Showing posts with label устно полагање. Show all posts
Showing posts with label устно полагање. Show all posts

Tuesday, June 2, 2020

Онлајн устно полагање на испитите

Почитувани студенти,
Сакам да ве известам дека пријавувањето за онлајн устното полагање на моите испити заврши вчера на 1 јуни. Рокот за пријавување на писмените и устните испити е веќе завршен и јас веќе не можам да примам нови студенти. Овде би сакал да нагласам дека устното полагање не е така едноставно како што некои од вас си замислуваат. Ќе биде потребна голема концентрација, знаење да се одговара есејски, да го знаете целиот материјал. Ќе одговарате 30-45 минути по кандидат. Нема да биде дозволено суфлирање од страна, ниту вртење на погледот во страна со цел читање од учебник, списи и сл. Многу скоро ќе биде објавен и распоредот за полагање на писмените испити со термини и простории, се разбира доколу пандемијата го дозволи тоа.
Предметен наставник

Saturday, May 30, 2020

Вонредна вест - јунска сесија 2020

Почитувани студенти,
Како што гледате работите со Ковид-19 се комплицираат и во последните денови бројот на инфицирани и заболени расте. Ние професорите ќе дадеме термини, но не можеме да предвидиме како ќе се одвиваат работите по 15.06.2020 кога е планирана првата декада од јунската сесија. За оние што се плашат од корона вирусот, што не можат да патуваат со јавен транспорт, што немаат сместување во Скопје, што сметаат дека 40 минути за 40 прашања се малку им нудам устно полагање на испитот преку платформата Мајкрософт Тимс. За да се оствари тоа ќе треба да имате функционална камера и микрофон и да бидете подговтвени да одговарате 30-40 минути на 3 главни прашања и по потреба уште неколку потпрашања од целиот материјал. Сите вие што ќе се одлучите за оваа опција на устно полагање веднаш да ми се пријавите преку е-пошта и во тој случај воопшто да не се пријавувате на оние заеднички списоци за писмено полагање. Ако сте се пријавиле за писмено задолжително да се отпишете. Не е добро да има двојна евиденција. Кога ќе се пријавувате задолжително да го напишете и бројот на индексот. За сите останати што ќе полагаат писмено рокот на доставување на списоците по декади и по предмети е 1 јуни во 12:00 часот на пладне. Устните испити што ќе се полагаат онлајн ќе се реализираат веднаш во деновите по писмените. Дополнителни информации во врска со датумите и некои други напомени ќе бидат споделени дополнително на овој блог. Факлутетот и јас како предметен наставник го задржуваме правото за откажување на писменото полагање во случај на влошување на ситуацијата со болеста Ковид-19 во Македонија.
Во благодарам на разбирањето!
Предметен наставник