Почитувани студенти,
Сите вие кои положивте во првата декада од оваа сесија, оцени ќе можете да земете утре 27.08.2020. Точно во 10:30 часот треба да ги доставите индексите кај координаторката на ИСЕР. Таа ќе ми ги достави во 10:35, а потоа за 10-15 минути ќе ви бидат вратени во библиотеката. Ве молам придржувајте се на здравствените протоколи додека сте во зградата на ФЗФ. Не се опуштајте! Вчера на неколку студентки од Институтот за психологија им дозволив да полагаат без ракавици, но во идната декада ниту еден студент нема да биде примен без ракавици. Дали сум јасен? Поради ангажмани на координаторката на ИСЕР околу уписите и заради нејзина работа во друга библиотека на ФЗФ во текот на утрешниот ден морате да бидете точни. Кој нема да земе утре оцена, укажувам дека во септември ќе има уште 1-2 вакви термина.
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment