Почитувани постдипломци,
Сакам да ве информирам дека првите две предавања по предметот Аутистичен спектар на нарушувања ќе се одржат во сабота и недела на 29 и 30 октомври 2022 година со почеток во 9:30 часот во слушална 11 на Филозофскиот факултет во Скопје. Искрено се надевам дека нека да има никакви виши сили кои би ме спречиле во тоа. Бидејќи е формирана група од 7 постдипломци, нема никаква потреба од консултации со најновата генерација. Според силабусот треба да одржам 18 часови, а тоа се 6 денови по 3 академски часа со пауза. Кога држам предавања со физичко присуство, обично држам сабота и недела, за да не се правдате дека сте имале друга работа. Но, некогаш можеби ќе треба и да одржам некое попладне во работен ден на платформата Мајкрософт Тимс.
Задолжително приклучете се во Тимот кој е специјално креиран за оваа намена. Во двата дена ќе се одржат по 3 часа со најмалку 15 минути пауза меѓу нив. За термините за другите часови ќе се договараме понатаму. Предавањата се задолжителни за сите студенти од втор циклус запишани на насоката Интелектуална попреченост и аутизам. Особено постдипломците кои се запишаа во февруари и октомври годинава мора да бидат присутни на сите 18 часови. Го задржувам правото за измена на термините заради учество на виша сила.
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment