Showing posts with label Еразмус плус. Show all posts
Showing posts with label Еразмус плус. Show all posts

Monday, December 12, 2022

Информација до медиумите – повод едукативниот семинар на МНЗА за катастрофи

Почитувани претставници на медиумите,

Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА) по повод завршување на проектот „Учам и ги надминувам своите граници“ има чест да Ве покани на промоцијата што ќе се одржи во понеделник на 12.12.2022 година во 12:00 часот во сала за седници на Филозофскиот факултет во Скопје.
Проектот е финансиран од Еразмус плус програмата на ЕУ и истиот го спроведуваме заедно со други 7 асоцијации од Турција, Италија и ЕДСА.
Проектот е наменет за изработка на образовни документи со специјална образовна методологија за да можат лицата со аутизам, Даун синдром или интелектуална попреченост да се стекнат со вештини за да го покажат вистинскиот курс на дејствување по катастрофи и вонредни ситуации.
Главните цели на овој проект се:Комуницирање со луѓе од доверба,
Да се остане безбеден,
Надминување на различни ризици од катастрофи и итни случаи.
На промоцијата ќе бидат прикажани резултатите од проектот. Повеќе информации за проектот може да се најдат на веб страниците: http://afadotizmdown.ogu.edu.tr/ и https://www.lebelproject.com/.

Покрај членовите на МНЗА ќе присуствуваат и членови од Дирекцијата за управување со кризи, претставници на Црвениот Крст на град Скопје, родители на деца со аутизам, Даун синдром, интелектуална попреченост и други невладини организации.
Во прилог на оваа информација ви ја праќаме и програмата на настанот и постерот за илустрација. Доколку сте заинтересирани за изјави Ве молиме најдоцна во 11:45 часот да бидете во салата за седници на Филозофскиот факултет во Скопје.

Белешки до уредникот
МНЗА е национална асоцијација со најдолг стаж од 22,5 години во полето на аутизмологијата во Македонија. Главна цел е да ги унапреди правата на лицата со аутизам и нивните семејства и да им помогне да го подобрат квалитетот на нивниот живот. Обезбедува ефективна и ефикасна врска со други меѓународни организации за аутизам и соработува со меѓународни научни и образовни институции. Членовите на МНЗА објавуваат книги, прирачници, памфлети, брошури, како и научни трудови во високо реномирани научни списанија со фактор на влијание.

Претседател на МНЗА

Tuesday, July 19, 2022

Учества во проекти

Почитувани колешки и колеги,

Чувствувам за потребно да ја информирам стручната јавност во Македонија и пошироко за моите учества во стручно-научни проекти од 2000 година до денес. За овој 22 годишен период имам реализирано или сум се` уште во фаза на реализација 21 проект. Еве ги деталите за нив.

