македонија“. Битола 27-29 мај, 2010; 118-119.

26. Галевска В, Трајковски В. Состојбата со заштитата, едукацијата и рехабилитацијата на лицата со аутизам во Р. Македонија и ставовите на родителите и стручните лица за потребата од нејзиното менување и осовременување. Зборник на резимеа – Меѓународна конференција: „60 години воспитание, образование, рехабилитација и вработување на лицата со инвалидност во Република Македонија“. Битола 27-29 мај, 2010; 194-195.

27. Младеновска Б, Трајковски В. Ставовите и мислењата на родителите и студентите за сексуалниот развој, однесување и полов идентитет кај лицата со аутизам. Зборник на резимеа – Меѓународна конференција: „60 години воспитание, образование, рехабилитација и вработување на лицата со инвалидност во Република Македонија“. Битола 27-29 мај, 2010; 198-199.

28. Трошанска Ј, Трајковски В. Искуства на родители на деца со аутизам во Република Македонија. Зборник на резимеа – Меѓународна конференција: „60 години воспитание, образование, рехабилитација и вработување на лицата со инвалидност во Република Македонија“. Битола 27-29 мај, 2010; 202-203.

29. Trajkovski V, Ilievski V. Disabled Students in Higher Education in Macedonian Universities. Book of abstracts – Regional JFDP Alumni Conference: “Enhancing Accessibility of the Higher Education to the Disabled”. Skopje/Ohrid, Nov 22-24, 2010; 11-12.

30. Davkovska R, Trajkovski V. Family status of parents of children with autism. Book of abstracts – First International Conference of Students of Special Education and Rehabilitation: “Special Education and Rehabilitation”. Belgrade, April 15-18, 2011; 237-238.

31. Trajkovski V. Genetski aspekti govorno-jezičkih poremećaja. Zbornik rezimea – I simpozijum logopeda Srbije: “Prevencija, dijagnostika i tretman govorno-jezičkih poremećaja”. Divčibare, 12-13 maj, 2012; 9-10.

32. Chepishevska S, Trajkovski V. Most common phonological/articulation disorders in children aged between 4-6 years. Book of abstracts – The first Symposium logopedists from Serbia: “Prevention, Diagnosis and Treatment of Speech-Language Disorders”. Divčibare, May 12-13, 2012; 33-34.

33. Spandževska N, Trajkovski V. Ispitivanje sintaksičkog razvoja kod dece sa lakom mentalnom retardacijom. Zbornik rezimea – I simpozijum logopeda Srbije: “Prevencija, dijagnostika i tretman govorno-jezičkih poremećaja”. Divčibare, 12-13 maj, 2012; 83-84.

34. Атанасова Н, Стоименов Д, Ристовска Л, Трајковски В. Функција на Евстахиевата туба пред и по adenotonsillectomia, adenoidectomia i tonsillectomia. Зборник на апстракти – 3rd Macedonian Congress of ORL with international participation. Ohrid, 16-19 September, 2012; 115-117.

35. Trajkovski V. Epigenetics of autism spectrum disorders. Book of abstracts – 32nd Balkan Medical Week. Nish, 21-23 September, 2012; O56.

36. Trajkovski V, Krstevska-Kokormanova B. Associated conditions in persons with cerebral palsy. Book of abstracts – II International Scientific Conference: Special Education and Rehabilitation-Cerebral Palsy. Novi Sad, 25-28 October, 2012; 41.

37. Cakić M, Trajkovski V. Svakodnevni život mladih sa invaliditetom u Republici Makedoniji. Zbornik rezimea – I stručno-naučni skup sa međunarodnim učešćem “Aktuelnosti u edukaciji i rehabilitaciji osoba sa smetnjama u razvoju”. Šabac, 14-15 decembar, 2012; 134.

38. Петковска А, Трајковски В. Употреба информатичке компјутерске технологије (ИКТ) у образовању деце са сметњама у развоју. Zbornik rezimea radova-Dani defektologa Srbije. Суботицa, 9-12 Januar, 2013; 80-81.

39. Трајковски В. Ментално здравје и аутизам. Зборник на апстракти ‡ Вти македонски психијатриски конгрес со меѓународно учество. Охрид 22-26 мај, 2013; 46-47.

