Showing posts with label август 2020. Show all posts
Showing posts with label август 2020. Show all posts

Wednesday, August 19, 2020

Испити прва декада за прв циклус - 25.08.2020 - ажурирано

 Почитувани студенти,

Има некои промени во предметот ФФА и затоа морам повторно да го споделам постот за првата декада. Имено поради огромен број на пријавени студенти во првата декада принуден сум да го сменам терминот за испитот ФФА. Испитите ќе се одвиваат на 25 август по следниот распоред.

  • Во 08:00 часот ХГФ во голем амфитеатар;
  • Во 10:00 часот ХГ и МОИ во голем амфитеатар;
  • Во 12:00 часот ФФА во амфитеатар 2.
Потребно е строго придржување на здравствените протоколи: носење на маска, ракавици, заболени со температура да не доаѓате и со други респиратони симптоми. Сите студенти мораат да имаат освоено 15 ЕКТС поени, да носат пријава купена и пополнета навремено. Потребно е 15 до 20 минути да бидете пред терминот. Го задржувам правото на промена на термините заради виша сила. Ви посакувам многу успех во престојната сесија. Вие сте должни да го следите овој блог за евентулани промени како што е оваа денешнава.

Предметен наставник

Monday, August 10, 2020

Онлајн освојување на 15 ЕКТС поени

 Почитувани студенти,

Сите вие кои преку е-пошта испративте изработка на некакви задачи до 31 јули, истите ќе треба да ги одбраните онлјан преку платформата Мајкрософт Тимс. Кој пратил одлично, кој не пратил ќе чека некоја наредна сесија за освојување на 15 ЕКТС поени. За таа цел мора да сте претходно регистрирани и да ми ја пратите е-адресата за да можам да креирам е-училница. Бранењето на интернет ресурсите ќе се изведува наредната седмица во период од 17.08 до 21.08 за што ќе бидете навремено известени преку овој блог или преку е-пошта. Вие сте должни до 13.08. во 12:00 часот да ми ги доставите ваши е-адреси преку кои сте регистрирани во системот на УКИМ за платформата на Мајкрософт Тимс.

Предметен наставник