  1. Серумски имуноглобулини и специфични алергени од храна кај лица со аутизам во Република Македонија (Министерство за наука на Република Македонија број 08-2214/4 од 15.07.2000 година).
  2. Информации за аутизмот во Македонија (Македонски центар за меѓународна соработка број 10-723/21 од 19.12.2000 година).
  3. ХЛА-ДНК истражувања кај фамилии со аутизам во Република Македонија (Министерство за наука на Република Македонија број 07-1171/4 од 02.07.2001 година).
  4. Права на лицата со аутизам во Македонија (Македонски центар за меѓународна соработка број 08-698/1 од 12.12.2001 година).
  5. Епидемиолошка студија на лицата со аутизам во Република Македонија (Министерство за финансии - реализиран во 2001 година).
  6. Одредување на преваленцијата и инциденцијата на лицата со аутизам во Република Македонија (Министерство за финансии - реализиран во 2002 година).
  7. Толеранција или прифаќање – ЕАСПД проект. Подржан од Генералниот директорат за вработување и социјална работа при ЕК и под буџетската линија "Акции за борба и превенција на социјалната ексклузија" (2002-2003).
  8. Европа место за живеење – ЕАСПД проект. Проект спроведен во европската година за инвалидни лица, започнат од принципот дека сите европски граѓани треба да бидат слушнати и да им се даде право на глас на лицата со потешки интелектуални нарушувања (2003).
  9. „Во ФОКУС“ со TEMPUS програмата (2001-2004).
  10. „Заеднички глас мрежен проект“. Примарна и најсеопфатна цел на ова десктоп истражување е да ја истражи правната позадина со цел да се засили антидискриминацијата и еднаквите можности кај лица со интелектуална попреченост и аутизам (2008-2009).
  11. „Засилување на научните студии за ран аутизам“ со COST програмата (2010-2014).
  12. „Програма за целосна социјализација на деца со посебни потреби во нивните заедници“ ЕУ проект (2014-2015).
  13. „Еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство“ Еразмус плус ЕУ проект (2015-2018).
  14. „Холистички пристап на планирање за лица со аутизам“. 2018-1-EL01-KA204-047788 - Еразмус плус ЕУ проект (2018-2021).
  15. „Пријателски простори за аутизам“. – Еразмус плус проект. (2019-2022).
  16. „Програма за социјални вештини и позитивно родителство кај аутизмот“ – УНИЦЕФ проект SSFA/MCDA/19-004/Amendment 1 (2019-2020).
  17. „Зајакнување на капацитетите кај професионалците за проблемите и потребите на децата со аутистичен спектар на нарушувања, во предучилишните и училишните установи“ – проект од Општина Карпош (2020-2021).
  18. „Учам и ги надминувам своите граници“. – Еразмус плус проект. КА2 – Соработка за иновации и размена на добри практики Стратешки партнерства за образование на возрасни. Број на проект: 2020-1-TR01-KA204-092794 (2020-2022).
  19. „Инклузија преку социјални вештини за учениците со аутистичен спектар на нарушување и интелектуална попреченост“. – Еразмус плус проект. KA210-SCH – Мали партнерства во училишното образование. Број на проектот: KA210-SCH-617E85D8 (2021-2023).
  20. „Достапно дигитално образование за ученици со аутизам и интелектуална попреченост: иновативни решенија и подобрување на компетенциите на едукаторите“. – Еразмус плус проект. KA220-SCH – Партнерства за соработка во училишното образование. Број на проектот: KA220-SCH-BCB692B4 (2021-2024).
  21. „Карционом-разбирање на превенцијата кај интелектуалната попреченост“ – COST ЕУ проект. Број на проектот: CA21123. (2022-2026).
Учесник во проектите


Wednesday, November 24, 2021

Конкурс за патување во Малта

Почитувани студенти, драги постдипломци,

Го објавувам овој интерен конкурс за службено патување во Малта во рамките на проектот на МНЗА и партнерски организации од ЕУ под наслов „Пријателски места за аутизам“. Патувањето ќе се реализира во периодот од 23 до 29 јануари 2022 година. Сите трошоци за патувањето и престојот ќе бидат покриени од МНЗА, т.е. од овој Еразмус плус проект. Таму ќе посетуваат курс во времетраење од 5 дена. Конкурсот се однесува на 3 студенти/постдипломци/млади колеги.

Услови кои треба да ги исполнуваат студентите или постдипломците:

  • Да се студенти од трета или четврта година на ИСЕР или ИП, или пак постдипломци на насоката „Интелектуална попреченост и аутизам“, или скоро завршени специјални едукатори и рехабилитатори (невработени), или постдипломци на ИП;
  • Да имаат интерес и волја да работат со деца и лица со АСН;
  • Да имаат најмалку просек 8,50;
  • Да ги имаат положено моите испити кај мене;
  • Да се вакцинирани со 2 дози Фајзер или други „западни“ вакцини (за жал Малта не ги признава „источните“ вакцини). Ова е услов од домаќинот;
  • Релативно добро да знаат англиски јазик за да можат да ги следат курсевите и да се разберат со колегите од другите земји;
  • По враќањето да имаат желба во периодот од февруари до април да работат одреден број на часови во „Младински хабови за лица со АСН“ за што ќе добијат дополнителен хонорар. Во овие хабови ќе се работи на подобрување на социјалните вештини на младите лица со АСН во мали групи од по 2-3 лица.
Ве молам сите заинтересирани најдоцна до 3 декември да се пријавите на следната е-пошта: vladotra@fzf.ukim.edu.mk. Доколку има повеќе пријавени од потребната бројка, ќе се прави селекција според успехот на студиите и други објективни критериуми.
Повеќе информации за проектот можете да најдете на следниот ЛИНК.

Со почит,
Претседател на МНЗА