Showing posts with label протокол. Show all posts
Showing posts with label протокол. Show all posts

Sunday, September 6, 2020

Испити ХГФ и ХГ - 07.09.2020

 Почитувани студенти,

Од утре 07.09.2020 година кај мене започнува втората декада испитите ќе се полагаат во голем амфитеатар (амфитеатар 3) по следниот редослед:
  • 08:00 ХГФ
  • 10:00 ХГ
Важни НАПОМЕНИ!
Студентите да си набават пријави за полагање испити порано, а НЕ на денот на испитот. „Студентскиот сервис“ при ФЗФ отвора во 08:00 часот, а вие треба да сте претходно во амфитеатарот. Утре не сум сигурен дека „Студентски сервис“ ќе работи.
  • Студентите да бидат 15 минути пред терминот пред местото за полагање!
  • Никакво доцнење нема да биде толерирано!
  • Од епшидемиолошки причини студентите да не се задржуваат во просториите на ФЗФ по полагањето на испитот и строго да се придржуваат на протоколот против Ковид-19!
  • Ниту еден студент НЕ може да полага испит без пријава и без 15 ЕКТС поени!
  • Ниту еден студент НЕ смее да полага без маска и ракавици!
  • Секој оној студент што не ги почитува овие напомени и принципи, нема да може да полага испити по моите предмети!
За студентите од ИСЕР најверојатно испитот ФФА ќе се помести од 15.09. на 12.09. (сабота). Тоа ќе биде објавено со посебен пост, затоа редовно следете го овој блог. Ова се прави заради немање на доволно простории и термини за полагање.
Ви благодарам за разбирањето.
Предметен наставник

Monday, June 22, 2020

Пишување оцени - 23.06.2020

Почитувани студенти,
Сите вие кои ги положивте испитите во првата декада, или евентуално ако не сте земале оцена од јануарската испитна сесија, ве поканувам утре 23.06.2020 година да ги доставите своите индекси кај координаторката во библиотеката на ИСЕР точно во 11:00 часот. Заради пандемијата со Ковид-19 принуден сум на ваков чекор. Инаку, знаете дека секогаш сум инсистирал на лично земање на оцени. Ве молам за точност и за влегување во библиотеката по протокол еден по еден студент/ка со одржување на дистанца најмалку од 2 метри. Потребно е задолжително носење на маска и ракавици при влез во просториите на ФЗФ. Потоа, таа ќе ми ги предаде индексите и јас за не повеќе од 20-30 минути ќе ги вратам назад во библиотеката. Во мојот кабинет не ги барајте оцените! За тоа време, ве молам во интерес на вашето здравје и здравјето на вработените да не се групирате во зградата на ФЗФ, туку да чекате надвор на воздух. Во јули по завршувањето на втората декада ќе има најмалку уште еден ваков термин, за што ќе бидете дополнително информирани. Во меѓувреме ако утре не можете да дојдете, вие повторно можете да го оставите индексот кај координаторката, но не ви ветувам брзо пишување на оцените.
Ви благодарам на разбирањето.
Предметен наставник