Почитувани студенти,
Раководителката на ИСЕР ме информираше дека сте барале одложување на првиот колоквиум. Не ми е јасно зошто сте отишле директно кај неа, а на последното предавање во вторникот воопшто не ми ни спомнавте такво нешто. Вие мора да знаете дека вакви работи прво се решаваат со предметниот наставник, а потоа се оди кај раководител. Не знам што ќе ви сменат 6 денови, но тоа е најмногу што можам да ви одложам, бидејќи од 8 до 11 април имам службено гости од странство, со кои морам да сум по цел ден. Кому му е кусо времето до 7 април, може да си дојде директно на испитот.
Ве информирам дека првиот колоквиум по Хумана генетика ќе се полага на 7 април 2025 година во големиот амфитеатар на ФЗФ со почеток во 8:00 часот. Вие треба да сте најмалку 15-тина минути пред амфитеатарот. Ве замолувам до 30.03.2025 година да ја пополните следната анкета во врска со тоа дали ќе го полагате колоквиумот. Колоквиумот се положува со знаење, а не со ургенции.
ВАЖНА напомена: на 1 април ќе има редовни предавања и вежби!
Ви благодарам за разбирањето!
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment