- бесплатно достапно за сите читатели (отворен пристап),
- да објавува трудови кои претходно се рецензирани од независни експерти,
- да има меѓународен уредувачки одбор,
- да користи современа платформа за уредување и објавување (OJS),
- да има DOI број за секој труд,
- да користи Creative Commons лиценца,
- и задолжително да проверува плагијат за да се почитуваат правилата на научната етика.
Професорски блог на Владимир Трајковски. Малку едукација, малку наука, малку медицина, малку дефектологија и на крајот малку музика
Saturday, July 18, 2026
Како да се основа електронско, научно, рецензирано списание со отворен пристап во мала држава
Tuesday, August 1, 2023
Прв роденден на списанието ЈХРС
Почитувани читатели, драги автори и рецензенти,
- 15 трудови,
- 25300 посети на веб страницата,
- 24 автори,
- 40 рецензенти,
- 32 членови на редакциски одбор од 21 држава,
- Трудови од САД, Австралија, Ирска, Унгарија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија.
Wednesday, January 27, 2021
Елекронско полагање на испитите за постдипломците
Почитувани постдипломци,
Сакам да ве известам дека испитите од втор циклус ќе се полагаат во договорениот термин на 3 февруари 2021 година. Сите три испити ќе се полагаат на платформата Мајкрософт Тимс во тимот за предметот Аутистичен спектар на нарушувања. Ве молам тие што не сте членови на овој тим да побарате пристап поскоро, за да ви го одобрам. Го задржувам правото за промена на термините заради виша сила.
Предметен наставник
Wednesday, January 20, 2021
Електронско полагање на испити - јануарска сесија 2021
Почитувани студенти,
Во јануарската сесија сите мои испити во двете декади ќе се полагаат електронски на платформата Qualtrics. Вие сте должни 10-15 минути пред закажаните термини да бидете онлајн на дотичниот предмет вклучени во Мајкрософт тимс, каде што ќе добиете линк од мене и други упатства. Инаку на самиот почеток на испитот задолжително мора да впишете име, презиме и број на индекс за да може да го решавате тестот. Ќе имате по 30 прашања кои треба да ги решите за 25 минути и задолжително да го поднесете тестот. Засега термините остануваат исти, освен во случај на виша сила за што би биле дополнително информирани. Не е потребно вие да се регистрирате на платформата Квалтрикс.
Предметен наставник
