Showing posts with label постдипломци. Show all posts
Showing posts with label постдипломци. Show all posts

Friday, June 16, 2023

Промена на термините за втор циклус студии - 23.06.2023

Почитувани постдипломци,

Бидејќи се пријавивте само по еден студент од сите три предмети, испитите по Генетски аспекти на инвалидноста и Медицинска рехабилитација на моторни нарушувања се поместуваат истиот ден 23 јуни во 9:00 часот.

Предметен наставник

Sunday, November 6, 2022

Четврто предавање АСН - 08.11.2022

Почитувани постдипломки,

Четвртото предавање по АСН ќе се одржи во вторник 08.11.2022 во слушална 11 со почеток во 16:00 часот. Предавањата се задолжителни за сите запишани на предметот. Се гледаме на предавањето.

Со почит,

Предметен наставник

Monday, October 24, 2022

Првите две предавања Аутистичен спектар на нарушувања - 2022

Почитувани постдипломци,

Сакам да ве информирам дека првите две предавања по предметот Аутистичен спектар на нарушувања ќе се одржат во сабота и недела на 29 и 30 октомври 2022 година со почеток во 9:30 часот во слушална 11 на Филозофскиот факултет во Скопје. Искрено се надевам дека нека да има никакви виши сили кои би ме спречиле во тоа. Бидејќи е формирана група од 7 постдипломци, нема никаква потреба од консултации со најновата генерација. Според силабусот треба да одржам 18 часови, а тоа се 6 денови по 3 академски часа со пауза. Кога држам предавања со физичко присуство, обично држам сабота и недела, за да не се правдате дека сте имале друга работа. Но, некогаш можеби ќе треба и да одржам некое попладне во работен ден на платформата Мајкрософт Тимс.

Задолжително приклучете се во Тимот кој е специјално креиран за оваа намена. Во двата дена ќе се одржат по 3 часа со најмалку 15 минути пауза меѓу нив. За термините за другите часови ќе се договараме понатаму. Предавањата се задолжителни за сите студенти од втор циклус запишани на насоката Интелектуална попреченост и аутизам. Особено постдипломците кои се запишаа во февруари и октомври годинава мора да бидат присутни на сите 18 часови. Го задржувам правото за измена на термините заради учество на виша сила.

Предметен наставник

Friday, May 6, 2022

Вебинар АСН за постдипломци

Почитувани постдипломци,

Сите вие кои запишавте постдипломски во октовмри и февруари последната академска година и оние кои имаа отсуства од минатата генерација и добија задачи за да ги поправат тие минуси, ќе треба да ги презентираат задачите по 18 мај. До 18 мај можете да ги прикачувате вашите задачи во Мајкрософт Тимс во предметот АСН каде има посебен фолдер. Датумот ќе биде објавен на овој блог, а вие ќе треба да имате подготвено презентација во времетраење од 10 минути. Обврската е задолжителна за сите постдипломци кои слушаат АСН и немаат освоено доволно поени.

Предметен наставник

Thursday, November 18, 2021

Предавања Аутистичен спектар на нарушувања 20.11.2021 и 21.11.2021

Почитувани постдипломци,

Сакам да ве информирам дека на првите две предавања по предметот Аутистичен спектар на нарушувања ќе се одржат во сабота и недела на 20 и 21 ноември 2021 година со почеток во 9:30 часот. Истите ќе се одржат на платформата на Мајкрософт Тимс во Тимот кој е специјално креиран за оваа намена. Во двата дена ќе се одржат по 3 часа со најмалку 10 минути пауза меѓу нив. За термините за другите часови ќе се договараме понатаму. Предавањата се задолжителни за сите студенти од втор циклус запишани на насоката Интелектуална попреченост и аутизам. Повторувам предавањата се задолжителни и за актуелната прва година и за презапишаните постдипломци. Новите постдипломци треба да побараат прием во тимот час поскоро. Го задржувам правото за измена на термините заради учество на виша сила.

Предметен наставник

Monday, June 7, 2021

Семинар АСН - 08.06.2021

Почитувани постдипломци,

Го закажувам семинарот по предметот Аутистичен спектар на нарушувања за утре (вторник) 08.06.2021 година на платформата Мајкрософт Тимс во 19:00 часот.

