Почитувани студенти,
Денес и утре ќе ги одржам првите предавања по 2 години и 7 месеци пауза од предавања со физичко присуство и тоа по предметите: Физиологија со функционална анатомија и Хумана генетика и физиологија за студентите од двата института. Овие 7 златни принципи ги кажувам секогаш на почетокот и тоа повозрасните студенти многу добро го знаат (порано беа 5). Овој пат решив да ги ставам и овде на мојот професионален блог.
- Не доаѓајте на предавања со знаци на вироза (кашлање, кивање, температура, главоболка,...)
- Точност;
- Редовност;
- Ангажираност и активност на часовите;
- Искреност;
- Без мобилни на часовите.
- БЕЗ УРГЕНЦИИ;
Овие денови ќе бидат подетално објаснети и прецизирани овие 7 златни принципи за фер плеј студирање. Доколку се придржувате до нив, нема да имате никаков проблем по моите предмети. Во спротивно, доколку не почитувате принципи и правила на игра, тогаш ќе имате проблем.
Ви благодарам на разбирањето.
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment