Почитувани апсолвенти,
Сите студенти кои сè уште го немаат положено испитот по предметот Физиологија со функционална анатомија ги поканувам да присуствуваат на предавањата, а по желба и на вежбите по предметот, кои се одржуваат секој четврток.
Присуството на наставата би можело значително да ви помогне во совладувањето на наставниот материјал и да го олесни полагањето на испитот преку колоквиуми.
Поради ограничениот простор, можам да примам најмногу пет студенти/студентки, при што предност ќе имаат оние кои најбрзо ќе ми се пријават по електронска пошта.
За присуството нема да се води формална евиденција. Сепак, би било пожелно студентите кои ќе се пријават да присуствуваат на најмалку половина од предавањата, односно на најмалку седум предавања во текот на семестарот. Редовното следење на наставата ќе овозможи континуирано совладување на материјалот и подобра подготовка за колоквиумите и завршното полагање.
Досегашното искуство покажува дека студентите и студентките кои редовно ги следеле предавањата во изминатите години значително полесно го совладувале наставниот материјал и успешно го положувале испитот.
Заинтересираните студенти/студентки можат да ми испратат е-пошта за пријавување, по што ќе бидат информирани за понатамошните детали.
Со почит,
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.