Предметен наставник

Wednesday, January 27, 2021

Елекронско полагање на испитите за постдипломците

Почитувани постдипломци,

Сакам да ве известам дека испитите од втор циклус ќе се полагаат во договорениот термин на 3 февруари 2021 година. Сите три испити ќе се полагаат на платформата Мајкрософт Тимс во тимот за предметот Аутистичен спектар на нарушувања. Ве молам тие што не сте членови на овој тим да побарате пристап поскоро, за да ви го одобрам. Го задржувам правото за промена на термините заради виша сила.

Предметен наставник

Wednesday, December 30, 2020

5-то и 6-то предавање АСН

Почитувани постдипломци,

Како што ви најавив, петтото и шестото предавање по Аутистичен спектар на нарушувања ќе се одржат на платформата Мајкрософт Тимс во сабота и недела (02 и 03.01.2021 година) со почеток во 8:00 часот. Во двата денови ќе бидат одржани по 3 часови. Време на завршување на наставата меѓу 10:35 и 11:00 часот. Го задржувам правото за промена на термините заради виша сила. Вие сте должни редовно да го следите овој блог заради навремено информирање.

Предметен наставник

Thursday, December 17, 2020

3-то и 4-то предавање АСН

Почитувани постдипломци,

Како што ви најавив минатиот петок, третото и четвртото предавање по Аутистичен спектар на нарушувања ќе се одржат на платформата Мајкрософт Тимс во сабота и недела (19 и 20.12,2020 година) со почеток во 8:00 часот. Во двата денови ќе бидат одржани по 3 часови. Време на завршување на наставата меѓу 10:35 и 11:00 часот.

Предметен наставник

Tuesday, December 8, 2020

Второ предавање АСН - 11.12.2020

Почитувани постдипломци,

Второто предавање по Аутистичен спектар на нарушувања ќе се одржи во петок на 11.12.2020 на платформата Мајкрософт Тимс со почеток од 17:00 до 20:00 часот. Овој пат се надевам дека нема да има технички проблеми или дејства на некаква друга виша сила. Присуството е задолжително за сите студенти од насоката ИП и аутизам. Вие сте должни редовно да го следитге овој блог или професионалниот ФБ профил, заради евентуални измени во распоредот.

Предметен наставник

Monday, November 30, 2020

Првите две предавања Аутистичен спектар на нарушувања

Почитувани постдипломци,

Сакам да ве информирам дека на првите две предавања по предметот Аутистичен спектар на нарушувања ќе се одржат во сабота и недела на 5 и 6 декември 2020 година со почеток во 9:30 часот. Истите ќе се одржат на платформата на Мајкрософт Тимс во Тимот кој е специјално креиран за оваа намена. Во двата дена ќе се одржат по 3 часа со најмалку 10 минути пауза меѓу нив. За термините за другите часови ќе се договараме понатаму. Предавањата се задолжителни за сите студенти од втор циклус запишани на насоката Интелектуална попреченост и аутизам. Го задржувам правото за измена на термините заради учество на виша сила.

Предметен наставник

Monday, November 25, 2019

Консултации по предметот Аутистичен спектар на нарушувања - 27.11.2019

Почитувани постдипломци,
Како што ве информира нашата координаторка по ЕКТС, првите консултации по предметот Аутистичен спектар на нарушувања ќе ги одржам во среда на 27.11.2019 година во 14:30 часот. Бидејќи сте само три кандидати ве замолувам сите да дојдете во мојот кабинет на ФЗФ кој се наоѓа пред главниот влез на факултетот од десна страна.
Предметен наставник

Thursday, May 23, 2019

Публикации со дипломци и постдипломци

Почитувани колешки и колеги,

Еве најдов време да го постирам трудот објавен со колешката м-р Мери Нолчева под наслов: Exploratory Study: Stress, Coping and Support among Parents of Children with Autism Spectrum Disorders кој фактички беше дел од нејзината магистерска работа одбранета на нашиот институт во јуни 2015 година. Трудот е објавен во списанието Journal of Special Education and Rehabilitation. Се работи за солидна колешка, која моментно работи во Скопје и е член на МНЗА. Со оваа рубрика: Публикации со дипломци и постдипломци сакам да ги стимулирам сите млади колешки и колеги кои нешто работеле под мое менторство, а се` уште не објавиле труд, да се охрабрат и во најскоро време да го сторат тоа.

