Професорски блог на Владимир Трајковски. Малку едукација, малку наука, малку медицина, малку дефектологија и на крајот малку музика
Saturday, August 1, 2026
Четири години Journal of Health and Rehabilitation Sciences (JHRS)
Thursday, February 26, 2026
Хумана генетика на Мајкрософт Тимс - 2026
Почитувани студенти од ИСЕР,
Како добар ресурс за предавања, видео клипови и слично можат да се искористат материјалите од претходните пандемиски генерации. Исто така, таму ќе треба да се поставуваат вашите семинарски трудови и останати активности. Повелете ЛИНК до предметот на Мајкрософт Тимс. Мора да побарате прием. Почнете веднаш со барање на прием.
Предметен наставник
Sunday, March 23, 2025
5. предавање ХГ - онлајн - 24.03.2025
Почитувани студенти,
Во договор со студентката А.Б., креирав отворен линк на МТ на кој ќе можат сите да влезат, дури и да имаат проблем со нивните кориснички имиња или лозинки. Замената за пропуштеното петто предавање и вежби ќе се реализираат утре (понеделник) 24.03.2025 година од 8:00 часот на следниот ЛИНК. Доволно е да имате само интернет конекција и добра волја и може да се вклучите преку било кој интернет прелистувач. За утре предавањата и вежбите е планирано да се реализираат до некаде околу 12:15.
Предметен наставник
Monday, May 6, 2024
11. предавање ХГ - 07.05.2024
Почитувани студенти,
Поради тоа што утрешниот ден се наоѓа меѓу празник и ден за избори, а од друга страна многумина од вас се од внатрешноста на Македонија, решив 11. предавање и вежби по Хумана генетика да ги одржам онлајн на Мајкрософт Тимс. Бидете утре онлајн десетина минути пред 8:00 часот.
Честит Велигден и Ѓурѓовден!
Предметен наставник
Saturday, April 27, 2024
15 ЕКТС поени онлајн - 29.04.2024
Почитувани студенти,
Во понеделник 29 април ќе организирам онлајн одговарање за 15 ЕКТС поени за сите оние студенти кои живеат надвор од Скопје или Македонија. Во петокот не дојде никој во мојот кабинет. Би сакал да ве предупредам дека до јунската сесија може да има најмногу уште 2-3 термини со физичко присуство. Не ги пропуштајте за да не останете без право за полагање на испитите. Овде е линкот за вклучување со почеток во 9:00 часот.
Предметен наставник
Friday, March 15, 2024
4. предавање ХГ - 16.03.2024
Почитувани студенти,
По договор, ви го проследувам линкот за утрешното (сабота) заменето предавање по Хумана генетика. Ова е замена за пропуштеното предавање во вторникот на 12.03.2024 година. Предавањето ќе започне точно во 9:00 часот. Бидете некоја минута претходно онлајн.
Со почит,
Предметен наставник
Wednesday, November 1, 2023
24. вебинар „Светските експерти за аутизмот гости на МНЗА“
Почитувани колешки и колеги, драги студенти,
МНЗА продолжува со спроведување на вебинарите „Светските експерти за аутизмот гости на МНЗА“ и веќе на репертоарот во вторник на 07.11.2023 година е д-р Јасир Ахмед Сајед кој ќе предава на тема: „Како хромозомскиот локус 1q21.1 го зголемува ризикот за нарушувања од спектарот на аутизмот“. Вебинарите не се наплатуваат. Потребно е задолжително пријавување на сите заинтересирани на следниот ФОРМУЛАР. За да добиете линк за Мајкрософт Тимс потребно е да оставите точно име и презиме и е-пошта. Сертификат што некому живот значи не се добива.
Ве очекуваме!
Претседател на МНЗА
Monday, October 30, 2023
Завршна онлајн конференција од проектот: „Вклучување преку социјални вештини за ученици со аутизам и интелектуална попреченост“
Почитувани колешки и колеги, драги родители на деца со АСН и ИП,
Имам особена чест да ве поканам на завршната онлајн конференција од Еразмус плус проектот: „Вклучување преку социјални вештини за ученици со аутизам и интелектуална попреченост“ што ќе се одржи преку платформата ЗУМ на 06.11.2023 година со почеток во 17:00 часот. Во последните две години МНЗА, заедно со раководителот на проектот ОУ „Милоје Павловиќ“ од Белград и ФАСПЕР од Белград, Србија направи корисни материјали за наставниците и асистентите кои работат во редвониот образовен систем. Пријавувањето е задолжително на следниот ЛИНК. Само со оставање на точни податоци и точна е-пошта ќе можете да го добиете ЗУМ линкот. Во прилог е програмата на настанот. Го очекуваме вашето присуство и вашиот придонес на самата конференција.
Претседател на МНЗА,
Модератор на конференцијата
Sunday, January 15, 2023
15 ЕКТС поени - онлајн 16.01.2023
Почитувани студенти,
Ве поканувам утре 16.01.2023 година во 11:00 часот на платформата Мајкрософт Тимс да одговарате на вашите задачи што ги добивте од средата наваму. Сакам да ви укажам дека ова ви е последната шанса да ги одбраните активностите, доколку сакате да полагате во јануарско- февруарската сесија. Во спротивно, ќе полагате во јунската сесија, а обврските ќе треба да ги завршите до 30 април.
Предметен наставник
Friday, December 23, 2022
Линк за конференцијата во Индија
Monday, December 5, 2022
Деветто предавање ФФА - 06.12.2022
Почитувани студенти од ИСЕР,
Wednesday, November 30, 2022
Осмо предавање ФФА - 01.12.2022 онлајн на МТ
Пред малку ја добив оваа порака од студентот Т.Н.
