Monday, August 10, 2020

Онлајн освојување на 15 ЕКТС поени

 Почитувани студенти,

Сите вие кои преку е-пошта испративте изработка на некакви задачи до 31 јули, истите ќе треба да ги одбраните онлјан преку платформата Мајкрософт Тимс. Кој пратил одлично, кој не пратил ќе чека некоја наредна сесија за освојување на 15 ЕКТС поени. За таа цел мора да сте претходно регистрирани и да ми ја пратите е-адресата за да можам да креирам е-училница. Бранењето на интернет ресурсите ќе се изведува наредната седмица во период од 17.08 до 21.08 за што ќе бидете навремено известени преку овој блог или преку е-пошта. Вие сте должни до 13.08. во 12:00 часот да ми ги доставите ваши е-адреси преку кои сте регистрирани во системот на УКИМ за платформата на Мајкрософт Тимс.

Предметен наставник

No comments:

Post a Comment