Showing posts with label отворен пристап. Show all posts
Showing posts with label отворен пристап. Show all posts

Friday, August 7, 2026

План S – сегашноста и иднината на издавањето во отворен пристап

Trajkovski V. Plan S the Present and Future of Open Access Publishing. Journal for ReAttach Therapy and Developmental Diversities. 2022 May 28; 4(2):50-61.


Резиме на разбирлив јазик

Вовед: Отворениот пристап (Open Access) претставува современ начин на научно објавување кој овозможува научните трудови да бидат достапни бесплатно преку интернет за сите заинтересирани корисници ширум светот. Благодарение на дигиталните технологии, научните резултати можат лесно, брзо и со минимални трошоци да се споделуваат. Отворениот пристап значи дека трудовите се достапни онлајн, без наплата за читателите и со помалку ограничувања поврзани со авторските права и лиценците.
Цел: Целта на трудот е да се даде преглед на иницијативата Plan S и нејзиното значење за развојот и унапредувањето на отворениот пристап во научното издаваштво.
Методи: Авторот направил анализа на релевантна научна литература, интернет извори, објавени публикации, како и користел сопствени искуства и согледувања поврзани со научното издаваштво.
Главни наоди: Научниците традиционално објавуваат рецензирани научни трудови пред сè заради ширење на знаењето, научно влијание и придонес во науката, а не за директна финансиска корист. Поради тоа, многу автори можат да се согласат нивните трудови да бидат достапни во отворен пристап без финансиска загуба.
Отворениот пристап носи придобивки и за авторите и за читателите:
  • ја зголемува видливоста и достапноста на научните резултати;
  • овозможува поширока употреба на научните сознанија;
  • го забрзува научниот напредок преку полесно споделување на информациите.
Plan S е иницијатива започната во 2018 година од страна на cOAlition S, меѓународна коалиција на организации кои финансираат или спроведуваат научни истражувања. Главната цел на Plan S е истражувањата финансирани со јавни средства да бидат објавувани во списанија или платформи со отворен пристап, без период на ограничен пристап (embargo).
Заклучок: Plan S содржи 10 основни принципи кои имаат цел да создадат поефикасен и поправеден систем на научно објавување преку:
  • унапредување на отворениот пристап;
  • подобрување на стандардите во научното издаваштво;
  • поголема транспарентност на трошоците за објавување;
  • поправедно оценување на квалитетот и влијанието на научните трудови.
Во суштина, Plan S претставува важен чекор кон иднина во која научното знаење ќе биде подостапно за истражувачите, професионалците и целото општество.

Saturday, August 1, 2026

Четири години Journal of Health and Rehabilitation Sciences (JHRS)

Почитувани колешки и колеги, драги студенти,

Денес, 1 август 2026 година со особена чест и чувство на гордост одбележуваме четири години од основањето на Journal of Health and Rehabilitation Sciences (JHRS) – меѓународно научно списание кое за релативно краток временски период успеа да се етаблира како препознатлива платформа за објавување квалитетни научни истражувања од областа на здравствените, медицинските и рехабилитациските науки.
Во изминатите четири години JHRS прерасна во современо списание со меѓународен уредувачки одбор, автори и рецензенти од повеќе континенти, придонесувајќи за ширење на научното знаење, поттикнување на интердисциплинарната соработка и унапредување на научната комуникација.

По овој повод сакам да изразам искрена благодарност до Алма Матер Еуропеа Универзитетот (AMEU) како издавач на списанието, како и до раководството на Универзитетот за континуираната доверба, визија и несебична институционална поддршка. Без нивната посветеност, развојот на JHRS немаше да биде возможен.
Особена благодарност упатувам до сите автори, кои ни ја доверија својата научна работа, до нашите рецензенти, чија стручност, професионалност и посветеност обезбедуваат висок научен квалитет на секој објавен труд, како и до сите членови на Уредувачкиот одбор, кои со своето знаење, меѓународно искуство и ангажман придонесуваат за континуираниот развој и углед на списанието.

Како главен уредник, имав привилегија, но и голема одговорност, во изминатите четири години секојдневно да работам на унапредување на научните и издавачките стандарди на списанието. Зад секој објавен број стојат часови посветена работа, внимателна комуникација со авторите и рецензентите, уредувачки одлуки, организација и постојана заложба JHRS да стане препознатливо и респектирано научно списание во меѓународната академска заедница.