„Добар ден почитуван професоре. Во име на сите колеги, би сакал да Ве прашам дали би можело утрешниот час да се одржи онлајн на платформата Microsoft Teams, бидејќи има многу болни студенти кои не би сакале да добијат минус? Имајте пријатен ден“.
Wednesday, October 19, 2022
3 предавање ФФА поместено онлајн - 20.10.2022
Почитувани студенти од ИСЕР,
На барање на една студентка од вашата генерација, а наводно во договор со целата генерација, заради можен штрајк на ЈСП и заради тоа што секој од вас нема возило или нема можност да плати такси принуден сум утрешното предавање и вежби да ги одржам онлајн на платформата Мајкрософт Тимс на следниот ЛИНК. Вие сте должни да го прочитате третото предавање според силабусот и вториот дел од вежба број 1. Предавањата ќе бидат од 8:00 часот, а вежбите заедно за прва и втора група во 10:45 часот. Присуство и отсуство ќе си се евидентира како и со физичко присуство. Нема да признавам никакви изговори дека не сте знаеле или немате интернет, или не сте влегле на време во тимот. Потребно е најмалку 5 минути пред 8 часот да бидете на платформата.
Со почит,
Предметен наставник
Tuesday, April 5, 2022
Поканет предавач на конференција во Блед, Словенија
Почитувани посетители,
Ми причинува особено задоволство да ви соопштам дека во петок на 8 април со почеток во 9:00 часот ќе имам гостинско предавање на конференција на колегите и колешките од ДоРеМи центарот од Блед. Имено, на покана на директорката Нуша Пибер, на која и благодарам во оваа пригода, ќе ја презнтирам темата: „Аутизам и музикотерапија“. Бев поканет да одам лично, но Ковид-19, војната во Украина, лошото време и многу други фактори ме спречија во таа реализација. Мојата презентација ќе се одвива преку ЗУМ програмата. Котизацијата на собриот за тие со физичко присуство изнесува скромни 25 евра. Јас успеав да издејствувам за моите постдипломци кои работат тема под мое менторство, за дипломците, или за членовите на МНЗА да можат да го следат само моето предавање бесплатно. Доколку има заинтересирани, нека ми пишат е-пошта да им го пратам линкот. Во продолжение неколку информации за конференцијата низ слики.
Претседател на МНЗА
Thursday, March 10, 2022
Први колоквиуми ХГ и МОИ - март 2022
Почитувани студенти,
Иако е малку рано и не знаеме што не` чека утре, но сепак сакам да ги споделам термините за полагање на првите колоквиуми со вас. Тие ќе се полагаат онлајн со вклучена камера и исклучен микрофон. Мора да сте членови на соодветните тимови на Мајкрософт Тимс и Мудл ФЗФ платформите. Прашањата се стандардни како и во изминатите години. Доколку не сте член на некој од тимовите веднаш сторете го тоа и решавајте ги проблемите со ИТ на ФЗФ.
Колоквиумите ќе се полагаат по следниот редослед:
- Хумана генетика на 29.03.2022 во 08:00 часот
- Медицински основи на инвалидноста на 30.03.2022 во 08:00 часот.
Saturday, August 15, 2020
Онлајн одговарање за 15 ЕКТС поени - 18.08.2020
Почитувани студенти,
Како што објавив и претходно сите што предале во изминатиот период задачи за 15 ЕКТС поени, истите ќе треба да ги одбранат преку платформата Мајкрософт Тимс во вторник на 18 август во 12:00 часот. Без исполнување на оваа активност не ви важат поените. Ве молам добро подгответе ги зададените задачи. Во дадениот термин бидете на следниот линк.
Предметен наставник
Monday, August 10, 2020
Онлајн освојување на 15 ЕКТС поени
Почитувани студенти,
Сите вие кои преку е-пошта испративте изработка на некакви задачи до 31 јули, истите ќе треба да ги одбраните онлјан преку платформата Мајкрософт Тимс. Кој пратил одлично, кој не пратил ќе чека некоја наредна сесија за освојување на 15 ЕКТС поени. За таа цел мора да сте претходно регистрирани и да ми ја пратите е-адресата за да можам да креирам е-училница. Бранењето на интернет ресурсите ќе се изведува наредната седмица во период од 17.08 до 21.08 за што ќе бидете навремено известени преку овој блог или преку е-пошта. Вие сте должни до 13.08. во 12:00 часот да ми ги доставите ваши е-адреси преку кои сте регистрирани во системот на УКИМ за платформата на Мајкрософт Тимс.
Предметен наставник
Tuesday, June 2, 2020
Онлајн устно полагање на испитите
Saturday, May 4, 2019
1 година ЈРТДД онлајн
- Објавени се 14 трудови, во два посебни броја за 2018 година,
- Авторите доаѓаат од девет држави: Холандија, Индија Бразил, Полска, Тајван, САД, Ирска, Русија и Македонија.
- Околу 80.000 посети на веб страницата,
- Стапката на одбиени трудови е 50%,
- Најчитан труд е: A COMPARISON BETWEEN ELECTRONIC AND PRINTED JOURNALS 400 пати,
- Најсимнуван труд е: Most downloaded article Effectiveness of reattach therapy in management of emotional dysregulation with OCPD, PTSD, anxiety and stress in young adults со PDF (106 downloads),
- Околу 100.000 испратени електронски пошти на потенцијалните автори, рецензенти и помеѓу членовите на издавачката канцеларија,
- Списанието е индексирано во 8 databases,
- Стотици постови на социјалните медиуми: Facebook, Twitter, LinkedIn и блогот на списанието.
Нека е на здравје,





