Showing posts with label студирање. Show all posts
Showing posts with label студирање. Show all posts

Tuesday, October 1, 2024

8 златни принципи за фер плеј студирање

Почитувани студенти од ИСЕР,

Како што ви кажав денес, во четврток започнуваме со првото предавање по Физиологија со функционална анатомија. Овие 8 златни принципи ги кажувам секогаш на почетокот и тоа повозрасните студенти многу добро го знаат (порано беа 5). Овој пат решив да ги ставам и овде на мојот професионален блог.
  1. Не доаѓајте на предавања со знаци на вироза (кашлање, кивање, температура, главоболка,...). Еден живот имаме!
  2. Точност;
  3. Редовност (редовност на настава и редовно учење на предметот);
  4. Ангажираност и активност на часовите;
  5. Искреност;
  6. Бидете секогаш подготвени за вежбите;
  7. Без мобилни на часовите;
  8. БЕЗ УРГЕНЦИИ;
Задутре ќе бидат подетално објаснети и прецизирани овие 8 златни принципи за фер плеј студирање. Доколку се придржувате до нив, нема да имате никаков проблем по моите предмети. Во спротивно, доколку не почитувате принципи и правила на игра, тогаш ќе имате сериозен проблем.
Ви благодарам на разбирањето!

Предметен наставник

Tuesday, December 27, 2022

Излезе од печат учебникот „Академско пишување и објавување“

Почитувани колешки и колеги, драги студенти од сите три циклуси,

Со особена чест сакам да Ве известам дека денес, 27.12.2022 година излезе од печат долго очекуваниот учебник со наслов „Академско пишување и објавување“. Долг период во мене тлееше потребата да напишам вакво дело и да ја заокружам мојата издавачка дејност која ја започнав уште како секретар на редакцијата на списанието „Дефектолошка теорија и пратика во периодот 1998-2000 година. Потоа од 2004 до 2008 година бев заменик уредник, за да од ноември 2008 до септември 2017 година бидам и главен и одоговорен уредник на ДТП/JSER. Во меѓувреме бев и сум главен и одговорен уредни на Journal of ReAttach Therapy and Developmental Diversities (2018-2022), а од август годинава на Journal of Health and Rehabilitation Sciences. Со годините наназад се собираше искуство и материјали, за да во април 2021 година конечно решам да седнам и да почнам да го пишувам овој учебник. Тогаш и предложив на проф. д-р Наташа Ангелоска-Галевска од Инситутот за педагогија да биде коавтор. Бидејќи таа држи методолошки предмети, веднаш се согласи и одисејата започна. Поради некои здравствени проблеми речиси во текот на целата 2021 година не бев во можност да работам онака како што јас знам и умеам. Но, затоа, во оваа 2022 година запнав со полна пареа, подоцна се придружи и колешката и така во август го завршивме нашиот дел од работата. Потоа, следуваа редица процедури кои се неодминлив дел кога пишувате универзитетски учебник. Последните речиси две месеци учебникот се средуваше во печатницата, а тоа е прилично долг период. Но, нејсе, да не се жалам многу, важно е дека се „породи“ бебето. :)

Учебникот е посветен на сите студенти кои чувствуваат глад за науката.
Страниците на овој учебник првенствено се наменети за студентите од Филозофскиот факултет во Скопје и останатите факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кои го избрале предметот Академско пишување и објавување и другите сродни предмети во текот на нивните студии. Учебникот може да биде корисен и за многу поширока популација, односно за сите оние кои се заинтересирани да сознаат повеќе за принципите и техниките на академското пишување и објавување. Академското пишување и објавување е начин на комуникација што треба да е усвоен и практикуван од сите членови на академската заедница.

Во овој пост сакам да се заблагодарам на сите кои на некој начин придонесоа да биде испечатен и да изгледа вака како што изгледа.
Голема благодарност до благодарност до Филозофскиот факултет во Скопје, кој и во овие тешки финансиски времиња издвои средства за печатење на учебникот. Многу сме им благодарни на рецензентите проф. д-р Мирко Спироски и проф. д-р Ана Димишковска за навремената и конструктивна рецензија на книгата. Благодарност заслужува секако и научната фондација „Спироски“ за издвоените средства за лектурата на овој универзитетски учебник. Лектурата за три седмици одлично ја заврши лекторката Љубица Севдинска, долгогодишен лектор со која со задоволство соработувам. Корицата маестрално ја подготви психологот Андреа Ивановска, мој одличен соработник во последните четири години.

