Почитувани студенти,
Во последните денови дури шест студенти ми се обратија за рокади на декадите за полагање на испитите. Јас навистина не знам зошто правите така кога имавте цел месец за размислување и премислување и тоа траеше се` до 10 август. Што ви се случило во последните 6 дена, за да менувате одлуки јас навистина не знам? Ниту јас ве терав да ги изберете тие декади, ниту бевте принудени од некој друг. Сами си избравте и сега за 6 дена менувате одлуки. Сакам да ве известам повеќе да НЕ ми пишувате е-пошти, заради тоа што просториите се одредени, тестовите се направени и не можам повеќе да ви дозволам вакви екскурзии. Во услови на пандемија со Ковид-19 кога треба строго да се придржуваме до протоколи „да си играте вакви играчки“ е крајно некоректно кон мене.
Ви благодарам на разбирањето,
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment