Showing posts with label голем амфитеатар. Show all posts
Showing posts with label голем амфитеатар. Show all posts

Sunday, February 22, 2026

8. Меѓународна недела на Филозофскиот факултет во Скопје

Почитувани колешки и колеги,

Како еден од модераторите и предавачите на 8. Меѓународна недела на Филозофскиот факултет во Скопје, ја користам оваа пригода да поканам од утре до петок да присуствувате на истата. Утре 23.02.2026 е отворањето и првите сесии. Сите сесии ќе се одвиваат во Амфитеатар 3 (попознат како голем амфитеатар).



Особено сакам да ве ги поканам сите млади истражувачи, магистранти, докторанди, на сесијата во среда на 25 февруари кога гостин ќе ни биде професорот Џон Велс кој ни доѓа од Ирска и кој има Хиршов индекс 33. Упатените знаат дека тоа покажува огромно научно влијание во светот на науката.


Сите сесии, прашања и дискусии ќе се одвиваат на англиски јазик.
Повелете, Ве очекуваме.

Еден од предавачите







Wednesday, November 5, 2025

Први колоквиуми ФФА и ХГФ - ноември 2025

Почитувани студенти,

Во овој семестар ќе се полагаат следните колоквиуми по моите предмети: Физиологија со функционална анатомија за студентите од ИСЕР и Хумана генетика и физиологија за студентите од ИП.

  • Хумана генетика и физиологија во среда 19.11.2025 (голем амфитеатар ФЗФ) со почеток во 8:00 часот. Право да полагаат имаат оние студенти кои имаат потпис и освоено 15 ЕКТС поени од настава и дополнителни активности.
  • Физиологија со функционална анатомија во четврток 20.11.2025 (голем амфитеатар ФЗФ) со почеток во 8:00 часот. Право да полагаат имаат оние студенти кои имаат потпис и освоено 15 ЕКТС поени од настава и дополнителни активности.
За неколку денови ќе има објавено анкета за полагање и вие мора да ја потполните ако сакате да полагате. Вие сте должни најмалку 15 минути пред почетокот на колоквиумите да бидете ПРЕД амфитеатарот. Го задржувам правото на промена на термините заради дејство на виша сила. За секој случај следете го блогот, особено утрото кога полагате или вечерта пред полагањето. Понесете си најмалку две сини пенкала кои пишуваат. Пишувајте читливо и НЕ бркајте ургенции. Знаете дека, ургенциите НЕ ме тангираат.

Предметен наставник

Monday, March 24, 2025

Прв колоквиум ХГ и пополнување анкета - 01.04.2025

Почитувани студенти,

Ве информирам дека првиот колоквиум по Хумана генетика ќе се полага на 1 април 2025 година во големиот амфитеатар на ФЗФ со почеток во 8:00 часот. Вие треба да сте најмалку 15-тина минути пред амфитеатарот. Ве замолувам до четврток 27.03.2025 година да ја пополните следната анкета во врска со тоа дали ќе го полагате колоквиумот. Колоквиумот се положува со знаење, а не со ургенции.

Ви благодарам за разбирањето!

Предметен наставник

Monday, November 4, 2024

Термин за прв колоквиум - ноември 2024

Почитувани студенти,

Сакам да ги споделам термините за првите колоквиуми по предметите Физиологија со функционална анатомија и Медицински основи на инвалидноста. Двата колоквиума ќе се полагаат во 8:00 часот на 14 ноември (четврток) во амфитеатар 3 на ФЗФ (попознат уште како голем амфитеатар).  Потребно е да дојдете 15 минути претходно. Никакви доцнења не се дозволени!

Ве молам за пополнување на анкетите ОВДЕ.

Ги замолувам сите студенти што не се доволно подготвени да не се брукаат и да не доаѓаат туку-така да полагаат, бидејќи тоа го оптеретува моето време за прегледување. Досега не е познато дека некој студент/ка положиле на среќа. Прашањата можам да ви ги покажам на консултации по завршувањето на колоквиумот, ако ве интересираат, за тие студенти што нема да дојдат да полагаат. Го задржувам правото на промена на терминот заради учество на непосакувана „виша сила“.

