Showing posts with label прва. Show all posts
Showing posts with label прва. Show all posts

Saturday, November 12, 2022

Прва колоквиумска недела - ноември 2022

Почитувани студенти,

Сакам да ве потсетам дека од задутре започнува првата колоквиумска недела на ФЗФ. Ги потврдувам претходно дадените термини, освен ако не ме спречи некоја виша сила.
  • ХГФ - 16.11.2022 во 16:00 часот во голем амфитеатар на ФЗФ,
  • ФФА - 17.11.2022 во 16:00 часот во голем амфитеатар на ФЗФ.
Ги замолувам студентите кои не учеле да не доаѓаат за непотребно да пополнуваат тестови, бидејќи така непотребно ми го трошат времето во прегледување на истите. На анкетните листови има премногу пријавени студенти, што ќе значи дека нема да можам истиот ден да ви дадам резултати, особено што за прв пат се полага во попладневните часови. Јавно им ветувам ним дека ќе им ги дадам на увид тестовите во првиот нареден термин за консултации. Вие што ќе полагате сте должни да дојдете 15 минути пред терминот за почеток на колоквиумот. Не е дозволено доцнење, препишување, договарање и слични недолични академски однесувања.

Предметен наставник 

Tuesday, July 2, 2019

I-ва меѓународна конференција „Образованието и современото општество" ќе се одржи во Будва

Почитувани колешки и колеги,
Како член на научниот одбор имам осоебна чест да ве поканам на I-та меѓународна конференција „Образованието и современото општество" што ќе се одржи во Будва од 18 до 20 октомври 2019 година. На конференцијата планирам да презентирам два труда од областа на аутизмот и тоа еден самостоен и еден коавторски со помладите колешки. Им благодарам на организаторите за поканата да бидам дел од оваа значајна конференција за колегите од Црна Гора и пошироко од екс југословенските простори. Во прилог темите, условите, датумите, пријавувањето и други контактни информации.




Член на научниот одбор

Sunday, January 20, 2019

Прва декада јануарска сесија - 2019

Почитувани студенти,
Испитите по моите предмети од првата декада што започнуваат утре (21.01.2019) ќе се одвиваат во амфитеатар 4 на ФЗФ. Потребно е да бидете таму 10-15 минути пред почетокот на испитот. Не е пожелно менување на декадите кои веќе сте ги пријавиле претходно. Со себе треба да носите индекс, уплатена пријава за испит и сино хемиско пенкало. Никакви други помошни уреди не ви се потребни. Испитите се полагаат со претходно добиен потпис и освоени 15 ЕКТС поени од активности. Ви посакувам успех кој би се должел на вашето знаење, а не на среќа. Ниту еден студент нема да биде примен на испит ако доцни или ако нема пријава со доказ за уплата. Ургенциите се СТРОГО ЗАБРАНЕТИ!
Предметен наставник