Showing posts with label поместено. Show all posts
Showing posts with label поместено. Show all posts

Friday, March 28, 2025

Прв колоквиум Хумана генетика поместен - 07.04.2025

Почитувани студенти,

Раководителката на ИСЕР ме информираше дека сте барале одложување на првиот колоквиум. Не ми е јасно зошто сте отишле директно кај неа, а на последното предавање во вторникот воопшто не ми ни спомнавте такво нешто. Вие мора да знаете дека вакви работи прво се решаваат со предметниот наставник, а потоа се оди кај раководител. Не знам што ќе ви сменат 6 денови, но тоа е најмногу што можам да ви одложам, бидејќи од 8 до 11 април имам службено гости од странство, со кои морам да сум по цел ден. Кому му е кусо времето до 7 април, може да си дојде директно на испитот.

Ве информирам дека првиот колоквиум по Хумана генетика ќе се полага на 7 април 2025 година во големиот амфитеатар на ФЗФ со почеток во 8:00 часот. Вие треба да сте најмалку 15-тина минути пред амфитеатарот. Ве замолувам до 30.03.2025 година да ја пополните следната анкета во врска со тоа дали ќе го полагате колоквиумот. Колоквиумот се положува со знаење, а не со ургенции.

ВАЖНА напомена: на 1 април ќе има редовни предавања и вежби!

Ви благодарам за разбирањето!

Предметен наставник

Wednesday, October 19, 2022

3 предавање ФФА поместено онлајн - 20.10.2022

Почитувани студенти од ИСЕР,

На барање на една студентка од вашата генерација, а наводно во договор со целата генерација, заради можен штрајк на ЈСП и заради тоа што секој од вас нема возило или нема можност да плати такси принуден сум утрешното предавање и вежби да ги одржам онлајн на платформата Мајкрософт Тимс на следниот ЛИНК. Вие сте должни да го прочитате третото предавање според силабусот и вториот дел од вежба број 1. Предавањата ќе бидат од 8:00 часот, а вежбите заедно за прва и втора група во 10:45 часот. Присуство и отсуство ќе си се евидентира како и со физичко присуство. Нема да признавам никакви изговори дека не сте знаеле или немате интернет, или не сте влегле на време во тимот. Потребно е најмалку 5 минути пред 8 часот да бидете на платформата.

Со почит,

Предметен наставник