Коавторот

Wednesday, May 15, 2019

Некои напомени за предметот Аутизам

Почитувани постдипломци,
Сакам да ви дадам некои напомени за полагањето на предметот Аутизам:

  • Потпис се добива само со редовно присуство на сите 6 предавања.
  • Испитот не може да го полагате без потпис и без завршена задача најмалку една седмица пред испитот.
  • Сите постдипломци треба да имате фотокопирано по 2 поглавја од учебникот на англиски јазик.
  • Подготвувањето на испитот не е лесно и едноставно и треба да се посвети многу време за учење, големо следење на литература за аутизам.
  • Ве молам не доаѓајте неподготвени на испит. Не прифаќам никави изговори, молења и слични недолични академски однесувања.
  • Не користете ургенции!
Ви благодарам на разбирањето.
Предметен наставник

Tuesday, April 30, 2019

Четврто предавање Аутизам - 02.05.2019

Почитувани постдипломци,
Веднаш по празниците продолжуваме со полна пареа. Четвртото по ред предавање ќе се одржи на 2 мај во слуашална 11 со почеток во 16:15 часот. Ќе стане  збор за методи во третманот, исход и прогноза на аутизмот, живата како можен етиолошки фактор и други содржини. Предлагам да ги погледнете следните видео клипови:










Предметен наставник

Wednesday, April 17, 2019

Трето предавање Аутизам - 18.04.2019

Почитувани постдипломци,
Утре, 18.04.2019 година ќе се одржи третото по ред предавање по предметот Аутизам. Ќе ви предавам за кинички карактристики на АСН, дијагностика на АСН и ќе започнам за третман на аутизмот. Предлагам да ги погледнете следните видео клипови:






Предметен наставник

Saturday, April 13, 2019

Второ предавање Аутизам - 14.04.2019

Почитувани постдипломки,
Утре ќе се одржи второто предавање по предметот Аутизам со почеток во 09:30 часот. Ќе ви предавам за квантитативни генетски истражувања кај аутизмот, функционален геном, генетско советување, имуногенетика на аутизмот, автоимуна етиологија на аутизмот, алергии и аутизам, биохемиски и метаболни нарушувања кај аутизмот, невропатолошки и неврорадиолошки студии. Предлагам да ги погледнете следните видео клипови за нештата да бидат појасни.









Предметен наставник

Литература за предметот Аутизам

Почитувани постдипломки,

Денес, започнуваме со предавањата по предметот Аутизам, па редно е да ви ја споделам литературата за да го подготвите предметот за полагање на испитот. Се разбира дека може да учите и од друга литертура, но треба да се концентрирате на програмските содржини кои ви се дадени преку испитните прашања.
  1. Трајковски В. Аутизам и первазивни развојни нарушувања. Филозофски факултет, Институт за дефектологија, 2011. 
  2. Трајковски В. Аутизам. Филозофски факултет, Институт за дефектологија, 2004. 
  3. Volkmar F. Handbook of Autism and Pervasive Developmental Disorders, Vol 1: Diagnosis, Development, Neurobiologyand Behavior (3rd Edition). John Wiley and SonsIncorporated, 2005.
  4. Whitman TL. The development of autism a self regulatory perspective. Jesica Kingsley Publishers. London and New York, 2004. 
  5. Shaw W. Biological Treatments for Autism and PDD. The Great Plains Laboratory, Inc; 2000. 
  6. Pangborn JB and Baker SM. Biomedical Assessment Options for Children with Autism and Related Problems. A Consensus Report of the Defeat Autism Now, October, 2002. 
  7. Glumbiћ N. Odrasle osobe sa autizmom. Grad, Kragujevac, 2006.
  8. Hall L.J. Autism Spectrum Disorders: From Theory to Practice. Prentice Hall, 2008.

















