Showing posts with label пишување оцени. Show all posts
Showing posts with label пишување оцени. Show all posts

Tuesday, June 16, 2026

Пишување оцени - 18.06.2026

Почитувани студенти,

Ве поканувам во четврток 18 јуни да си земете оцена во периодот од 12:00 до 13:00 часот. Истиот термин може да се искористи и за друг вид на консултации. Го задржувам правото за промена на терминот во случај на „виша сила“.

Предметен наставник

Wednesday, June 3, 2026

Пишување оцени - 04.06.2026

Почитувани студенти,

Ве поканувам утре, 4 јуни, во периодот од 12:00 до 12:30 часот, да пристапите за внесување и заверка на оцената, сите кои го положивте предметот преку колоквиуми и континуирани активности, како и студентите кои го положија испитот во првата декада.

Ве молам да го почитувате наведениот термин, бидејќи во текот на оваа испитна сесија ќе бидат организирани уште само еден до два дополнителни термини за оваа намена.

Се препорачува лично присуство при земањето на оцената.

Студентите кои го положиле предметот преку колоквиуми, покрај индексот, задолжително треба да донесат и испитна пријава.

Со почит,

Предметен наставник

Sunday, February 8, 2026

Пишување оцени и други консултации - 09.02.2026

Почитувани студенти,

На повеќето студенти (ако не и на сите) пишав оцени минатата седмица. Ве поканувам утре 09.02.2026 (на денот кога чествувам 32 години од дипломирањето на Медицинскиот факултет во Скопје) во периодот од 9:00 до 10:00 часот да дојдете лично во мојот кабинет по оцена или друг вид на консултации.  Ако не го искористите овој термин, час поскоро оставете го индексот во библиотеката и чекајте до идната седмица да ви ставам оцена. Студентите што положиле преку колоквиум доколку не оставиле пријава и индекс минатата седмица, ќе земат оцена дури во јуни.

Ви благодарам за разбирањето!

Предметен наставник

Tuesday, February 3, 2026

Пишување оцени - 04.02.2026

Почитувани студенти,

Ве поканувам утре 04.02.2026 во периодот од 8:00 до 10:00 часот да го оставите индексот, а студентите што положиле преку колоквиуми индексот и пријавата во библиотеката на ИСЕР. Заради сезона на вирози и заради превентива нема потреба лично да ги земате оцените. Јас ќе ви ги напишам оцените од 10:00 до 12:00 часот и потоа, повторно ќе си ги подигнете од библиотеката на ИСЕР. Напоменувам да не ми доаѓате во кабинет, бидејќи на тој начин нема да ви пишувам оцени. Ова важи за сите студенти од двата института. Посебна напомена за студентите што положиле испити преку колоквиуми да го искористат утрешниот термин, бидејќи други специјални термини нема да има. Ако не го искористите овој термин, час поскоро оставете го индексот во библиотеката и чекајте до идниот вторник да ви ставам оцена. Потоа, одам на пат 3 дена, а потоа 16.02.2026 година, мислам дека ќе биде предоцна. Доколку студентите што положиле преку колоквиум не остават пријава и индекс најдоцна до петок, потоа може дури во јуни да им биде пишана оцената.

Ви благодарам за разбирањето!

Предметен наставник

Friday, September 12, 2025

Пишување оцени - 15.09.2025

Почитувани студенти,

Ве поканувам понеделник 15 септември 2025 година да дојдете по оцена во периодот од 10:30 до 11:00 часот. Најдобро е лично да си ја земете оцената. Доколку не сте во Скопје може да го дадете индексот на колега/колешка. Вакви официјални термини нема да има повеќе во оваа сесија. Има уште една опција ако не дојдете тогаш, да го оставите индексот во билиотеката на ИСЕР и да чекате да ви пишам оцена. Денес пишав 4 оцени на индекси што беа оставени во последните два дена.

Ви благодарам за разбирањето!

Предметен наставник

Tuesday, September 9, 2025

Пишување оцени - 10.09.2025

Почитувани студенти,

Ве поканувам утре (среда) 10 септември 2025 година да дојдете по оцена во периодот од 10:00 до 11:00 часот. Најдобро е лично да си ја земете оцената. Доколку не сте во Скопје може да го дадете индексот на колега/колешка. Следната седмица ќе се обидам да ви обезбедам уште еден ваков термин. Има уште една опција ако не дојдете утре, од 11.09.2025 година да го оставите индексот во билиотеката на ИСЕР и да чекате да ви пишам оцена.

Ви благодарам за разбирањето!

Предметен наставник

Tuesday, June 17, 2025

Пишување оцени - 19.06.2025

Почитувани студенти,

Ве информирам дека оцени ќе пишувам во четврток на 19 јуни во периодот од 13:15 часот до 14:00 часот. Најдобро е лично да си ги земете оцените. Посебно напоменувам дека мора да дојдат оние студенти што имаат положено преку колоквиуми, или студентката од ИП што две години не може да земем оцена, бидејќи секогаш доаѓа откако сум ги завршил административните процедури. Доколку некој/а студент/ка се наоѓа во моментов на ФЗФ, може да дојде во следните 30-тина минути.

Предметен наставник

Tuesday, June 10, 2025

Пишување оцени - 11.06.2025

Почитувани студенти,

Ве поканувам утре (среда) 11 јуни 2025 година да дојдете по оцена во периодот од 9:30 до 10:45 часот. Студентите што полагале преку колоквиум мора да донесат и пријава. Најдобро е лично да си ја земете оцената. Доколку не сте во Скопје може да го дадете индексот на колега/колешка. Следната седмица ќе има најмалку уште еден ваков термин во периодот од 18 до 20 јуни.

Ви благодарам за разбирањето!

Предметен наставник

Tuesday, February 4, 2025

Пишување оцени - 05.02.2025

Почитувани студенти,

Ве поканувам утре 5 февруари да дојдете да земете оцена во периодот од 12:00 до 13:00 часот. Пожелно е лично земање на оцените, но доколку не сте во можност, можете да го дадете индексот на колега/колешка. Напоменувам дека оваа седмица може да има само уште еден ваков термин, најверојатно во петок. Исто така, можно е да го оставите индексот во библиотеката на ИСЕР од од овој момент натаму во било кој термин од 8.00 до 15:30 часот и да чекате да го потпишам. Утрешниот термин може да се искористи за потписи и за друг вид на консултации.

Со почит,

Предметен наставник

Sunday, February 2, 2025

Пишување оцени - 03.02.2025

Почитувани студенти,

Ве поканувам утре 3 февруари да дојдете да земете оцена во периодот од 11:30 до 13:00 часот. Пожелно е лично земање на оцените, но доколку не сте во можност, можете да го дадете индексот на колега/колешка. Напоменувам дека идната седмица ќе има уште еден ваков термин, така што не очајувајте ако утре не можете да го запазите терминот. Исто така, можно е да го оставите индексот во библиотеката на ИСЕР од утре натаму во било кој термин од 8.00 до 15:30 часот и да чекате да го потпишам. Утрешниот термин може да се искористи и за друг вид на консултации.

Со почит,

Предметен наставник

Sunday, January 26, 2025

Пишување оцени - февруаури 2025

Почитувани студенти,

Заради ужасно набиена агенда со испити и службен пат следнава недела нема да пишувам оцени. За тие студенти што се од внатрешноста, можете слободно да го оставите индексот кај некој колега/колешка. Иако инсистирам на лично земање на оцена, овој пат ќе направам отстапка заради намалување на трошоците на тие што се од внатрешноста. Ве молам не ми пишувајте е-пошта, не доаѓајте утре и задутре кај мене во кабинет. Едноставно принципите на игра мора да се почитуваат. Од 2 февруари натаму ќе бидат објавени точните термини за пишување оцени.

Ви благодарам за разбирањето!

Предеметен наставник

Tuesday, September 10, 2024

Пишување оцени - 11.09.2024

Почитувани студенти,

Сите вие кои положивте испити во втората декада и во минатите декади и сесии, ве поканувам утре од 13:30 до 14:00 часот лично да земете оцена кај мене во кабинет. Ако не можете во овој термин само оставете го индексот кај координаторката на ИСЕР и чекајте до петок да ви пишам оцена. Друг ваков официјален термин во оваа сесија нема да има, а наредната седмица ниту теоретски не можете да ме најдете.

Предметен наставник

Monday, September 2, 2024

Пишување оцени - 03.09.2024

Почитувани студенти,

Ве известувам дека утре на 3 септември во периодот од 12:00 до 12:30 часот ќе пишувам оцени. Оцени се земаат со лично присуство. Ваков термин уште еден во оваа сесија ќе има во периодот од 11 до 13 септември. Кој не доставил пријава, ако полагал со освојување поени во текот на годината и ако не земе оцена до 13 септември, понатаму нема да може да му биде впишана со датум во септемвриската сесија.

Предметен наставник

Sunday, June 30, 2024

Пишување оцени - 01.07.2024

Почитувани студенти,

Ве известувам дека утре 1 јули во периодот од 12:00 до 12:30 часот ќе пишувам оцени. Оцени се земаат со лично присуство. Овој термин е трет и последен за оваа сесија. Кој не доставил пријава, ако полагал со освојување поени во текот на годината и ако не земе оцена на 1 јули, понатаму нема да може да му биде впишана со датум во јунската сесија. Другите ќе можете да го оставите индексот кај координаторката на ИСЕР и да чекате да го завршам, некој убав ден до 18 јули.

Предметен наставник

Tuesday, June 25, 2024

Пишување оцени - 26.06.2024

Почитувани студенти,

Ве известувам дека утре 26 јуни во периодот од 13:30 до 14:00 часот ќе пишувам оцени. Оцени се земаат со лично присуство. Ваков термин последен за оваа сесија ќе има најверојатно и на 1 јули. Кој не доставил пријава, ако полагал со освојување поени во текот на годината и ако не земе оцена до 1 јули, понатаму нема да може да му биде впишана со датум во јунската сесија.

Предметен наставник

Tuesday, January 30, 2024

Пишување оцени - 31.01.2024

Почитувани студенти,

Утре, 31.01.2024 година треба да ги оставите индексите кај координаторката на ИСЕР во периодот од 8:00 до 11:00 часот. Ве молам имајте во вид дека од 10:00 до 10:30 таа има пауза и не ја вознемирувајте во тој период. Потоа, ј5 иас ќе ви ги напишам оцените (не можам да предвидам колку време ќе трае тоа) и ќе ги вратам индексите во библиотеката на ИСЕР. Ве молам да не ми доаѓате на врата како „коледари“. Можно е да има уште еден ваков официјален термин на 5 или 6 февруари, за што би биле навремено известени. Во случај да нема, ќе ги оставите индексите и ќе чекате да ги внесам оцените.

Ви благодарам за разбирањето.

Предметен наставник

Wednesday, January 24, 2024

Пишување оцени - 25.01.2024

Почитувани студенти,

Сите вие кои преку колоквиуми ги положивте испитите или пак во првата декада, ве поканувам утре четврток во периодот од 8:00 до 10:15 да ги оставите индексите кај координаторката на ИСЕР. Исклучок се оние студенти на кои им реков лично да дојдат. Јас ќе пишувам оцени во периодот од 10:15 до 11:30 часот. Следниот официјален термин за пишување оцени ќе биде меѓу 31.01.2024 и 02.02.2024. Користете ги овие термини, бидејќи други официјални термини нема да има.

Срдечен поздрав,

Предметен наставник

Wednesday, September 13, 2023

Пишување оцени - 14.09.2023

Почитувани студенти,

Сите вие кои треба да земете оцена по моите предмети, ве поканувам утре четврток (14.09.2023) од 10:30 до 11:00 часот и од 12:00 до 12:30 часот да дојдете во мојот кабинет. Доколку не можете да ги испочитувате овие термини, тогаш од понеделник наутро па натаму оставете го индексот кај координаторката на ИСЕР и чекајте да ви пишам оцена. Ве информирам дека ова е последен ваков официјален термин за оваа сесија.

Предметен наставник

Friday, September 1, 2023

Пишување оцени, 15 ЕКТС поени и консултации - 04.09.2023

Почитувани студенти,

Ве известувам дека во понеделник на 4 септември можете да дојдете за пишување на оцени во индекс, да одговарате за 15 ЕКТС поени, или било кој друг вид на консултации во периодот од 10:00 до 11:00 часот.

Предметен наставник

Tuesday, June 13, 2023

Пишување оцени - 16.06.2023

Почитувани студенти,

Сите кои треба да земете оцени од оваа сесија, или од некои минати сесии, ве поканувам во петок од 8:00 до 10:00 да ги оставите индексите во библиотеката на ИСЕР во посебна кутија со моето име. Јас ќе пишувам оцени од 10:00 до 10:30, а потоа ќе може да си ги земете индексите назад. Тие што не можат да дојдат ги информирам дека следната седмица во чќетврток или петок ќе има уште еден ваков термин.

Предметен наставник