Showing posts with label промена. Show all posts
Showing posts with label промена. Show all posts

Friday, June 16, 2023

Промена на термините за втор циклус студии - 23.06.2023

Почитувани постдипломци,

Бидејќи се пријавивте само по еден студент од сите три предмети, испитите по Генетски аспекти на инвалидноста и Медицинска рехабилитација на моторни нарушувања се поместуваат истиот ден 23 јуни во 9:00 часот.

Предметен наставник

Tuesday, January 24, 2023

Промена на терминот за полагање на испитот МОИ

Почитувани студенти,

Ве известувам дека испитот Медицински основи на инвалидноста од втора декада се поместува за во 8:00 часот наместо во 9:00 часот и тој ќе се полага во Големиот амфитеатар на ФЗФ.

07.02.2023 МОИ во Голем амфитеатар во 08:00 часот.

Предметен наставник

Sunday, August 16, 2020

Не се можни рокади на декади!

Почитувани студенти,

Во последните денови дури шест студенти ми се обратија за рокади на декадите за полагање на испитите. Јас навистина не знам зошто правите така кога имавте цел месец за размислување и премислување и тоа траеше се` до 10 август. Што ви се случило во последните 6 дена, за да менувате одлуки јас навистина не знам? Ниту јас ве терав да ги изберете тие декади, ниту бевте принудени од некој друг. Сами си избравте и сега за 6 дена менувате одлуки. Сакам да ве известам повеќе да НЕ ми пишувате е-пошти, заради тоа што просториите се одредени, тестовите се направени и не можам повеќе да ви дозволам вакви екскурзии. Во услови на пандемија со Ковид-19 кога треба строго да се придржуваме до протоколи „да си играте вакви играчки“ е крајно некоректно кон мене.

Ви благодарам на разбирањето,

Предметен наставник

Friday, April 12, 2019

Две заменети предавања ХГ

Почитувани студенти,
Сакам и официјално да ве известам за промените во два термина предавања и вежби по предметот хумана генетика. Имено, на ваше барање за спојување на 30 април со двата големи празника ќе ви излезам пресрет и тоа предавање и вежби ќе ги одржам на 19 април во термин од 7:30 часот.
Заради мое службено патување во Холандија не сум во можност на 7 мај да го одржам предавањето и заради тоа го поместувам најверојатно за петок 17 мај во термин од 7:30 часот.
Предметен наставник

Wednesday, January 9, 2019

Промена на локацијата за ФФА - 10.01.2019

Почитувани студенти од Институтот за дефектологија,
Како што веќе беше објавено на мојот официјален ФБ профил заради повторно расипување на парното греење на Педагошкиот факултет, принуден сум настаните предвидени за утре да ги дисплоцирам во електронската лабораторија на ФЗФ. Се надевам дека нема да се поклопам со други колеги и колешки кои во тоа време би имале настава.
Распоред за утре:
  1. 08:00 - втор колоквиум ФФА
  2. 09:00 - семинар ФФА
  3. потписи ФФА
  4. освојување на 15 ЕКТС поени
Потребно е да се дојде 10 минути пред почетокот на предвидената активност.
Ви благодарам на разбирањето
Предметен наставник