40. Трајковски В. Коморбидни медицински состојби кај аутистичен спектар на нарушувања. Зборник на резимеа – Четврта меѓународна конференција: „Современи аспекти на специјалната едукација и рехабилитација на лица со инвалидност“. Охрид 17-19 октомври, 2013; 44-45.

41. Трошанаска Ј, Трајковски В. Стадиуми на комуникација кај деца со аутизам. Зборник на резимеа – Четврта меѓународна конференција: „Современи аспекти на специјалната едукација и рехабилитација на лица со инвалидност“. Охрид 17-19 октомври, 2013; 48-49.

42. Митевска А, Трајковски В. Инклузија на ученици со аутистичен спектар на нарушувања. Зборник на резимеа – Четврта меѓународна конференција: „Современи аспекти на специјалната едукација и рехабилитација на лица со инвалидност“. Охрид 17-19 октомври, 2013; 124-125.

43. Илиќ Пешиќ М, Трајковски В. Квалитетот на односот меѓу браќа и сестри кај семејства што имаат дете со аутизам. Зборник на резимеа – Четврта меѓународна конференција: „Современи аспекти на специјалната едукација и рехабилитација на лица со инвалидност“. Охрид 17-19 октомври, 2013; 238-239.

44. Јуртоски Ф, Трајковски В. Нарушувања на моторните способности кај деца со аутизам. Зборник на апстракти – Прва македонска конференција за детска и адолесцентна психијатрија со меѓународно учество: „Развојна психопатологија-предизвици и можности“. Охрид 16-18 октомври, 2014; 15-16.

45. Trajkovski V, Cickovska T. Inclusion of children with autism spectrum disorders in mainstream schools in southwestern Macedonia. Book of abstracts ‡ 8th International Scintific Conference – „Special education and rehabilitation today“. Belgrade, November 7-9, 2014; 103.

46. Mitevska K, Trajkovski V. The grade of dependence in daily functioning of children with autism compared to children with mild intellectual disability. Book of abstracts ‡ 8th International Scintific Conference – „Special Education and Rehabilitation Today“. Belgrade, November 7-9, 2014; 136.

47. Trajkovski V, Trpeska M, Todorovska A. Zdravstvena zaštita osoba sa intelektualnom ometenošću i autizmom u Republici Makedoniji. Zbornik rezimea ‡ Međunarodna konferencija: „Savremeni defektološki rad – rehabilitacija, prevencija isključenosti i inkluzija“. Novi Sad, 15 novembar 2014; 24-25.

48. Степаноска А, Трајковски В. Специфичности у свакодневном функционисању деце са Down синдромом. Zbornik rezimea radova-Dani defektologa Srbije. Крагујевац, 14-17 Januar, 2015; 113.

49. Trajkovski V. Implementation of assistive technology in children with autism spectrum disorders. Book of abstracts - „Assistive technology to support human development“. Cracow, September 23, 2015; 20.

50. Trajkovski V. Complementary and alternative medicine (CAM) treatments in children with autism spectrum disorders (ASD). Book of abstracts ‡ 5th Congress of Croatian speech and language therapists with international participation – „Multidisciplinary approach in speech and language sciences and practice“. Osijek, September 24-26, 2015; 94.

51. Mateska N, Trajkovski V. Stress that parents of autistic children and parents of children with cerebral palsy face. Book of abstracts ‡ 9th International Scintific Conference – „Special Education and Rehabilitation Today“. Belgrade, September 25-27, 2015; 31.

52. Weerkamp Bartholomeus P, Trajkovski V. Multimodalna intervencija za decu i odrasle sa autističnim spektrom poremećaja: „Reattach“. Zbornik rezimea ‡ IV stručno-naučni skup sa međunarodnim učešćem „Aktuelnosti u edukaciji i rehabilitaciji osoba sa smetnjama u razvoju“. Beograd, 24-25 oktobar, 2015; 19.

53. Preece D, Trajkovski V, Symeou L, Stosic J, Mavrou K, Theodorou E, Troshanska J, Blazevic S, Ruzic A, Baranger A, Fortuna R, Capper A, Charalambous-Darden N, Winstanley A, Hardcastle J, Bramble P, Kokkinos A, Fernandez C, Frey Skrinjar J. Developing ecologically valid parent education for families living with autism in a part of Europe. XI Autism Europe Congress “Happy, healthy and empowered”. Edinburgh, September 16-18, 2016.