Овој роденден не го гледам како крајна цел, туку како поттик за нови достигнувања. Нашата визија останува непроменета – континуирано унапредување на квалитетот, проширување на меѓународната видливост, вклучување во најрелевантните светски бази на податоци и создавање списание кое ќе биде прв избор за научниците од областа на здравствените и рехабилитациските науки.

Им благодарам на сите што беа дел од ова успешно четиригодишно патување. Вашата доверба, професионалност и поддршка претставуваат најсилната мотивација JHRS да продолжи да расте и да придонесува кон развојот на науката и академската извонредност.

Со почит,

Главен уредник
Journal of Health and Rehabilitation Sciences (JHRS)


Saturday, July 18, 2026

Како да се основа електронско, научно, рецензирано списание со отворен пристап во мала држава

Trajkovski V. How to establish electronic, scholarly, open access and peer-reviewed journal in small country. Journal of Health and Rehabilitation Sciences 2022; Oct. 26 1(1):1-11.

Резиме на рзбирлив јазик

Објавувањето на електронско, научно списание со слободен пристап и рецензија од стручни лица е голем предизвик, особено во мала држава. Денес електронските списанија имаат важна улога бидејќи им овозможуваат на научниците и стручните лица полесно да ги споделуваат своите истражувања и да пристапуваат до нови научни сознанија.
Овој труд објаснува како може успешно да се основа и развива едно современо научно списание, користејќи го Journal of Health and Rehabilitation Sciences (JHRS) како пример. Авторот ги темели препораките на научна литература, интернет извори и на сопственото долгогодишно искуство како главен уредник на научни списанија.
Според трудот, успешното научно списание треба да биде:
  • бесплатно достапно за сите читатели (отворен пристап),
  • да објавува трудови кои претходно се рецензирани од независни експерти,
  • да има меѓународен уредувачки одбор,
  • да користи современа платформа за уредување и објавување (OJS),
  • да има DOI број за секој труд,
  • да користи Creative Commons лиценца,
  • и задолжително да проверува плагијат за да се почитуваат правилата на научната етика.
Дополнително, уредниците треба постојано да работат на тоа списанието да биде индексирано во што повеќе научни бази на податоци и активно да го промовираат преку социјалните мрежи за да стане повидливо и попрепознатливо.
На крај, авторот заклучува дека Journal of Health and Rehabilitation Sciences (JHRS) е меѓународно, мултидисциплинарно, електронско научно списание со рецензија, кое ги охрабрува истражувачите и стручните лица да ги испратат своите научни трудови за објавување.

Thursday, October 24, 2024

Меѓународна недела на отворен пристап - Македонија 2024

Почитувани колешки и колеги,

Деновиве имаме поприлично зголемен број на активности во смисол на меѓународни вебинари, веб конференции и слично. Овој пат имам чест да ве поканам на настанот по повод: „Меѓународна недела на отворен пристап - Македонија 2024“, во која и лично ќе учествувам со свое предавање.

Овогодинешната тема го продолжува повикот да се стави „Заедницата над комерцијализацијата“ и да се даде приоритет на пристапите за отворање стипендии кои им служат на најдобрите интереси на јавноста и академската заедница.

Оваа година неколку главни уредници се приклучивме кон European Association of Scicence Editors, каде што формиравме македонско поглавје. Затоа и решивме да ја одбележиме неделата заедно со нив. По тој повод, утре на 25 октомври ќе одржиме виртуелен настан на платформата ЗУМ. Повелете регистрирајте се бесплатно ОВДЕ. Во прилог програмата и учесниците на настанот, како и постерот за мојата презентација. Ве очекуваме утре во 13:00 часот по македонско време.

  

Главен и одговорен уредник на ЈХРС и член на ЕАСЕ



Monday, October 23, 2023

Трибина по повод „Недела на отворен пристап“ - 24.10.2023

Почитувани колешки и колеги,

Најпрвин честит празник „Денот на македонската револуционерна борба“. Ја користам уште еднаш приликата да ги поканам на трибината „Заедницата над комерцијализацијата“ што ќе се одржи утре 24.10.2023 година во салата за седници на Филозофски факултет, УКИМ – Скопје. Соорганизатор е Македонското здружение на медицински уредници.

„Заедницата над комерцијализацијата“ е темата за овогодинешната Меѓународна недела на отворен пристап (23-29 октомври). Оваа тема охрабрува искрен разговор за тоа кои пристапи за отворање стипендија им даваат приоритет на најдобрите интереси на јавноста и академската заедница - а кои не.

