На 15 септември 2026 година, на Фармацевтскиот факултет во Скопје, се одржа Годишното собрание на Македонското здружение на медицински уредници (МЗМУ).
Собранието претставуваше можност за разгледување на досегашните активности, размена на искуства и идеи, како и утврдување на идните приоритети и активности на Здружението во насока на унапредување на квалитетот, интегритетот и професионалните стандарди во медицинското и научното издаваштво.
На Собранието беше избрано ново раководство на МЗМУ, во следниот состав:
🔹 Проф. д-р Валентин Мирчески, дописен член на МАНУ – претседател
🔹 Проф. д-р Дончо Донев – избран иден претседател
🔹 Проф. д-р Маријан Бошевски – потпретседател
🔹 Проф. д-р Марија Главаш Дојдов – потпретседател
🔹 Проф. д-р Беким Исмаили – потпретседател
🔹 Проф. д-р Владимир Трајковски – генерален секретар
🔹 Прим. д-р Илија Глигоров – организациски секретар
Новото раководство ќе продолжи со посветена работа на јакнење на професионалната соработка меѓу медицинските уредници, промовирање на добрите практики во научното издаваштво, унапредување на стандардите за рецензирање и уредување, како и интегрирање на современите принципи на научна етика и интегритет.
На новото раководство му посакуваме успешна, плодна и професионално исполнета работа, со многу нови иницијативи и значајни достигнувања во развојот на медицинското и научното издаваштво.
МЗМУ продолжува со нова енергија, искуство и визија!
Генерален секретар на МЗМУ
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.