54. Nolcheva M, Trajkovski V. Parenting stress in parents of children with autism spectrum disorders in relation to coping mechanisms and family support. XI Autism Europe Congress “Happy, healthy and empowered”. Edinburgh, September 16-18, 2016.


55. Trajkovski V. Evidence-based practice in autism spectrum disorders. First international congress for persons with disabilities “Why not to be so different”. Skopje, October 14-16, 2016; 43-44.

56. Trajkovski V, Preece D, Troshanska J, Mavrou K, Teodorou E, Stošić J, Fray Škrinjar J, Bramble P. Pomoć roditeljima u razumevanju i podršci njihovoj deci sa autizmom u Jugoistočnoj Evropi. Zbornik rezimea „Dani defektologa Srbije”. Novi Sad, 09-12 Februar, 2017; 23.

57. Preece D, Stosic J, Frey Škrinjar J, Troshanska J, Symeou L, Mavrou K, Theodorou E, Trajkovski V. Education for families of children with ASD. Book of Abstracts „9th International Conference of the Faculty of Education and Rehabilitation Sciences University of Zagreb”, Zagreb , 17 – 19 May 2017; 32.

58. Preece D, Aguila Munoz S, Capper A, Charalambous Darden N, Fortuna R, Frey Škrinjar J, Gerolemou C, Mavrou K, Ruzic A, Stosic J, Symeou L, Theodorou E, Trajkovski V. „Positive Approaches to autism“ – education for parents. Book of Abstracts „9th International Conference of the Faculty of Education and Rehabilitation Sciences University of Zagreb”, Zagreb , 17 – 19 May 2017; 108.

59. Troshanska J, Trajkovski V. Auditivno i vizuelno procesiranje učenika sa autizmom u poređenju sa učenicima sa lakom mentalnom retardacijom i učenicima neurotipične populacije. Zbornik rezimea „Aktuelnosti u edukaciji i rehabilitaciji osoba sa smetnjama u razvoju“. Valjevo, 19-21 Maj, 2017; 44.

60. Preece D, Symeou L, Stošić J, Theodorou E, Mavrou K, Troshanska J, Frey Škrinjar J, Trajkovski V. Listening to (empower) parents: family education for children on the autism spectrum in south-east Europe. European Research Network about Parents in Education (ERNAPE), 11th Biennial Conference: “Intensification, constraint and opportunity: changing roles for parents, schools and communities. Addressing equity and diversity issues”. London, 5-7 July 2017.

61. Preece D, Stošić J, Theodorou E, Troshanska J, Mavrou K, Symeou L, Frey Škrinjar J, Trajkovski V. Impact of Parent Education on Families in South-East Europe. INSAR 2018 Annual Meting. Rotterdam, 9-12 May 2018. https://insar.confex.com/insar/2018/webprogram/Paper26189.html

62. Trajkovski V. Health issues and health care in autism spectrum disorders. Book of Abstracts International Scientific Conference: „Focus on Autism“. Krakow, 27-29 September 2018; 128-129.

63. Trajkovski V. Association between cerebral palsy and autism spectrum disorders. Book of Abstracts VIII interdisciplinary scientific practical congress with international participation: „Cerebral palsy and other develeopmental disorders“. Moscow, 1-2 November 2018; 132-133.

64. Trajkovski V. Autism spectrum disorder as frequent neurodevelopmental disorder – a challenge for Diagnosis. Book of Abstracts International Scientific Conference: “Psychology for all”. Ohrid, 26-28 September 2019; 15.

65. Trajkovski V. Autism spectrum disorders and the science of social work. Book of Abstracts 8th Scientific conference with international participation: „All about people: relevance of science and education“. Maribor, 13-14 March 2020; 324.

66. Trajkovski V. Supporting pupils with autism spectrum disorder in educational settings. Book of Abstracts International scientific conference: „75th Aniversary of Institute of Pedagogy – Educational Challenges and Future Prospects“. Ohrid, 16-18 May 2022; 92-93.

Авторот-коавторот

Tuesday, July 19, 2022

Учества во проекти

Почитувани колешки и колеги,

Чувствувам за потребно да ја информирам стручната јавност во Македонија и пошироко за моите учества во стручно-научни проекти од 2000 година до денес. За овој 22 годишен период имам реализирано или сум се` уште во фаза на реализација 21 проект. Еве ги деталите за нив.

