Знаењето е двигател на напредокот, темел на научниот развој и предуслов за подобро општество. Но, колку навистина чини пристапот до него? Дали научните сознанија треба да бидат привилегија на оние што можат да платат или достапно јавно добро за сите?
По повод Меѓународната недела на отворен пристап, ве покануваме на работилницата „Цената на знаењето“ — простор за критичка дискусија за економските, етичките и општествените димензии на научното публикување и отворениот пристап.
Ќе разговараме за предизвиците на научното издаваштво, значењето на слободната достапност на научните резултати и потребата од одржливи, транспарентни и правични модели на ширење на знаењето.
Датум: 2 ноември 2026 година
Време: 12:00 часот
Место: Голема сала, Деканат на Медицинскиот факултет – СкопјеЗнаењето ја менува науката. Отвореното знаење го менува општеството.
Ве очекуваме!
Генерален секретар на МЗМУ
.png)
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.