Showing posts with label КОВИД-19. Show all posts
Showing posts with label КОВИД-19. Show all posts

Tuesday, February 15, 2022

Пандемиски консултации

Почитувани студенти,

Наскоро ќе навлеземе во третата година од пандемијата со Коивд-19. Стелт омикрон варијантата на корона вирусот е исклучително заразна. Смртноста во Македонија е исклучително висока. Затоа не ми ни паѓа на памет да закажувам термини за консултации во живо во мојот кабинет или било каде на факултетот. Затоа, како и во изминатите години максимално сум ви достапен по електронски пат. Консултации ќе можете да остварите во било кое време кога немам обврски и задолженија по е-пошта. Доколку некој сака да ме види и слушне, по е-пошта ќе закажеме термин за Мајкрофост Тимс средба.

Ви благодарам за разбирањето!

Предметен наставник

Sunday, September 6, 2020

Испити ХГФ и ХГ - 07.09.2020

 Почитувани студенти,

Од утре 07.09.2020 година кај мене започнува втората декада испитите ќе се полагаат во голем амфитеатар (амфитеатар 3) по следниот редослед:
  • 08:00 ХГФ
  • 10:00 ХГ
Важни НАПОМЕНИ!
Студентите да си набават пријави за полагање испити порано, а НЕ на денот на испитот. „Студентскиот сервис“ при ФЗФ отвора во 08:00 часот, а вие треба да сте претходно во амфитеатарот. Утре не сум сигурен дека „Студентски сервис“ ќе работи.
  • Студентите да бидат 15 минути пред терминот пред местото за полагање!
  • Никакво доцнење нема да биде толерирано!
  • Од епшидемиолошки причини студентите да не се задржуваат во просториите на ФЗФ по полагањето на испитот и строго да се придржуваат на протоколот против Ковид-19!
  • Ниту еден студент НЕ може да полага испит без пријава и без 15 ЕКТС поени!
  • Ниту еден студент НЕ смее да полага без маска и ракавици!
  • Секој оној студент што не ги почитува овие напомени и принципи, нема да може да полага испити по моите предмети!
За студентите од ИСЕР најверојатно испитот ФФА ќе се помести од 15.09. на 12.09. (сабота). Тоа ќе биде објавено со посебен пост, затоа редовно следете го овој блог. Ова се прави заради немање на доволно простории и термини за полагање.
Ви благодарам за разбирањето.
Предметен наставник

Saturday, May 30, 2020

Вонредна вест - јунска сесија 2020

Почитувани студенти,
Како што гледате работите со Ковид-19 се комплицираат и во последните денови бројот на инфицирани и заболени расте. Ние професорите ќе дадеме термини, но не можеме да предвидиме како ќе се одвиваат работите по 15.06.2020 кога е планирана првата декада од јунската сесија. За оние што се плашат од корона вирусот, што не можат да патуваат со јавен транспорт, што немаат сместување во Скопје, што сметаат дека 40 минути за 40 прашања се малку им нудам устно полагање на испитот преку платформата Мајкрософт Тимс. За да се оствари тоа ќе треба да имате функционална камера и микрофон и да бидете подговтвени да одговарате 30-40 минути на 3 главни прашања и по потреба уште неколку потпрашања од целиот материјал. Сите вие што ќе се одлучите за оваа опција на устно полагање веднаш да ми се пријавите преку е-пошта и во тој случај воопшто да не се пријавувате на оние заеднички списоци за писмено полагање. Ако сте се пријавиле за писмено задолжително да се отпишете. Не е добро да има двојна евиденција. Кога ќе се пријавувате задолжително да го напишете и бројот на индексот. За сите останати што ќе полагаат писмено рокот на доставување на списоците по декади и по предмети е 1 јуни во 12:00 часот на пладне. Устните испити што ќе се полагаат онлајн ќе се реализираат веднаш во деновите по писмените. Дополнителни информации во врска со датумите и некои други напомени ќе бидат споделени дополнително на овој блог. Факлутетот и јас како предметен наставник го задржуваме правото за откажување на писменото полагање во случај на влошување на ситуацијата со болеста Ковид-19 во Македонија.
Во благодарам на разбирањето!
Предметен наставник

Thursday, April 30, 2020

Онлајн сервис за поддршка на деца со аутизам и нивните семејства

Како реакција на пролонгираната ситуација со рестриктивните мерки за спречување на ширењето на КОВИД-19, активностите од Autism Social Skills and Positive Parenting (ASP) програмата се префрлаат онлајн. Во партнерство со УНИЦЕФ и со поддршка од Амбасадата на Обединетото кралство, Македонското научно здружение за аутизам започнува со обезбедување на специјализирана онлајн поддршка за деца со аутизам и нивните семејства.
Во рамки на ASP програмата, нашиот тим од специјални едукатори и логопеди ќе испорачува индивидуализирани едукативни услуги за поддршка на социјалниот развој на децата со аутизам и промовирање позитивни родителски практики.
Нашиот пристап се заснова на разбирање на предизвиците на детето и семејството. Свесни за потребата од воспоставување рутина за децата со аутизам и обезбедување соодветни адаптации во околината и начинот на подучување, развивме дигитални материјали кои овозможуваат индивидуално скроена компензаторна поддршка во едукативниот третман.
Поддршката која ја обезбедува нашиот стручен тим е насочена кон организација на просторот, социјална поддршка, комуникациска поддршка и бихејвиорална поддршка. Исто така, алатките ќе ги поддржат и родителите на децата со аутизам во примената на позитивни родителски практики, базирани на разбирање на однесувањето на детето, негово ефикасно менаџирање и превентивно делување.
Услугите се испорачуваат бесплатно. Повеќе информации за сервисот може да добиете на тел: 078 346-565 секој работен ден од 9 до 18 часот. Повелете закажете термин.

ИО МНЗА