Почитувани студенти,
Во прилог ви ги објавувам термините за полагање на испитите по предметите што ги предавам во рамките на првиот циклус на студии, во јануарската испитна сесија во 2027 година. Ве молам внимателно да ги прочитате следните информации и доследно да ги почитувате наведените правила и обврски.
1. Термини за полагање на испитите
ПРВА ДЕКАДА
18.01.2027 година – ХГФ и ХГ, Голем амфитеатар, во 08:00 часот.
20.01.2027 година – ФФА, Амфитеатар 4, во 08:00 часот.
ВТОРА ДЕКАДА
25.01.2027 година – ХГФ и ХГ, Амфитеатар 3, во 08:00 часот.
26.01.2027 година – ФФА, Амфитеатар 3, во 08:00 часот.
2. Пријавување и услови за полагање
Секој студент е должен на испитот да донесе претходно набавена испитна пријава. Пријавите треба да се обезбедат навреме, пред денот на полагањето. Не е прифатливо нивното набавување да се остава за последниот момент, односно за самиот ден на испитот. Испитите може да ги полагаат само студентите кои ги исполнуваат предвидените услови, односно имаат обезбедено потпис од предметниот наставник (за редовните студенти) и освоено најмалку 15 ЕКТС-поени, согласно со условите за полагање.
3. Избор на декада за полагање
Во почетокот на јануари 2027 година ќе биде објавена анкета преку која студентите задолжително ќе треба да го искажат својот избор за декадата во која сакаат да го полагаат испитот. Ве молам навремено да ја пополните анкетата и внимателно да го изберете посакуваниот термин. Следењето на објавените информации и почитувањето на утврдените рокови се одговорност на секој студент.
4. Навременост и организација на испитот
Студентите треба да пристигнат најмалку 15 минути пред почетокот на испитот, со цел навремено сместување, проверка на потребната документација и непречено започнување на полагањето. Ве молам да не доцните и да ги почитувате времето и местото на одржување на испитот.
5. Академска чесност и однесување на испитот
Препишувањето, недозволената комуникација, користењето недозволени материјали и сите други форми на неакадемско однесување ќе бидат строго санкционирани, во согласност со важечките универзитетски правила и прописи. Од секој студент се очекува да покаже академски интегритет, лична одговорност и почитување на правилата за време на испитот. Испитните пријави и одговорите на тестовите задолжително треба да бидат напишани со читлив, јасен и граматички разбирлив македонски јазик. Нечитливото пишување и нејасното формулирање на одговорите може да ја отежнат или оневозможат нивната правилна процена.
6. Следење на известувањата и евентуални промени
Ги задолжувам студентите редовно да го следат овој блог, бидејќи сите дополнителни известувања, евентуални измени на термините или други важни информации поврзани со испитната сесија ќе бидат објавени тука. Како предметен наставник, го задржувам правото да го изменам утврдениот термин или начинот на полагање доколку тоа го наложат околности на виша сила или други непредвидливи фактори. Во таков случај, студентите ќе бидат навремено известени преку блогот.
Особено нагласувам дека ургенциите за полагање на испитот, индивидуални отстапки или повластени третмани се недозволени. Испитната организација мора да се заснова врз еднакви услови, академски стандарди и почитување на утврдените правила за сите студенти. Ве повикувам сериозно да се подготвите за испитите, навреме да ги исполните административните обврски и да пристапите кон полагањето одговорно, совесно и со почитување на академската етика.
Ви посакувам успешна подготовка и многу успех на испитите!
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.