Почитувани студенти,
Поради постојани киксови на одредени студенти должен сум да дадам повторно одредени напомени за полагање на испитите:
- На платформата за дотичниот предмет се вклучувате најмалку 10-15 минути порано. Кој доцни нема да биде вклучен во платформата и нема да го полага испитот.
- Испитот се полага со задолжително вклучена камера и исклучен микрофон. Имам право да го дисквалификувам секој студент кој нема да вклучи камера или ќе се обиде да препишува и да користи други помошни методи.
- За да се излезе на испит мора да имате освоено 15 ЕКТС поени, да имате електронски пријавен испит и да имате оставено печатена пријава кај координаторката на ЕКТС при ИСЕР.
- Треба да имате пополнето анкета во која декада ќе полагате, претходно објавена на овој блог. На пријавата треба да ја назначите декадата во која ќе полагате.
- Задолжително да напишете име, презиме и број на индекс вклучително со годината на упис. На пример 10681/20, а не само бројот на индекс. Покрај моите укажувања на вчерашните испити имаше студенти кои го пишуваат само бројот на индексот.
- На крај кога ќе го завршите испитот задолжително треба да притиснете на копчето ЗАВРШИ И ПОДНЕСИ ГО ТЕСТОТ. Ако тоа го стиснете, потоа, нема враќање на тестот назад. Запомнете: програмот не го повлекува автоматски вашиот тест по истекот на зададеното време.
- Не се пријавувајте по 2 пати на испитот. Вчера една студентка беше дисквалификувана заради поднесени 2 теста. Тоа не е регуларно.
- Не треба да сте регистрирани на платформата Квалтрикс за да го полагате испитот. Неколку минути пред почетокот на испитот ќе добиете линк во четот на МТ, кој станува активен точно во закажаното време за испитот.
- Доколку има мал број на пријавени студенти по даден испит, имам право да го изведам испитот по устен пат на платформата МТ.
- Го задржувам правото на промена на термините заради виша сила.
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment