Showing posts with label консултации. Show all posts
Showing posts with label консултации. Show all posts

Sunday, April 5, 2026

15 ЕКТС поени - 06.04.2026

Почитувани студенти,

Ве поканувам во понеделник на 6 април во периодот од 11:00 до 12:00 часот да си ги завршите сите заостанати обврски во смисол на одговарање за 15 ЕКТС поени, за да можете да полагате во јунската сесија. До крајот на мај, ќе има уште 2-3 вакви термини и затоа искористете ги побрзо. Потоа, во јуни, пред сесијата нема да има вакви термини. Овие термини може да се искористат и за други видови на консултации.

Предметен наставник

Sunday, February 8, 2026

Пишување оцени и други консултации - 09.02.2026

Почитувани студенти,

На повеќето студенти (ако не и на сите) пишав оцени минатата седмица. Ве поканувам утре 09.02.2026 (на денот кога чествувам 32 години од дипломирањето на Медицинскиот факултет во Скопје) во периодот од 9:00 до 10:00 часот да дојдете лично во мојот кабинет по оцена или друг вид на консултации.  Ако не го искористите овој термин, час поскоро оставете го индексот во библиотеката и чекајте до идната седмица да ви ставам оцена. Студентите што положиле преку колоквиум доколку не оставиле пријава и индекс минатата седмица, ќе земат оцена дури во јуни.

Ви благодарам за разбирањето!

Предметен наставник

Friday, September 1, 2023

Пишување оцени, 15 ЕКТС поени и консултации - 04.09.2023

Почитувани студенти,

Ве известувам дека во понеделник на 4 септември можете да дојдете за пишување на оцени во индекс, да одговарате за 15 ЕКТС поени, или било кој друг вид на консултации во периодот од 10:00 до 11:00 часот.

Предметен наставник

Thursday, January 12, 2023

Потписи и други консултации - 13.01.2023

Почитувани студенти,

Утре (петок) од 10:00 до 12:00 часот ќе давам потписи за тие што досега не земале. Претходно треба да ги доставите индексите во библиотеката на ИСЕР. Во истиот тој период ќе одржувам и консултации со сите студенти кои имаат нејаснотии, кои сакаат да направат увид на тестот, кои сакаат да дојдат на „чашка муабет“. За наредната седмица не знам во кои денови ќе бидам таму, само можам да кажам дека нема да бидам многу достапен за комуникација во живо поради милион други обврски.

Колегијален поздрав,

Предметен наставник

Tuesday, February 15, 2022

Пандемиски консултации

Почитувани студенти,

Наскоро ќе навлеземе во третата година од пандемијата со Коивд-19. Стелт омикрон варијантата на корона вирусот е исклучително заразна. Смртноста во Македонија е исклучително висока. Затоа не ми ни паѓа на памет да закажувам термини за консултации во живо во мојот кабинет или било каде на факултетот. Затоа, како и во изминатите години максимално сум ви достапен по електронски пат. Консултации ќе можете да остварите во било кое време кога немам обврски и задолженија по е-пошта. Доколку некој сака да ме види и слушне, по е-пошта ќе закажеме термин за Мајкрофост Тимс средба.

Ви благодарам за разбирањето!

Предметен наставник

Monday, February 24, 2020

Поместен термин за консултации - 26.02.2020

Почитувани студенти,
Ве известувам дека оваа среда, задутре 26.02.2020 консултациите наместо во редовниот термин ќе се изведуваат во термин од 12:00 до 13:30 часот. Ова поместување важи само за оваа среда и тоа е од објективни причини.
Предметен наставник

Wednesday, February 12, 2020

Термини за консултации - летен семестар 2020

Почитувани студенти, постдипломци, колешки и колеги,
Ве информирам дека моите термини за консултации во летниот семестар во 2020 година се следните:

Понеделник 10:00 до 11:30 часот,
Среда 10:00 до 11:30 часот.

Го задржувам правото заради виша сила да не бидам во дадениот момент во мојот кабинет, но затоа нудам и други опции за консултации. Ви благодарам за почитувањето на истите.
Предметен наставник

Monday, November 25, 2019

Консултации по предметот Аутистичен спектар на нарушувања - 27.11.2019

Почитувани постдипломци,
Како што ве информира нашата координаторка по ЕКТС, првите консултации по предметот Аутистичен спектар на нарушувања ќе ги одржам во среда на 27.11.2019 година во 14:30 часот. Бидејќи сте само три кандидати ве замолувам сите да дојдете во мојот кабинет на ФЗФ кој се наоѓа пред главниот влез на факултетот од десна страна.
Предметен наставник

Sunday, November 10, 2019

Замена на терминот за консултации - 11.11.2019

Почитувани студенти,
Заради некои обврски утрешниот термин за консултации наместо од 10:00 до 11:30, ќе се одвива од 11:00 до 12:30 часот. Само утрешниот термин се поместува за еден час понапред. Ви благодарам на разбирањето.
Предметен наставник

Wednesday, May 1, 2019

15 ЕКТС поени и консултации - 02.05.2019

Почитувани студенти,
Утре, 02.05.2019 година ќе им кус термин за 15 ЕКТС поени и за консултации во периодот од 15:30 до 16:00 часот. 
Предметен наставник

Wednesday, April 24, 2019

15 ЕКТС поени и консултации - 25.04.2019

Почитувани студенти,
Утре, 25.04.2019 година на ваше барање ќе може да ги предадете семинарските трудови по Хумана генетика. Консултациите од денес се префрлаат за утре. Исто така другите студенти ќе можат да си ја завршат задачата за освојување на 15 ЕКТС поени во периодот од 10:00 до 12:00 часот. 
Предметен наставник

Wednesday, February 13, 2019

Термини за консултации во летниот семестар 2019

Почитувани студенти,
Сакам да ги споделам со вас термините за консултации во тнр. летен семестар кој започнува среде зима. Тоа се следните:
  • Понеделник од 10:00 до 11:30 часот,
  • Среда од 10:00 до 11:30 часот.

Авторот на овој блог го задржува правото да не биде присутен во својот кабинет во тие термини заради учество на конференција, важен состанок, болест, или слично. Заради тоа, доколку ви се брза со консултациите ќе ви излезе пресрет уште истата седмица по претходен договор по е-пошта.

Предеметен наставник