Showing posts with label јануарска. Show all posts
Showing posts with label јануарска. Show all posts

Wednesday, January 20, 2021

Електронско полагање на испити - јануарска сесија 2021

Почитувани студенти,

Во јануарската сесија сите мои испити во двете декади ќе се полагаат електронски на платформата Qualtrics. Вие сте должни 10-15 минути пред закажаните термини да бидете онлајн на дотичниот предмет вклучени во Мајкрософт тимс, каде што ќе добиете линк од мене и други упатства. Инаку на самиот почеток на испитот задолжително мора да впишете име, презиме и број на индекс за да може да го решавате тестот. Ќе имате по 30 прашања кои треба да ги решите за 25 минути и задолжително да го поднесете тестот. Засега термините остануваат исти, освен во случај на виша сила за што би биле дополнително информирани. Не е потребно вие да се регистрирате на платформата Квалтрикс.

Предметен наставник

Friday, December 18, 2020

Термини испити прв циклус на студии јануарска сесија - 2021

Почитувани студенти, 
Во прилог ви ги праќам термините за полагање на моите испити во јануарската сесија 2021 година за студентите од прв циклус. Како што стојат работите со пандемијата Ковид-19, најверојатно е дека испитите ќе се полагаат по електронски пат. Но, јас како предметен наставник го задржувам правото да го променам начинот и терминот заради присуство на виша сила или други фактори. Вие сте должни да го следите овој блог заради евентуални промени и за да добиете напомени за платформата на која ќе се изврши полагањето.

Прва декада
22.01.2020  ХГФ во 08:00 часот
22.01.2020  ФФА во 09:00 часот

25.01.2020 ХГ во 08:00 часот
25.01.2020 МОИ во 09:00 часот

Втора декада
29.01.2020  ХГФ во 08:00 часот
29.01.2020  ФФА во 09:00 часот

01.02.2020 ХГ во 08:00 часот
01.02.2020 МОИ во 09:00 часот

Предметен наставник

Monday, December 30, 2019

Термини за полагање испити втор циклус на студии - јануарска сесија 2020

Почитувани постдипломци,
Во прилог се термините за полагање испити по моите предмети од втор циклус на студии за есенската сесија:

Прва декада
22.01.2020 - Аутизам - 09:00 часот
22.01.2020 -  Медицинска рехабилитација на моторни нартушувања - 12:00 часот

Втора декада
04.02.2020 -  Аутизам   09:00 часот
04.02.2020 -  Медицинска рехабилитација на моторни нартушувања - 12:00 часот

Го задржувам правото за промена на термините заради дејство на виша сила, а вие сте должни да го следите овој блог. Среќно подготвување на испитите!

Предметен наставник

Friday, January 25, 2019

Втора декада јануарска сесија - 2019

Почитувани студенти,
Би сакал да ви дадам некои напомени особено што ќе има измена во полагањето на испитот ФФА. Поради големиот број на пријавени студенти по ХГФ - 90 и ФФА - 55, и поради тоа што на ФЗФ нема слободна толку голема просторија што би примила околу 145 студенти, принуден сум да направам мали измени во првично предложените термини.
Испитот ХГФ ќе се полага на 29.01.2019 година во Електронска лабораторија со почеток во 08:00 часот. Потребно е студентите да бидат 15 минути порано пред лабораторијата.
Испитот ФФА ќе се полага нешто по 08:45 часот во амфитеатар 2 на ФЗФ, што значи дека студентите не мора да бидат порано таму, бидејќи претходно ќе имам обврски со студентите од Институтот за психологија.
Испитите ХГ и МОИ ќе се полагаат на 30.01.2019 година со почеток во 08:00 часот во Електронска лабораторија. Потребно е студентите да бидат таму 15 минути пред почетокот на испитот.
Со себе треба да носите индекс, уплатена пријава за испит и сино хемиско пенкало. Никакви други помошни уреди не ви се потребни. Испитите се полагаат со претходно добиен потпис и освоени 15 ЕКТС поени од активности. Ви посакувам успех кој би се должел на вашето знаење, а не на среќа. Ниту еден студент нема да биде примен на испит ако доцни или ако нема пријава со доказ за уплата. Купете си на време пријави бидејќи Студентскиот сервис отвора во 08:00 часот и никому нема да биде дозволено тогаш да купува и да го нарушува редот во предавалната. Сите студенти што нема да имаат пријава ќе бидат вратени да полагаат во јунската сесија. Ургенциите се СТРОГО ЗАБРАНЕТИ!
Предметен наставник

Sunday, January 20, 2019

Прва декада јануарска сесија - 2019

Почитувани студенти,
Испитите по моите предмети од првата декада што започнуваат утре (21.01.2019) ќе се одвиваат во амфитеатар 4 на ФЗФ. Потребно е да бидете таму 10-15 минути пред почетокот на испитот. Не е пожелно менување на декадите кои веќе сте ги пријавиле претходно. Со себе треба да носите индекс, уплатена пријава за испит и сино хемиско пенкало. Никакви други помошни уреди не ви се потребни. Испитите се полагаат со претходно добиен потпис и освоени 15 ЕКТС поени од активности. Ви посакувам успех кој би се должел на вашето знаење, а не на среќа. Ниту еден студент нема да биде примен на испит ако доцни или ако нема пријава со доказ за уплата. Ургенциите се СТРОГО ЗАБРАНЕТИ!
Предметен наставник