  1. Серумски имуноглобулини и специфични алергени од храна кај лица со аутизам во Република Македонија (Министерство за наука на Република Македонија број 08-2214/4 од 15.07.2000 година).
  2. Информации за аутизмот во Македонија (Македонски центар за меѓународна соработка број 10-723/21 од 19.12.2000 година).
  3. ХЛА-ДНК истражувања кај фамилии со аутизам во Република Македонија (Министерство за наука на Република Македонија број 07-1171/4 од 02.07.2001 година).
  4. Права на лицата со аутизам во Македонија (Македонски центар за меѓународна соработка број 08-698/1 од 12.12.2001 година).
  5. Епидемиолошка студија на лицата со аутизам во Република Македонија (Министерство за финансии - реализиран во 2001 година).
  6. Одредување на преваленцијата и инциденцијата на лицата со аутизам во Република Македонија (Министерство за финансии - реализиран во 2002 година).
  7. Толеранција или прифаќање – ЕАСПД проект. Подржан од Генералниот директорат за вработување и социјална работа при ЕК и под буџетската линија "Акции за борба и превенција на социјалната ексклузија" (2002-2003).
  8. Европа место за живеење – ЕАСПД проект. Проект спроведен во европската година за инвалидни лица, започнат од принципот дека сите европски граѓани треба да бидат слушнати и да им се даде право на глас на лицата со потешки интелектуални нарушувања (2003).
  9. „Во ФОКУС“ со TEMPUS програмата (2001-2004).
  10. „Заеднички глас мрежен проект“. Примарна и најсеопфатна цел на ова десктоп истражување е да ја истражи правната позадина со цел да се засили антидискриминацијата и еднаквите можности кај лица со интелектуална попреченост и аутизам (2008-2009).
  11. „Засилување на научните студии за ран аутизам“ со COST програмата (2010-2014).
  12. „Програма за целосна социјализација на деца со посебни потреби во нивните заедници“ ЕУ проект (2014-2015).
  13. „Еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство“ Еразмус плус ЕУ проект (2015-2018).
  14. „Холистички пристап на планирање за лица со аутизам“. 2018-1-EL01-KA204-047788 - Еразмус плус ЕУ проект (2018-2021).
  15. „Пријателски простори за аутизам“. – Еразмус плус проект. (2019-2022).
  16. „Програма за социјални вештини и позитивно родителство кај аутизмот“ – УНИЦЕФ проект SSFA/MCDA/19-004/Amendment 1 (2019-2020).
  17. „Зајакнување на капацитетите кај професионалците за проблемите и потребите на децата со аутистичен спектар на нарушувања, во предучилишните и училишните установи“ – проект од Општина Карпош (2020-2021).
  18. „Учам и ги надминувам своите граници“. – Еразмус плус проект. КА2 – Соработка за иновации и размена на добри практики Стратешки партнерства за образование на возрасни. Број на проект: 2020-1-TR01-KA204-092794 (2020-2022).
  19. „Инклузија преку социјални вештини за учениците со аутистичен спектар на нарушување и интелектуална попреченост“. – Еразмус плус проект. KA210-SCH – Мали партнерства во училишното образование. Број на проектот: KA210-SCH-617E85D8 (2021-2023).
  20. „Достапно дигитално образование за ученици со аутизам и интелектуална попреченост: иновативни решенија и подобрување на компетенциите на едукаторите“. – Еразмус плус проект. KA220-SCH – Партнерства за соработка во училишното образование. Број на проектот: KA220-SCH-BCB692B4 (2021-2024).
  21. „Карционом-разбирање на превенцијата кај интелектуалната попреченост“ – COST ЕУ проект. Број на проектот: CA21123. (2022-2026).
Учесник во проектите


Член на комитетот за менаџирање во CUPID проектот

Почитувани колешки и колеги,

Со извесна доза на задоволство сакам да ја информирам македонската научна јавност дека сум избран за член на комитетот за менаџирање во CUPID проектот во рамките на COST програмата на ЕУ што ќе се реализира од 25.10.2022 до 24.10.2026 година. Бројот на проектот е CA21123 - Cancer- Understanding Prevention in Intellectual Disabilities-CUPID.

