Showing posts with label електронски. Show all posts
Showing posts with label електронски. Show all posts

Saturday, November 25, 2023

Осмо предавање ФФА електронски - 30.11.2023

Почитувани студенти од ИСЕР,

Како што веќе ви напоменав осмото предавање и вежбите по Физиолологија со функционална анатомија, заради одржување на самиот на ОБСЕ во Скопје и одлуката на Владата, ќе се одржат по електронски пат на платформата Мајкрософт Тимс на 30.11.20223 година. Потребно е на сите да ви е одобрено присуство во дадениот Тим претходно. Вие сте должни најмалку 5 минути пред почетокот да бидете на платформата.

Пријатен викенд,

Предметен наставник

Tuesday, February 15, 2022

Пандемиски консултации

Почитувани студенти,

Наскоро ќе навлеземе во третата година од пандемијата со Коивд-19. Стелт омикрон варијантата на корона вирусот е исклучително заразна. Смртноста во Македонија е исклучително висока. Затоа не ми ни паѓа на памет да закажувам термини за консултации во живо во мојот кабинет или било каде на факултетот. Затоа, како и во изминатите години максимално сум ви достапен по електронски пат. Консултации ќе можете да остварите во било кое време кога немам обврски и задолженија по е-пошта. Доколку некој сака да ме види и слушне, по е-пошта ќе закажеме термин за Мајкрофост Тимс средба.

Ви благодарам за разбирањето!

Предметен наставник