Предметен наставник

Tuesday, November 7, 2023

Први колоквиуми ФФА и ХГФ

Почитувани студенти,

Во овој семестар ќе се полагаат следните колоквиуми по моите предмети: Физиологија со функционална анатомија за студентите од ИСЕР и Хумана генетика и физиологија за студентите од ИП.

  • Физиологија со функционална анатомија во четврток 16.11.2023 (голем амфитеатар ФЗФ) со почеток во 8:00 часот.
  • Хумана генетика и физиологија во сабота 18.11.2023 (голем амфитеатар ФЗФ) со почеток во 8:30 часот. Право да полагаат имаат оние студенти кои редовно доаѓаат на настава во овој семестар и немаат повеќе од 2 минуси.
Вие сте должни најмалку 15 минути пред почетокот на колоквиумите да бидете пред амфитеатарот. Го задржувам правото на промена на термините заради дејство на виша сила. Понесете си најмалку две сини пенкала кои пишуваат. Пишувајте читливо и НЕ бркајте ургенции.

Предметен наставник

Thursday, March 9, 2023

Прв колоквиум ХГ и МОИ - 05.04.2023

Почитувани студенти,

Ве известувам дека првите колоквиуми по предметите Хумана генетика и Медицински основи на инвалидноста ќе се одвиваат на 05.04.2023 година (среда) во големиот амфитеатар на ФЗФ со почеток во 08.00 часот. Вие треба да сте пред амфитеатарот околу 15 минути порано. Наскоро ќе има анкета за тоа кој ќе го полага првиот колоквиум. Пожелно е на колоквиумот да дојдат добро подготвени студенти, а не само за да го погледнат тестот. Го задржувам правото на промена на терминот заради учество на виша сила.

Со почит,

Предметен наставник

Tuesday, January 24, 2023

Промена на терминот за полагање на испитот МОИ

Почитувани студенти,

Ве известувам дека испитот Медицински основи на инвалидноста од втора декада се поместува за во 8:00 часот наместо во 9:00 часот и тој ќе се полага во Големиот амфитеатар на ФЗФ.

07.02.2023 МОИ во Голем амфитеатар во 08:00 часот.

Предметен наставник

Sunday, September 6, 2020

Испити ХГФ и ХГ - 07.09.2020

 Почитувани студенти,

Од утре 07.09.2020 година кај мене започнува втората декада испитите ќе се полагаат во голем амфитеатар (амфитеатар 3) по следниот редослед:
  • 08:00 ХГФ
  • 10:00 ХГ
Важни НАПОМЕНИ!
Студентите да си набават пријави за полагање испити порано, а НЕ на денот на испитот. „Студентскиот сервис“ при ФЗФ отвора во 08:00 часот, а вие треба да сте претходно во амфитеатарот. Утре не сум сигурен дека „Студентски сервис“ ќе работи.
  • Студентите да бидат 15 минути пред терминот пред местото за полагање!
  • Никакво доцнење нема да биде толерирано!
  • Од епшидемиолошки причини студентите да не се задржуваат во просториите на ФЗФ по полагањето на испитот и строго да се придржуваат на протоколот против Ковид-19!
  • Ниту еден студент НЕ може да полага испит без пријава и без 15 ЕКТС поени!
  • Ниту еден студент НЕ смее да полага без маска и ракавици!
  • Секој оној студент што не ги почитува овие напомени и принципи, нема да може да полага испити по моите предмети!
За студентите од ИСЕР најверојатно испитот ФФА ќе се помести од 15.09. на 12.09. (сабота). Тоа ќе биде објавено со посебен пост, затоа редовно следете го овој блог. Ова се прави заради немање на доволно простории и термини за полагање.
Ви благодарам за разбирањето.
Предметен наставник