Постои слабо разбирање за превенцијата од рак кај луѓето со интелектуална попреченост. CUPID ќе воспостави истражувачка агенда и база на знаење за да го подобри ова во Европската унија и пошироко. Меѓу европската популација со интелектуални попречености, многу лица со дијагноза на рак се симптоматски презентирани од што произлегува вознемиреност во однесувањето или физички промени. Смртните случаи од рак кај оваа популација се јавуваат до 20 години порано од општата популација. Факторите кои влијаат на нееднаквиот здравствен статус и прераната смрт кај лицата со интелектуална попреченост бараат понатамошни истражувања. Членот 25 од Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост го признава нивното право на здравствена заштита. Стратегијата за попреченост на Советот на Европа 2017-2023 го препознава неуспехот на здравствените системи да се вклучат и да ги вклучат лицата со попреченост.
Повеќе за проектот на следниот ЛИНК.

Член на менаџмент комитетот






Friday, July 15, 2022

Распуст

Драги мои,

Денес, нешто како треба да почне летниот распуст на ФЗФ и УКИМ. Што беше тоа? Сите години наназад користам работни летни одмори. Годинава, ме чекаат за прегледување два дипломски труда, две магистерски тези, пишување на некои трудови за списанија, пишување учебник, активности со МНЗА за одредени проекти и др. Но, сето ова не е причина вам студентите, колешките и колегите, пријателите и роднините кои го посетувате овој блог да не ви посакам долго, мирно и успешно лето. Како и сите години мојот блог и социјални медиуми нема да останат мирни и како ќе се појавуваат интересни работи, тие ќе бидат споделувани со вас.

Нераспуштениот

Tuesday, July 12, 2022

Членство во редакциски и уредувачки одбори на списанија

Почитувани колешки и колеги,

Во својата четврт век кариера на ФЗФ имам учествувано во повеќе редакциски и уредувачки одбори. Би сакал за мој спомен да ги споделам сите досегашни искуства. Се надевам дека до крајот на кариерата ќе ги има уште.

  1. Октомври 1999 - Октомври 2001 Заменик претседател на Редакцискиот одбор на Годишниот зборник на Филозофски факултет.
  2. Јули 2000 - Одговорен уредник на Зборникот на апстракти од трудовите презентирани на Студентскиот дефектолошки семинар.
  3. Јуни 2003 – главен и одговорен уредник на зборникот на апстракти на конференцијата 10 години студии по дефектологија во Македонија.
  4. Септември 2004 до Ноември 2008 – Заменик уредник на списанието „Дефектолошка теорија и практика“.
  5. Октомври 2004 – Октомври 2016 – Консултант на уредникот на списанието Journal of Policy and Practice in Intellectual Disabilities.
  6. Ноември 2006 – Декември 2014 – Член на редакцискиот одбор на Бугарското списание за комуникациски нарушувања.
  7. Јуни 2007- декември 2014 – Член на редакцискиот одбор на Хрватската ревија за рехабилитациски истражувања.
  8. Октомври 2008 – Член на редакцискиот одбор на зборникот на резимеа: „Улогата на дефектологот во институционалниот и вонинституционални­от третман на децата со посебни образовни потреби“.
  9. Ноември 2008 – септември 2017 – Главен и одговорен уредник на списанието „Дефектолошка теорија и практика“.
  10. Септември 2011 – Консултант на уредникот на списанието Insights into Learning Disabilities.
  11. Јануари 2013 – член на советодавниот одбор на списанието за наука и технологија со отворен пристап.
  12. Август 2013 – Декември 2017 сениор уредник на Journal of Evolution of Medical and Dental Sciences.
  13. Ноември 2014 – член на редакцискиот одбор на Белградска дефектолошка школа.
  14. Јануари 2015 – Декември 2018 – член на редакцискиот одбор на списанието International Journal of Cognitive Research in Science, Engineering and Education (IJCRSEE)
  15. Јануари 2015 – член на редакцискиот одбор на списанието Human Research in Rehabilitation
  16. 26 април 2018 - 25 јуни 2022 – Главен и одговорен уредник на списанието “Journal for ReAttach Therapy and Developmental Diversities”.
  17. Декември 2020 – член на редакцискиот одбор на списанието Special Education and Speech & Language Therapy.
Можеби не се многу, но ќе се согласите дека не се ни малку.

Член на редакциски одбори

Saturday, July 2, 2022

Понуда на тема за дипломски труд

Почитувани дипломци,

На увид ви давам една можна тема за дипломска работа: „Подготвеноста на лицата со попреченост за природни катастрофи“. Кој е заинтересиран/а нека повели да ме контактира на е-пошта.

Менторот