Wednesday, January 20, 2021

Електронско полагање на испити - јануарска сесија 2021

Почитувани студенти,

Во јануарската сесија сите мои испити во двете декади ќе се полагаат електронски на платформата Qualtrics. Вие сте должни 10-15 минути пред закажаните термини да бидете онлајн на дотичниот предмет вклучени во Мајкрософт тимс, каде што ќе добиете линк од мене и други упатства. Инаку на самиот почеток на испитот задолжително мора да впишете име, презиме и број на индекс за да може да го решавате тестот. Ќе имате по 30 прашања кои треба да ги решите за 25 минути и задолжително да го поднесете тестот. Засега термините остануваат исти, освен во случај на виша сила за што би биле дополнително информирани. Не е потребно вие да се регистрирате на платформата Квалтрикс.

Предметен наставник

No comments:

Post a Comment