Усвоена од нејзините 193 земји-членки, Препораката на УНЕСКО за отворена наука ја нагласува потребата да се даде приоритет на заедницата пред комерцијализацијата во нејзините повици за спречување на „неправедна екстракција на профит од јавно финансирани научни активности“ и поддршка за „некомерцијални издавачки модели и колаборативни објавување модели без трошоци за обработка на написи“. Со фокусирање на овие области, можеме да ја постигнеме првобитната визија наведена кога првпат беше дефиниран отворениот пристап: „стара традиција и нова технологија се споија за да овозможат јавно добро без преседан“.

Кога комерцијалните интереси се приоритетни пред оние на заедниците на кои истражувањето сака да им служи, се појавуваат многу загрижувачки прашања. Неделата на отворен пристап дава можност за поединци да разговараат за прашања кои се најрелевантни во нивниот локален контекст. Тие може да вклучуваат: Што се губи кога сè помал број на корпорации го контролираат производството на знаење наместо самите истражувачи? Која е цената на деловните модели кои зацврстуваат екстремни нивоа на профит? Кога собирањето и употребата на лични податоци почнува да ја поткопува академската слобода? Може ли комерцијализацијата некогаш да функционира во поддршка на јавниот интерес? Кои опции за користење на инфраструктурата контролирана од заедницата веќе постојат што би можеле подобро да им служат на интересите на истражувачката заедница и јавноста (како што се сервери за предпечатење, складишта и отворени платформи за објавување)? Како можеме да го префрлиме стандардното кон користење на овие опции за заедницата?

Избрана од Советодавниот комитет на неделата за отворен пристап, овогодинешната тема дава можност да се здружиме, да преземеме акција и да ја подигнеме свеста за важноста на контролата на заедницата на системите за споделување знаење. Неделата на отворен пристап 2023 година ќе се одржи од 23-ти до 29-ти октомври; сепак, секој е охрабрен да биде домаќин на дискусии и да преземе акција секогаш кога е најпогодно во текот на годината и да ги приспособи темата и активностите на нивниот локален контекст.

Модератор на трибината ќе биде м-р Андреа Ивановска.

Котизација не се плаќа, а сите учесници кои ќе ја проследат целата трибина ќе добијат електронски сертификат.

Задолжително е пријавување на слушателите на Гугл формуларот

Генерален секретар на МЗМУ









Tuesday, August 1, 2023

Прв роденден на списанието ЈХРС

Почитувани читатели, драги автори и рецензенти,

Денес, 1 август 2023 година се навршува точно една година од како бев назначен за глаевн и одговорен уредник на списанието Journal of Health and Rehabilitation Sciences. Издавач на списанието е Alma Mater Europaea - ECM од Марибор, Словенија, а веднаш по формирањето се вклучи и Македонското начно здружение за аутизам. Морам да признаам дека ова беше одлична валидација на моите претходни повеќе од 20 годишни напори како главен и одговорен уредник на списанијата Дефектолошка теорија и практика и Journal for ReAttach Therapy and Developmental Diversities во кои несебично го вложував својот труд и знаење во академското објавување. За овој прв роденден подготвивме памфлет за што и благодарам на асистентот на уредникот Андреа Ивановска за техничката подготовка на истиот. Благодарност секако заслужува и веб администраторот Благоја Јаневски со кого деноноќно работиме на подобрување на функционалноста на веб страницата, ажурирање на нови информации, итн. На крај бескрајна благодарност заслужуваат издвачите проф. д-р Лудвик Топлак и вонр. проф. Себастјан Кристович кои веднаш ја прифатија мојата идеја за ова ново списание и несебично вложуваат финансиски средства од АМЕУ во развој на ова ново електронско списание. Од другиот технички и административен персонал на AMEU им благодарам на Томаж Клојчник, Урош Кугл и Шпела Покержник.
Списанието низ бројки за една година:
  • 15 трудови,
  • 25300 посети на веб страницата,
  • 24 автори,
  • 40 рецензенти,
  • 32 членови на редакциски одбор од 21 држава,
  • Трудови од САД, Австралија, Ирска, Унгарија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија.
Ние продолжуваме натаму со многу жар, љубов и посветеност да го градиме ова интернационално списание. Идејата е да биде што повеќе читано, цитирано и да привлечеме атрактивни автори од целиот свет. Доколку сте заинтересирани да го видите нашиот едногодишен растеж, ве молам посетете ја веб страницата на погорниот линк и блогот на списанието. Ве покануваме да го поднесете вашиот труд ОВДЕ.
Нека ни е честит првиот роденден во пресрет на големиот македонски национален празник ИЛИНДЕН!

Главен и одговорен уредник на ЈХРС