Почитувани студенти,
За потребите на наставата по предметот „Физиологија со функционална анатомија“, потребно е сите студенти да се приклучат на официјалниот предмет во Microsoft Teams.
За пристап до предметот потребно е да ги користите вашите корисничко име и лозинка, односно официјалната студентска е-пошта преку УКИМ.
По најавувањето во Microsoft Teams, потребно е да побарате пристап до предметот, по што ќе Ве прифатам во тимот.
Очекувам целата генерација да се приклучи и активно да го користи Microsoft Teams како дополнителен ресурс во процесот на учење. На платформата се достапни материјали, дополнителни информации и други содржини поврзани со наставата, кои треба да Ви помогнат во систематското и продлабоченото совладување на предметната материја. Истата ќе може да се користи во случај да не може да се изведе настава со физичко присуство.
Ве охрабрувам оваа можност да ја искористите максимално. Знаењето не се стекнува само со присуство на предавањата, туку со континуирано читање, повторување, размислување и активно учество во процесот на учење.
Од моја страна, се обидувам да Ви ги обезбедам потребните ресурси и насоки за успешно совладување на материјалот. Сè Ви е ставено на располагање – потребни се само желба, посветеност и сериозен пристап кон учењето.
Ви посакувам успешна и продуктивна академска година!
Предеметен наставник
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.