Почитувани студенти,
Студирањето не подразбира само стекнување знаење и освојување ЕКТС поени, туку и развивање академски интегритет, лична одговорност, дисциплина и почитување на другите. Фер-плеј студирањето значи еднакви правила за сите, чесен однос кон обврските и вреднување на знаењето и вложениот труд.
1. ТОЧНОСТА Е ИЗРАЗ НА ПОЧИТ
Доаѓајте навреме на предавањата, вежбите, консултациите и испитите. Почитувај го времето на наставникот и на колегите. Доцнењето не треба да стане навика, туку исклучок оправдан со реални околности.
2. РЕДОВНОСТА Е ОСНОВА НА УСПЕХОТ
Посетувајте ги предавањата и вежбите редовно и континуирано. Знаењето се гради постепено, преку следење на наставата, повторување и практична примена, а не со учење во последен момент.
3. БИДИ АКТИВЕН УЧЕСНИК, А НЕ ПАСИВЕН НАБЉУДУВАЧ
Слушајте внимателно, поставувај прашања, учествувај во дискусиите и покажувај интерес за материјата. Активното учење подразбира размислување, истражување и желба да се разбере суштината, а не само да се запамети информацијата.
4. ДОЈДИ ПОДГОТВЕН И БИДИ АНГАЖИРАН
Прочитајте ги однапред зададените материјали, подготви ги вежбите и исполнувајте ги обврските во предвидените рокови. Одговорниот студент не чека постојано да биде потсетуван, туку самостојно управува со своето учење.
5. МОБИЛНИОТ ТЕЛЕФОН НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ПРЕЧКА ЗА УЧЕЊЕТО
За време на наставата држи го мобилниот телефон на тивок режим и не го користи за приватни разговори, социјални мрежи, игри или други активности што го одвлекуваат вниманието. Користењето дигитални уреди е прифатливо кога е поврзано со наставата и е дозволено од наставникот.
6. БИДИ ИСКРЕН И АКАДЕМСКИ ЧЕСЕН
Не препишувајте на испити, не плагирајте семинарски трудови и не прикажувајте туѓ труд како свој. Користи ги изворите правилно и наведи ги авторите чии идеи ги преземаш. Сопственото знаење вреди повеќе од оценка добиена со нечесни средства.
7. ПОЛАГАЈТЕ ЧЕСНО, БЕЗ УРГЕНЦИИ И ПРИВИЛЕГИИ
Не барајте повластен третман, интервенции, лични услуги или ургенции за добивање оценка, положување испит или заобиколување на академските обврски. Прифатете дека оценката треба да биде резултат на покажаното знаење, вложениот труд и исполнетите критериуми.
8. ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ НАСТАВНИКОТ И КОЛЕГИТЕ
Однесувајте се културно, професионално и со меѓусебно почитување. Не прекинувајте, не омаловажувајте и не попречувајте ја наставата. Различните мислења се добредојдени кога се изразуваат со аргументи и почит.
9. ПРЕЗЕМЕТЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА СВОИТЕ ПОСТАПКИ
Почитувајте ги роковите, следете ги упатствата и навремено информирајте за оправданите отсуства или проблеми. Не ја префрлајте одговорноста врз наставникот или колегите. Ако направите грешка, признајте ја и настојувајте да ја исправите.
10. ГРАДЕТЕ ЗНАЕЊЕ, А НЕ САМО ОЦЕНКИ
Учете со разбирање, поврзувајте ја теоријата со практиката и настојувајте стекнатото знаење да го примените во идната професија. Особено во помагачките професии, стручноста, етичноста и одговорноста кон луѓето се поважни од формалното положување на испитите.
Порака до студентите
Највредната диплома е онаа зад која стојат вистинско знаење, личен интегритет и заслужен успех!
Со почит,
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.