Предметен наставник

Friday, April 12, 2019

Испитни прашања по предметот Аутизам

Почитувани постдипломки,
Како што веќе објавив утре започнуваме со предавањата по предметот Аутизам од втор циклус на студии и редно е да ви ги споделам испитните прашања, заради тоа што ќе треба веќе од утре да почнете со подготовка на испитот.

1.      Историјат
2.      Дефиниција на аутизмот
3.      Класификација на аутизмот
4.      Епидемиолошки карактеристики на аутизмот
5.      Морталитет кај лицата со аутизам
6.      Етиологија и патогенеза на аутизмот
7.      Генетика на аутизмот
8.      Истражувања на близнаци и фамилијарни студии
9.      Молекуларна генетика
10.  Цитогенетски студии
11.  Квантитативни генетски истражувања
12.  Функционален геном
13.  Генетско советување
14.  Имуногенетика на аутизмот
15.  Имунолошки нарушувања кај аутизмот
16.  Типови на имунолошка дефициентност што се среќаваат кај аутизмот
17.  Алергии и аутизам
18.  Биохемиски и метаболни нарушувања кај аутизмот
19.  Гастроинтестинални нарушувања кај аутизмот
20.  Оксидативен стрес, липидна перодиксација и дефицит на глутатионот кај аутизмот
21.  Нарушувања на минералите кај аутизмот
22.  Митохондријална дисфункција кај аутизмот
23.  Живата како етиолошки фактор
24.  Полибромирани дифенилни етери
25.  Етиолошката поврзаност на аутизмот со МПР вакцината
26.  Средински теории на раниот развој
27.  Неврохемиски теории
28.  Структурни теории
29.  Невропатолошки студии
30.  Миниколумнарна патологија
31.  Неврорадиолошки студии
32.  Клинички карактеристики на аутизмот
33.  Проблеми со сензорното процесирање
34.  Дисфункција на моториката
35.  Репетитивни, рестриктивни и стереотипни активности
36.  Дијагностика на аутизмот
37.  Имунодијагностика на аутизмот
38.  Дијагностички тестови со уште недокажана вредност
39.  Дефектолошка дијагностика
40.  Анализа на фецесот
41.  Процена на алергија на храна
42.  Интегритет на цревата и одредување на нивна пропустливост
43.  Испитувања на аминокиселинскиот статус
44.  Анализа на уринарните пептиди
45.  Анализа на органските киселини
46.  Анализа на содржината на масните киселини во клетката
47.  Анализа на минералите
48.  Диференцијална дијагноза
49.  Бихејвиорална терапија
50.  Едукација (TEACCH и Lovas програма)
51.  Вежбање на социјални вештини
52.  Логопедска терапија, психотерапија, музикотерапија
53.  Терапија со држење, дневна животна терапија, БИМ
54.  Медикаментозен третман
55.  Имунолошка терапија
56.  Хипербарична кислородна терапија
57.  Окупациона терапија, терапија со сензрона интеграција и АИТ
58.  Son-Rise програма
59.  Биомедицински третман
60.  Хелација
61.  Семејна поддршка
62.  Социјален исход, промена на когнитивните способности, образование
63.  Вработување на лицата со аутизам
64.  Сместување и згрижување
65.  Показатели на исходот
66.  Превенција на АСН
67.  Медицински состојби кај аутизмот
68.  Аутизам и сексуалност
69.  Аспергер синдром
70.  Рет синдром

Предметен наставник

Monday, April 8, 2019

Аутизам предавања за постдипломци

Почитувани постдипломци,
Сакам да ве известам дека предавањата по предметот Аутизам од вториот циклус на студии ќе започнат следниов викенд на 13 и 14 април во слушална 11 на ФЗФ со почеток во 09:30 часот. Секој ден се предвидени по 4 академски часа со паузи. Предметот се реализира со вкупен фонд од 24 часа, што ќе значи дека до крајот на месец мај ќе треба да се видиме вкупно 6 пати. Предавањата се задолжителни за сите 11 новозапишани и презапишани постдипломци.

Со почит,
Предметен наставник