Учебникот се продава во Студентскиот сервис на Филозофски факултет по цена од 600 денари. За многу кусо време ќе биде достапен во сите Студентски сервиси при факултетите на УКИМ. Можно е да го има и во други книжарници, ако не претераат сопствениците со високите маржи. Заинтересираните индивидуи кои се надвор од Скопје, ќе можат да го нарачаат по пошта, но затоа ќе треба платат дополнително и за брза пошта.

Доколку чувстувате глад за науката или доколку познавате некој што му треба учебникот, подарете им го како исклучителен подарок за Нова година и Божиќ. Во продолжение на постот можете да ја видите предната корица и содржината на учебникот за да знаете дека „не купувате мачка во вреќа“. Ете си направив реклама, другото е на Вас... :)

Раскажувачот



Wednesday, October 5, 2022

7 златни принципи за фер плеј студирање

Почитувани студенти,

Денес и утре ќе ги одржам првите предавања по 2 години и 7 месеци пауза од предавања со физичко присуство и тоа по предметите: Физиологија со функционална анатомија и Хумана генетика и физиологија за студентите од двата института. Овие 7 златни принципи ги кажувам секогаш на почетокот и тоа повозрасните студенти многу добро го знаат (порано беа 5). Овој пат решив да ги ставам и овде на мојот професионален блог.
  1. Не доаѓајте на предавања со знаци на вироза (кашлање, кивање, температура, главоболка,...)
  2. Точност;
  3. Редовност;
  4. Ангажираност и активност на часовите;
  5. Искреност;
  6. Без мобилни на часовите.
  7. БЕЗ УРГЕНЦИИ;
Овие денови ќе бидат подетално објаснети и прецизирани овие 7 златни принципи за фер плеј студирање. Доколку се придржувате до нив, нема да имате никаков проблем по моите предмети. Во спротивно, доколку не почитувате принципи и правила на игра, тогаш ќе имате проблем.
Ви благодарам на разбирањето.

Предметен наставник

Wednesday, October 2, 2019

6 златни принципи за фер плеј студирање

Почитувани студенти,
Утре и задутре ќе ги одржам првите предавања по предметите: Физиологија со функционална анатомија и Хумана генетика и физиологија за студентите од двата института. Овие 6 златни принципи ги кажувам секогаш на почетокот и тоа повозрасните студенти многу добро го знаат. Овој пат решив да ги ставам и овде на мојот професионален блог.
  1. Точност;
  2. Редовност;
  3. Ангажираност и активност на часовите;
  4. Искреност;
  5. Без ургенции;
  6. Без мобилни на часовите.
Овие денови ќе бидат подетално објаснети и прецизирани овие 6 златни принципи за фер плеј студирање. Доколку се придржувате до нив, нема да имате никаков проблем по моите предмети. Во спротивно, доколку не почитувате принципи и правила на игра, тогаш ќе имате проблем.
Ви благодарам на разбирањето.

Предметен наставник

Tuesday, September 3, 2019

Полагање без ургенции!!!

Почитувани студенти,
Покрај тоа што знаете дека не прифаќам ургенции и тоа го повторувам почесто пати, повторно ќе се најде некој/а што сака да „притиска", да ми ги тестира пријателствата, да пробува без знаење да положи испит. Иако општествено политичката состојба во државата не е на високо ниво. Имено има многу корупција, непотизам, привилегии и слично, спеак треба да сфатите дека јас не сум тој калибар на човек. Не примам уртгенции, не примам мито, не ме интересира чии ќерки и синови сте. Ќе положите само ако освоите најмалку 51 поен. Не сакав минативе денови да пишувам, но еве откако заврши оваа августовско-септемвриска сесија ќе кажам дека имаше три обиди за ургенции (2 од психологија и 1 од дефектологија). Сите три студентки не положија и веројатно разбраа дека така не може. Дали треба да ги објавувам јавно нивниоте имиња, па бруката да им биде голема? На нивните блиски кои ми ургираа навистина им посакувам добро. Ова не значи дека не ги почитувам. Доколку ми се лутат, нивен проблем, тоа значи дека не ми биле вистински пријатели. Јас ќе продолжам и натаму да одам по нормалните принципи, а тоа е знаење, знаење и само знаење. Нема да дозовлам додека некој пеколно учи, некој со освоени 10-20 поени да помине, само заради тоа што нашол некој близок до мене. Јас и онака кога некому недостасуваат поени давам според моето „судиско убедување". Еве уште еднаш замолувам за наредните сесии да не играте на картата ургенции, туку добро да седнете и да учите најмалку по 10 часа на ден.
Искрено ваш, 
Предметен наставник